Сонце, море, бременост
Заради промените во организмот, во текот на бременоста најдобро е да не се изложувате интензивно на директно сонце
Меланин во бременоста
Бременоста го менува хормонот меланин што предизвикува потемнување на кожата. Потемнувањето е најзабележливо на брадавиците, стомакот, а понекогаш и на лицето. Бидејќи некои од наведените промени на бојата на тенот можат да бидат трајни, најдобро е да не се изложувате директно на сонцеи да користите крем со висок заштитен фактор.
Плажа, сончање, капење
Лето е и веројатно се радувате што ќе одите на одмор. Но пред тоа да го направите, добро информирајте се.
Сигурно сте слушнале дека на бебињата им е жешко во материцата додека нивните мајки се излежуваат на сонце. Тоа не е вистина. На вашето бебе не му е жешко во стомакот, исто како што не се смрзнува кога надвор е ладно. Но жештината и сонцето можат да ви штетат вам. Но жештината може да ви штети вам.
Постојат работи на кои треба да обрнете внимание, а тоа се: предолго престојување на сонце и претоплување, изгореници и оштетување на кожата.
Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате добро:
- Избегнувајте престој на сонце меѓу 11 и 16 часот
- Ако сте на плажа немојте да леќите на сонце подолго од половина час. Најдобро е да се одморате под сенка.
- Користете крем за заштита од сонце со висок фактор
- Доколку почувствувате вртоглавица, мачнина или замор, одете во затворена просторија и ладовина.
- Носете памучна облека
- Задолжително носете шешир
- Пијте доволно течности и секогаш имајте вода со себе
- Доколку немате клима во автомобилот избегнувајте патување околу пладне
Пливањето е многу корисно. Ако имате уредна бременост и лекарот ви допуштил да пливате, тогаш нема никакви пречки за тоа. Внимавајте полека да влегувате во вода и полека да се навикнувате на нејзината температура. На нозе имајте обувки за во вода за да не се слизнете и да паднете.
Пливајте полека, со стил кој најмногу ви одговара, без нагли движења и замор. Многу е важно водата да е чиста. По излегувањето од вода, облечете сува облека.