cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што да спакувате за зимување со деца?

Како полесно би ја спакувале зимската гардероба, ќе ви дадеме неколку совети …

Што да спакувате за зимување со деца?


Што никако не треба да заборавите?

Колку и да му се радувате на годишниот одмор на некоја планина, самата помисла на пакување работи може да предизвика нервоза, а за да ја спакувате полесно зимската гардероба, имаме неколку совети. Појдете од фактот дека на планина временските услови се менуваат брзо, па лесно може да се случи од сончев и убав ден одеднаш да почне да врне и вее. Значи ќе ви требаат малку повеќе работи посебно ако одите со деца.

Кога почнете да се пакувате, не заборавајте дека прва работа која би требало да ја ставите е торбата со документи за цело семејство, како и здравствени книшки. Не заборавајте пари или кредитни картички.

Што да спакувате во патната торба?

Скијале или не, задолжително мора да ја спакувате зимската јакна, нека биде воодоотпорна односно вистинска скијачка. Би било добро да понесете уште една јакна која ќе ви биде резерва ако се истопите. Задолжително понесете скијачко одело, скафандер или термо панталони. Овие работи спакувајте ги за сите членови на семејството.

Обувки

Не тргнувајте на пат без зимски чизми, патики,  чевли и папучи. Чевлите и патиките ви требаат за во хотелот, а папучите за соба. Доколку сакате да скијате не заборавајте ги скиите бидејќи без нив зимувањето може да ви пропадне.

Чорапи и долна облека за децата

Чорапите и долната облека се неизбежни. Ова се однесува и на децата. Совет е да спакувате што повеќе чорапи, од тоа два или три пара термо чорапи, кои се направени од специјални материјали кои задржуваат топлина. Покрај тоа спакувајте и долна облека која ќе ви биде доволна за сите денови кои останувате на зимување. Доколку имате мало дете понесете дупло повеќе гакички и поткошули, бидејќи не знаете дали ќе се истопат.

Не заборавајте ракавици, неколку капи, шал, наочари за сонце и за скијање. Купете и крема за сончање, бидејќи планинското сонце е силно.

Облека за секој ден

Спакувајте неколку маички, хеланки, фармерки. Добро е да имате топол џемпер и неколку дуксери. Водете сметка да имате доволно гардероба за сите денови таму.

Опрема за скијање

Ако имате своја опрема за скијање и можност да ја земете, спакувајте ја во специјални торби кои се дизајнирани за лесно носење, а ако немате или не носите своја опрема, не грижете се – во секој скијачки центар може да изнајмите се што ви треба.

Прибор за лична хигиена

Стандардни средства за лична хигиена како што се четка и паста за заби, крема за лице, сапун , шампон, би требало да ги надополните со крема за сончање со заштитен фактор и лабело за усни.

Убав помин на зимскиот одмор!

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет