Сите предности од морската вода
Сите неизмерно се радуваме на почетокот на летото, бидејќи тоа значи дека сезоната на годишни одмори и одењето на море е веќе на прагот
Меѓутоа, кога ќе дојде лето, се зголемуваат грижите за нашата нега и заштита на кожата од претерано изложување на сонце. Меѓутоа, за време на престојот на море, постојат некои производи кои морската вода може во целост да ги замени.
На сите н? е познато дека солената вода благотворно влијание и на здравствената состојба на нашиот организам, а посебни бенефити има и за нашата кожа. Природната морска сол е исклучително здрава и има терапевтски својства, а особено позитивно влијае на кожата на лицето и косата. Капењето во морска сол претставува природно снабдување на витамини и минерали кои му се потребни на телото, како што е натриум хлоридот, магнезиумот и калиумот.
Кога е во прашање нега на кожата, морската сол поради богатиот состав често може да се најде како основна состојка на најразлични козметички препрарати, но сепак, најдобро е да ги искористите бенефитите на морската сол во нејзиниот природен облик. Покрај тоа, таа е одлично антибиотско средство и превентивно делува на воспалителните процеси на кожата.
Секојдневно капење во морска вода, за само неколку денови видливо ќе ви ги намали проблемите со митесерите и акните.
Покрај сите бенефити кои морската вода ги носи со себе за кожата на лицето, исклучително позитивно влијае и на кожата на телото, ги намалува стриите и помага во борба со целулитот. Нормално, во борбата со целулитот таа е само уште еден сојузник, но без тренинг, прилагодена исхрана и длабоки масажи, морската сол сама по себе е немоќна.