Што знаете за вашата четка за заби?
Дали ги знаете следниве работи за вашата четка за заби?
Доколку во вашата бања има лавабо и тоалет и вие пуштате вода со отворен капак, големи се шансите да има фекална материја на сe во близина од 150 до 180 см. Пуштањето вода го распаѓа изметот, при што бактериите како Еscherichia Coli „летаат“ во воздухот и завршуваат директно на вашата четка за заби.
Оваа бактерија најчесто се поврзува со заболувања во уринарниот и дигестивниот тракт. Истражувачите кои ја разгледувале содржината на четки за заби кои се употребувале помеѓу еден и три месеци, нашле траги од E. Coli на четките кои биле употребувани три месеци.
Следна работа која можеби и не сте ја знаеле е влагата во вашиот тоалет. Влагата го поттикнува развојот на бактериите. Процентот на бактерии се намалува по 24 часа, а тоа се случува кога четката за заби ќе се исуши. Ако имате две четки за заби тоа може да биде предност. Ако ја користите четката за заби еднаш во 24 часа, таа ќе остане сува и бројот на бактерии ќе биде помал.
Никогаш не треба да ја покривате четката за заби. Иако веројатно мислите дека така ќе ја заштитите од бактериите од измет, покривањето не и дозволува на четката да се исуши. Бројот на бактерии на оние четки кои ги чуваат затворени е поголем отколку на оние кои се чуваат одделно, на отворено и суво.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)