cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Следење на овулација - овулациски тестови

Како да го следите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на овулациски тестови?

Следење на овулација - овулациски тестови

Уште еден метод за утврдување на овулацијата се овулациските тестови. За разлика од другите методи за кои не треба никакви помошни додатоци, ова се производи кои се купуваат во аптеките.

Овулациските тестови ја утврдуваат зголемената количина на лутенизираниот хормон (LH) во урината. Овој хормон настанува за време на зголемувањето на нивото на естроген во организмот, а се лачи од хипофизата.  LH  хормонот почнува да се лачи 24 до 36 часа пред овулацијата и претставува сигурен показател на плодните денови.

Овие тестови се попрецизни и посигурни од мерење на базалната температура и многу се полесни за употребување. Тие можат да ја предвидат овулацијата 24 до 36 часа пред да дојде до неа и можат да се користат веднаш (нема потреба да поминат неколку циклуси за да научите да ги разбирате, како кај останатите методи). Сепак ниту тие не се потполно сигурни, бидејќи можат лажно да најават плодни денови. Овие тестови даваат само позитивен или негативен резултат, а не вредности, додека пак, во некои ситуации LH  хормонот може да порасне и без овулација. Исто така, кај жените кои немаат редовни циклуси постои голем ризик резултатите да бидат неточни.

Овулациските тестови не се употребуваат секој ден, туку само неколку дена по ред, во текот на средината на циклусот (кај 28-дневниот циклус на 11 ден). Тестот се повторува се додека не се воочи пораст на LH хормонот. Препорака е тестот секогаш да се прави во исто време и не треба да се пијат големи количини на вода, барем не еден час пред тестирањето. 

 

Мини – микроскоп за преглед на плунка и цервикална слуз

Помалку сигурен, но секако корисен овулациски тест е мини- микроскоп за преглед плунка или цервикална слуз. Овој мини- микроскоп е голем колку кармин за усни и секогаш може да го имате покрај себе. Тој се состои од стаклено прозорче на кое се нанесува првата утринска плунка или цервикална слуз, прецизно зголемувачко стакло (микроскоп) и осветлување.

Резултатите од тестот можат да се прочитаат 5 минути после поставување на плунката на стакленото прозорче (важно е само примерокот добро да се исуши), така што со помош на светлото и зголемувачкото стакло на споредната страна на микроскопот,  можат да се видат честичките внатре во примерокот. Доколку честичките имаат точкест облик (како прашина) не се настапени плодни денови, но доколку на прозорчето се види поврзана структура која потсетува на папрат, тоа значи дека плодните денови се во тек.

Како и кај останатите тестови, и кај овој на сигурноста можат да влијаат многу фактори. Доколку се земе од плунката: никотинот, солената храна, пастата за заби и слично, можат да покажат лажни резултати, па поради тоа се препорачува примерокот да се земе веднаш по будење, пред било какви други утрински активности. Кај примерокот од цервикалната слуз, се препорачува најмалку 8 часа растојание меѓу сексуалните односи и тестирањето.

 

За дополнителни информации, посетете го нашиот Календар на овулација.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет