Што добија најдобрите форумџии на Рингераја.мк?
Да си најдобар, меѓу 42,553 најдобри членови, навистина е голема чест! Да те прогласат најдобрите за најдобар е навистина огромна заслуга! Рингераја.мк ви благодари на сите 42,553 членови, а посебно на најдобрите седум. Погледнете што ви подаруваме

Добра и пријатна, како миризливо пролетно ветренце. Мајка, сопруга, учителка, администратор, но пред се добар пријател. Подготвена да помогне, да утеши, да биде поддршка во тешките мигови. Кршлива како детенце, силна како лав! Капетан, кој неколку пати го пренасочил бродот Рингераја да не удри во санта мраз.
Felly RR
Најангажиран/најсоветник модератор
Најубавата и најшироката насмевка, најубавата и најшироката душа. Точна и прецизна, како швајцарски часовник. Непоколеблива и нескршлива и пред најтешките моменти. Секогаш тука, кога е најпотребна.
Melanija RR
Најкреативен форумџија
Да очекуваш две цртички на тестот за бременост е најтешкото бреме кое животот може да ти го натовари. Секој месец да се соочуваш со пораз и никогаш, ама никогаш да не губиш надеж е најтешката мака која може да ја има една жена, чекајќи да стане мајка. Токму таа, која не изгуби надеж, им влеа надеж на сите кои чекаат детенце на Рингераја. Таа беше најочекувана трудница во 2014 и во истата година ги доби двете цртички, за двете бебенца!
Hopeful
Најочекувана трудница/ бебе
Виртуоз на форум! Таинствена и мисловно моќна! Жена која живее во рајот на земјата, жена која повремено исчезнува за да ни се врати уште посилна, помоќна, преродена како Феникс. Најдобра во 2013, најдобра во 2014. Најдобра сега, секогаш и во вечни времиња!
niki
Форумџика која најмногу сакам да ја читам
Подготвена да го каже своето мислење и својот став! Форумџија каков што може само да се посака! Мајка на две деца, жена која гради кариера, која гази на цврсто тло, магистер и најдомаќинка. Што уште може да се посака?
miana
Најдомаќинка
Нашето мирно море. Нејзината моќ да помогне може да се мери во наутички милји. Душата и е широка како недогледната морска шир. Секогаш тука да утеши, да помогне, да ти се најде кога ти е тешко, да те прегрне кога ти е ладно, да ти ја стопли душата. И да се смее најсилно и од најдлабоките длабочини на срцето, кога си радосен, кога ти е убаво!
sandriana RR
Сегаш тука за совет/поддршка
И мојата маленкост. Со солзи во очите додека го пишувам ова, со преголема радост за се што постигнавме заедно во овие пет години, со широки погледи за иднината, со огромна верба во тимот на Рингераја, со надеж дека до година ќе бидеме двојно, па и тројно поголемо семејство.
Палешка РР
Најзаслужни за РР-трајни вредности
Подароците ги подготвија
Симона & Еми
Огромна благодарност до cokolado.mk и Жаклина Мучева за реализацијата на подароците.
БИДЕТЕ И ВИЕ ОВАА ГОДИНА НАЈДОБРИ, ВО УШТЕ ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ!
СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА РИНГЕРАЈА.МК ==>>