Со прошетка до поголем развој на вашиот мозок
Најновите истражувања открија дека енергичната прошетка трипати неделно го зголемува хипокампусот, а тој е важен дел од нашиот мозок што влијае на краткотрајното и долготрајното помнење кој ги сортира примените информации
До овој заклучок научниците дошле кога спровеле експеримент со 120 мажи и жени на возраст од 55 до 80 години, од кои побарале да одат на прошетка со брзо одење 40 минути трипати неделно, и секако, промените не биле веднаш забележливи, туку се случиле во текот на неколку години. Но, скенирањето на мозокот кај оние што учествувале во истражувањето за една година покажало дека сепак има промени – кај нив хипокампусот пораснал за 2%.
За тие што не знаат, хипокампусот е подрачје во мозокот што најпрво страда кога некој заболува од Алцхајмерова болест.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)