Стана мајка по 18 абортуси и 90000 еур за ин-витро
Лорен Варнефорд имала 18 абортуси и потрошила 90.000 евра за вештачко оплодување но успеа да се оствари во улогата на мајка во 48. година во животот и на својот сопруг Марко (55) му подари дете по 16 години борба
-Дури по 16 години лекарите открија дека тука нешто не е во ред. Дијагностицираа дека имам „ќелии убијци“ кои ги напаѓаат и уништуваат ембионот кој е стар само неколку недели. Одлучивме да престанеме да се обидуваме во 2010 година зошто секој пат кога ќе останев бремена, бременоста ми се завршуваше во 14 недела. Постојано се надевав и разочарував.
Не можев да престанам да плачам секојпат кога ќе ми се случеше абортус. Не можев повеќе да поминувам низ тоа. Но 5 години подоцна одлучив себеси да си дадам последна шанса и да одам на донација на ембриони во Чешка 2015 година.
Потоа се случи вистинско чудо, останав бремена и успеав да го родам мојот син Вилијам во 37 недела со царски рез. 18 долги години од кога почнавме да работиме на бебе. Сега често не нарекуваат негови баба и дедо, но ние сме пресреќни што добивме наше дете, раскажува таа.
-18 абортуси и 90.000 евра. Вредеше. Не сум повеќе млада и не можам да трчам по него додека си игра, но се вреди. Сега сме совршено семејство, а јас конечно се чувствувам исполнето, рече таа.