Што е аутизам
Аутизмот е комплексно невробиолошко нарушување...
Неодамна, широк ранг на асоцирани состојби беа поврзани со аутизмот водејќи до термините аутистичен спектар и аутистичен континуум. Како и да е сите афектирани имаат тенденција да се прикажат со три заеднички карактеристики (познати како тријада на нарушувања): потешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација; потешкотии во социјалната интеракција; потешкотии со фантазијата и внатрешниот говор.
Денеска, 1 во 166 индивидуи е дијагностициран со аутизам, правејќи го почест од ракот, дијабетисот и сидата во комбинација. Се појавува во сите расни, етнички и социјални групи и е четирипати поголема веројатноста да се појави кај машките отколку кај женските деца. Симптомите можат да варираат од благи до прилично тешки.
Аутизмот за прв пат бил идентификуван во 1943 година од страна на д-р Лео Канер. Во исто време еден германски научник, д-р Ханс Аспергер, опишува поблага форма на оваа нарушување кое е познато како Аспергеров синдром. Постојат разни дијагностички системи употребени во класификацијата, но најчесто клиничарите ги базираат нивните критериуми на ICD-10 застапена од Светска здравствена организација, или DSM-IV критериуми користени од Американската академија за детска и адолесцентна психијатрија.
Една од најзбунувачките работи за родителите и старателите по поставување на дијагнозата е таа што треба да прават луѓето кои што се во контакт со детето. Аутизмот е комплицирана состојба и како таква бара вложување на труд од многу стручњаци во здравството, образованието и социјалните служби.