cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што можете да направите за бремената сопруга?

Мажите не можат да забременат, но можат активно да учествуваат во бременоста. Еве неколку начини како:

Што можете да направите за бремената сопруга?

 

 

Постојат толку многу активности во кои може да се вклучите, за да и ја олеснете бременоста на својата партнерка

  • Дајте и до знаење дека забележувате како и расте стомакот. Почувствувајте ги ударите на бебето, ставајќи ја раката на нејзиниот стомак. Пуштете му на бебето музика и читајте му.

  • Обидете се да бидете присутен на некој од прегледите на вашата сопруга.  Со тоа ќе покажете дека учествувате, а не дека сте пасивен набљудувач. Тоа е посебно важно ако се потребни посебни испитувања, или ако дошло до некакви компликации. Присуството на прегледите ќе ви овозможи да дознаете во каква состојба на духот се наоѓа вашата сопруга, да ги прифатите промените во расположението и подобро да ја разберете нејзината болка.

  • Вашата партнерка ќе мора да ја прилагоди исхраната, да го отфрли алкохолот и да пие повеќе течности. Бидете и' поддршка и делете го со неа тој начин на живот, барем додека сте во нејзино друштво. Исфрлете ги од дома продуктите кои се штетни за бебето. Намалете со конзумирањето алкохол, немојте да пушите и шетајте заедно со партнерката.

  • Доаѓајте навреме дома од работа. Направете го тоа за да имате повеќе време за партнерката. Искористете ги последните неколку месеци и дозволете си заеднички моменти: изведете ја партнерката во ресторан или осмислете романтична вечер.

  • Трудете се повеќе од обично. Вашата партнерка би можела да стане многу попребирлива од обично. Не и замерувајте, бременоста не е обична состојба. Особено бидете внимателни во последните два месеци од бременоста, бидејќи стомакот и' станува потежок, има болки во грбот, нозете и се отечени, лесно снемува воздух...Најмалку што можете да направите во тој период е да отидете во маркет, да ги извршите домашните работи, да и подарите цвеќе или некој друг мал знак на внимание.

Внимавајте! Ако ви недостасува волја да и помогнете или поголемиот дел од времето сте отсутни со духот или имате работни обврски, нема да постигнете позитивен ефект. Трудете се да и посветите повеќе време на партнерката.

 

1

 

  • Купувајте, разговарајте и одлучувајте заедно. Опремувањето на детската соба е уште една извонредна можност да ја покажете својата заинтересираност и желбата за соработка додека го очекувате бебето. Помогнете и на идната мама да ја одбере бојата на ѕидовите, намештајот, завесите и подобро да го организира просторот. До  моментот на раѓањето на детето облеката за него треба да биде набавена, испрана, испеглана, како и основната опрема за бебето.

  • Испланирајте го патот до болницата. Важно е да знаете најкраток пат по кој ќе стигнете до болницата и место каде ќе ја паркирате колата.

  • Имајте разбирање. Ќе почувствувате дека сексуалниот живот ви гасне, но со хормоналните промени, болките во грбот, утринските мачнини и разбирливата загриженост поврзана со бременоста, сексот може да изостане, а исто така може да стане и почест – трудниците се непредвидливи.

  • Погрижете се за убави спомени. Секој месец фотографирајте ја својата драга за да ги документирате промените на нејзиното тело. Морате да сфатите дека таа некогаш ќе се чувствува непривлечна. Не заборавајте да ја почестите со комплименти, допири и внимание. Кажете и дека ја сакате со сите промени на нејзиното тело.

 

2

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет