cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Совети за трајни локни

Кадравата коса и женствите локни се меѓу најпознатите фризури за новогодишната ноќ. За жал, понекогаш локните ја губат формата само неколку часа по виткањето. Во прилог се некои совети како да имате трајни локни

Совети за трајни локни

 

Коса на локни е идеален избор за празнична фризура - причината е дека е универзално решение за секоја прилика. Во зависност од обликот на локните, таа може да го надополни вашиот  стил, или пак да придонесе за поубав изглед.

 

Како локните да се задржат подолго време?

Како за почеток, запомнете дека чистата коса се витка потешко отколку коса која не сте ја миеле ден- два. Причината е дека прамени се повеќе подложни за стилизирање. Погрешно е сфаќањето дека од мокра коса се прават убави локни. Напротив - ако косата ви е штотуку измиена и уште влажна, таа нема да успее да се исуши и откако ќе ги извадите виклерите, повторно ќе треба да ја обликувате косата.
Важно е исто така да се напомене дека ако сте решиле да ја виткате косата на локни и сакате фризурата да трае подолго, тогаш при последното миење не треба да користите балсам за коса. Причината е дека тој прави косата тешка и ја повлекува надолу, па ја исправа. Ова ќе ги спречи локните да траат.
Трајноста на локните зависи и од други фактори - на пример со каква должина е косата и дали влакното е подебело. Колку косата е подолга, толку е потешка за виткање.

 

1

 

За да имате трајни локни, треба да се избере вистинскиот метод за виткање. На пример, фигарото за коса прави убави локни, но тие се привремени. Ако сакате да има траги од нив и следниот ден, тогаш е подобро да се разгледа виткање без загревање на косата. Коса завиткана со хартија, парчиња на ткаенина или пунџа во текот на ноќта е соодветно решение, ако сакате трајни локни, но немате време да ги направите во текот на денот.
Локните ќе траат повеќе време, ако ја виткате  косата на мали прамени  и почнувате од долните слоеви и продолжите кон горните. Од големите прамени исто така се прават локни, но косата е потешка и тие брзо се исправаат. Освен тоа не е препорачливо да ја расчешлувате коса, бидејќи така ја менувате густината и формата на локните. Најдобро се стилизира косата со прсти.
Не заборавајте дека козметиката е исто така важна, ако сакате да ги зачувате кадриците подолго време. Пена, гел или спреј за кадрава коса може да користите пред да започнете со виткање, а конечно прицврстете ги локните со лак за коса.

 

2

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет