cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Социјализација на децата од предучилишна возраст

clock-img

17.2.2011

Вашето дете ќе има многу големи можности за добра комуникација со останатите деца на различна возраст доколку ги следите следните правила.

Чекор 1 : Мрежа на комуникација со другите деца кои не одат во градинка

Пребарувајте на интернет, најдете група која ги поддржува  децата кои не одат во градинка , така што ќе можете Вашето дете да го поврзете со останатите деца кои учат дома, со што ќе се поврзете и со другите родители.

Чекор 2 : Нека се вклучат во некој спорт

Поттикнувајте ги Вашите деца да се вклучуваат во локални тимски спортови. Така не само што ќе се во контакт со други деца од нивна возраст, туку студиите покажуваат дека кај нив ќе биде помала веројатноста за употреба на дрога и алкохол.

Чекор 3 : Најдете тимски натпревари

Најдете тимски натпревари каде што Вашите деца ќе може да уживаат како на пример: правопис, географски пчелки, математичка лига, научни клубови.

Чекор 4 : Вклучете ги во уметност

Охрабрете ги во уметноста. Нека се приклучат во  некој хор, или нека земаат часови за играње, може да учевствуваат и во локален театар, или нека се запишат на часови по сликање.

Чекор 5 : Запишете ги во некој клуб или група

Вклучете ги во група како на пример : извидничка,или верска група на млади. Проверете во локалните библиотеки, која нуди можност за гласно читање на настани и сл.

Чекор 6 : Поттикнете ги да волонтираат

Поттикнете ги да волонтираат дел од своето време во старечки дом, болница, народна кујна или некое засолниште за животни.

Чекор 7 : Испратете ги децата во летен камп

Испратете ги Вашите деца во летен камп. Кампот ќе им овозможи на децата ширење на познанства и дружење.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет