Со исхрана до бебе: Што треба да јадете?
Многубројни научни студии докажале дека нормализацијата на телесните масти влијае на урамнотежување на нивото на репродуктивни хормони и подобра плодност
Правилната исхрана и плодноста се тесно поврзани, бидејќи за зачнување на дете потребни се здрави јајце клетки и здрави сперматозоиди, како и добра општа состојба на организмот. Одредени намирници и урамнотежена исхрана можат да ја намалат количината на стрес, да го подобрат здравјето на репродуктивните органи и да му обезбедат на организмот доволна количина на хранливи материи
Неухранетоста ја намалува плодноста кај жената, бидејќи намалениот процент на масно ткиво може да влијае на овулацијата, а намалувањето на телесната маса од 15% може да има последица нередовен менструален циклус.
Кај жените е многу важен поволниот нутритивен статус и адекватна работа на штитната жлезда. Разновидна, сезонска исхрана е најдобар прехранбен модел, а конкретните намирници кои можат да допринесат за подобар здравствен статус би требало да бидат оние кои се добар извор на филна киселина – важен нутритиент во периодот пред зачнување и во првото тромесечје од бременоста. Намирници богати со фолна киселина се мешункастите плодови, житарици од цело зрно, темнозелен листест зеленчук, пилешко месо и џигер. Исто така треба да се обрне внимание на адекватен внес на минерали, првенствено железо, селен и цинк кои можат да се пронајдат во црвеното месо, џигерот, темнозелен листест зеленчук, цвекло, интегрални житарки и мешункасти плодови, како и во риба и морски плодови кои воедно се и најдобар извор на Омега-3 масни киселини, објаснува нутриционистот Кармен Матковиќ.
Од друга страна, дебелината кај мажите влијае на плодноста, не само заради намаленото производство на сперматозоиди, туку и нивниот квалитет е послаб. За добар квалитет на сперматозоидите исклучително е важен добар нутритивен и здравствен статус. Постои поврзаност помежу прекумерната тежина и квалитетот на спермограмот, па се препорачува оптимална исхрана која исклучува внес на рафинирани производи, заситени масти, шеќер и алкохол.
На мажите им се препорачува телесна активност и исхрана богата со протеини, односно аминокиселини, меѓу кои се истакнува аргинин (свежо сирење, ферментирани млечни производи, сурутка, црвено месо, диво месо, риба, морски плодови, хељда и овес)
Многу е важно во исхраната да се вклучат намирници богати со силни антиоксиданси (јаткасти плодови, семки и квалитетни билни масла, пилешко месо, како и риба).
Нутриционистката Др. Дц. Дариа Вранешиќ истакнува дека антиоксидансите имаат клучна улога во плодноста на двата пола. Со внесувањето на антиоксиданси кај жената може да се намали оксидативниот стрес во јајце-клетките, а кај мажите може да се подобри бројот, структурата и подвижноста на сперматозоидите.
Истите го поттикнуваат телото да произведува одредени невротрансмитери, додека некои производи можат да влијаат на расположението и желбата за секс. Така на пример допаминот е главниот виновник за тоа што се чувствуваме добро и мотивирано. Телото го произведува од аминокиселината тирозин, која најмногу ја има во мисиркиното и пилешкото месо, во црвеното месо, школките, туната, млечните производи и јајцата, авокадото и бананата.
Потребно е да се консумира и полномасно млеко бидејќи тоа поволно делува на јајниците, како и полномасен јогурт и сирење, бидејќи на телото му е потребна маснотија за да апсорбира нутритиенти кои влијаат на плодноста. Многу силен антиоксиданс е бетакаротен, кој го има во морковот, кељот, спанаќот и компирот.
Намирници за жени:
- Фолна киселина – блитва, спанаќ, брокула, зелка, прокељ и мешункасти плодови
- Тирозин – мисиркино месо, пилешко месо, црвено месо, школки и туна, јајца и млечни производи, авокадо и бананаж
Намирници за мажи:
- Коензим Q10 – телешко месо, пилешко месо, свинско месо, риба (лосос, пастрмка) и јаткасти плодови
- Витамин Ц – лимони, портокали, листест зеленчук, пиперка.
- Витамин Е – јаткасти плодови, семки и растителни масла.