cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Со бебе на море: прво летување на бебето

На што прво помислувате кога ќе се спомне првото летување на вашето бебе? Храна, превентива, облека, пелени или заштита од сонце?

Со бебе на море: прво летување на бебето

Најважното нешто за што треба да размислувате кога се подготвувате за летување е обезбедувањето на безбедно опкружување и адекватни хигиенски услови за бебето, и доволно релаксирање и опуштање за родителите. Заштитата од сонце во сите прилики, а особено на море, е најважната работа на која треба да се мисли. Доколку вашeто бебе биде неадекватно изложено на сонце би можело да добие температура, изгореници или дехидрација.  

Прво и најважно е избегнувањето на директно изложување на сонце. Не дозволувајте облаците да ве измамат – низ нив сончевите зраци исто така поминуваат. Бидете свесни и за рефлексното зрачење. Вашето бебе не е безбедно ниту во сенка, бидејќи сончеците зраци се рефлектираат од песокот, водата и бетонот.

Познато е дека кожата на бебето е многу потенка од кожата на возрасните, па нејзината заштитна функција е помала, а зголемената е нејзината пропустливост. Производството на меланинот се уште не е воспоставено, па помала е и заштитата од УВ-зрачењето. Затоа, многу е важно да посветитите внимание на негата и заштитата на детската кожа.

Внимателно со капењето

Новороденчето не може само да ја регулира својата телесна температура во првите 6 до 12 месеци, така што треба да внимавате во кој дел од денот го бањате бебето во море. Ако за вас водата е малку студена, на бебето сигурно му е ладна. Исто така, важно е да ги следите реакциите на детето. Ако бебето почне да се тресе и усните му станат сини, треба да го извадите од водата, и да го завиткате во крпа. Многу бебиња уживаат во капењето во море, но тоа не треба да трае подолго од 10 минути. По капењето, морската сол треба да ја измиете од кожата на бебето со слатка вода, а доколку морето е полно со планктони, употребете и бебешки сапун.

Ако сте се одлучиле за капење во базен, важат истите правила – задолжително бањање на бебето со чиста вода, бидејќи водата во базенот е хлорирана, па може да ја оштети чувствителната кожа на бебето. Посебно важно е местото кое ќе го изберете за капење да биде чисто, мирно и во близина да постојат спасители. За капењето задолжително користите гаќички за бањање, за бебето да биде заштитено од бактерии. Ако бебето цица, во голема предност сте што се однесува до исхраната, во однос на бебињата кои се на адаптирано млеко.

Престој на море со бебе на возраст до 6 месеци

Бебињата после три, четири месеци се подготвени за секој вид патување. Кога ќе се задоволат нивните потреби за храна, заштита и блискост, на бебињата не им треба ништо повеќе. Па уште ако добијат и неочекувано шетање и галење со тато и мама – на среќата и нема крај.

Ако сте сепак на море со бебе помало од 2 месеци, многу е ризично да го бањате во морето. Благодетите на престојот на море користете ги така што ќе се шетате покрај брегот во раните утрински или доцните вечерни часови со бебето во количка, сосема заштитено од сончевите зраци. Малите бебиња со капењето треба да почекаат додека не станат постари и поотпорни на болести.

Новороденчето на возраст до 6 месеци може да се капе во море, под услов водата да е топла. Всушност, најдобро е малку да има допир со морската вода додека е во прегратката на мајката, само да ги намокри нозете и рачињата, па кога ќе се привикне, треба да следува постепено потопување на целото тело. Влезете во вода со бебето во раце доколку се чувствувате стабилни и никако не го испуштајте од раце.

Базенчињата со солена или слатка вода треба да бидат во „дебела“ ладовина. Искуствата, за жал, говорат дека детето може да се удави и кога е мала количината на водата во базенчето, па ниту секунда не го оставајте без надзор на возрасна личност!

На бебињата на возраст до 6 месеци никогаш не им ставајте кремови со заштитен фактор. Заштитете ги на други начини. Облечете ги во тенки памучни маици и панталончиња. На главата ставете им шеширче со голема сенка, на очите очила кои штитат од УВ-зрачење. На прошетка треба да се оди до 11 часот претпладне и од 18 часот попладне. На бебешката количка ставете чадор за сонце, така што бебето цело време ќе биде во ладовина.

Ако бебето цица, нудете му почесто, за да ги задоволи зголемените потреби за течност, а ако е на адаптирано млеко, давајте му негазирана, нискоминерална вода од шише или превриена и изладена вода од чешма.

Престој на море до дете на возраст до 1 година

На оваа возраст, престојот во морето е дозволен ако водата е топла. Добро е постепеното потопување и адаптирањето на температурата на водата, најдобро во базенчето покрај морето или во топлите плитки води. 
Ако е првпат на море, детето можеби ќе се исплаши од бучавата и брановите, па ќе одбива да влезе во вода. Немојте да правите ништо со сила, туку обидете се да го убедите прво да ги намокри нозете или да седне во плиткото. Еден од родителите може со пример да покажува како морето е убаво и како пливањето е уживање. По извесно време и детето ќе се охрабри, но и тогаш влегувањето во водата треба да биде постепено.

Возрасното лице секогаш треба да биде многу блиску до детето додека е во водата или блиску до неа, така што во секој момент може да го дофати. Ако наиде побрза водена струја или малку поголем бран, детето воопшто не би требало да биде во водата. 

На бебињата постари од 6 месеци потребно е да ги мачкате со кремови со заштитен фактор – ознаката на кремот треба да биде СПФ 50 или повеќе. Кремот се нанесува 20 минути пред излегувањето на прошетка или на брегот, па повторно на секои 2 часа (ако детето и понатаму е изложено на УВ-зраците.)

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет