cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Стомачните мускули добиени преку исхраната

clock-img

29.3.2011

Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав!

Стомачните мускули добиени преку  исхраната

Не е важно колку стомачни можете да направите, ако не јадете правилно. Мора да го “дисциплинирате“ фрижидерот ако сакате да извлечете максимум од вежбите и да имате убави и видливи стомачни мускули.

Постојат 5 златни правила кои треба да ги почитувате

 

Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав.

Дневно треба да консумирате 6 мали оброци (за да се задржи нивото на шеќерот во крвта) и пијте 3 до 4 литри вода.

Во организмот внесете барем 150 гр протеини од црвено месо, риба, пилешко, јајца,млеко,сирење, мешунки. Телото користи 20 до 30 % повеќе енергија за разградба на протеини отколку за разградба на јаглени хидрати. Немојте да бидете без храна повеќе од 3 часа и не јадете по 23 часот.

 

Што да воведете во исхраната?

Пет оброци овошје и зеленчук, дневно

Појадок со многу јаглени хидрати, колку порано толку подобро.

Изедете зобена каша или кајгана, оревите,семките и сувото грозје прават добри лесни оброци во текот на денот.

Неделната исхрана збогатете ја со здрави маснотии како рибино масло, мешавина од  оревасти плодови и семки,многу зеленчук (спанаќ, зелка, марула, брокула), протеински шејкови еден час пред  да вежбате и веднаш по вежбањето, немасно месо и риба, грав, леќа, интегрален ориз, зелен чај, немасно сирење и обичен јогурт, портокали, грејпфруит, мандарини, лимон и лимет...

 

Што треба да се исфрли од исхраната?

Сосовите. Користете само ладно цедено маслиново масло, масло од сусам, лимонов сок, вински оцет и соја сос со малку сол за да ја зачините храната,

Алкохолот. Од алкохол повремено користете само вино, вотка, лимет и минерална вода, под услов да не се претерува

Чипс, слатки, чоколади и мармалад.

Бели тестенини, бел ориз и леб.

Храна нарачана од ресторан, газирани пијалоци и јагленохидрати навечер.


Типичен ден

Наутро во 7 часот...каша од зоб со банана и суво грозје,зелен чај

Во  10 часот ..... 2 јајца(варени или печени во тефлон тава) со 1 парче црн леб,

Во  12 часот......протеински шејк (пред тренинг),

Во  14 часот.....протеински шејк (после тренинг),

Во  15 часот......бело пилешко со спанаќ, домати и малку варен компир,

Во  17 часот.....протеински шејк

Во  20 часот.... риба (туна, лосос) на скара (во тефлон) и брокула, моркови и соја сос, за десерт папаја и сок од лимет и ѓумбир.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет