cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Супер диета со маслинки

Ако сакате да го подмладите своето тело, да го подобрите своето здравје и притоа да ослабите најмалку 4 килограми, обидете се со диетата со маслинки, која трае меѓу 3 и 5 денови. Времетраењето на диетата го одредувате вие самите

Супер диета со маслинки

 

Веруваме дека на повеќето ви е познато колку се маслинките и маслиновото масло здрави. Маслинките се богати со влакна, аминокиселини, калциум, цинк, фосфор, бакар, селен и железо, витамини Б, Ц, Е и Р. Во 100 гр. зрели маслинки има околу 6,3% јагленохидрати, 0,8% протеини и 10,7% масти. Затоа, не е ни чудо што лекарите често препорачуваат консумирање на 10-12 маслинки пред појадок, како превенција од болести. Секојдневното консумирање на маслинки ја намалува можноста од зголемување на нивото на холестеролот, па и појава на кардиоваскуларни болести. Најголем процент од витамините во маслинката зазема витаминот Е, кој со помош на другите антиоксиданси може да ги неутрализира штетните токсини во организмот.

Заради тоа диетата со маслинки се препорачува за чистење на организмот, но не смее да се спроведува подолго од 5 дена.

 

Еве како да ја спроведете диетата:

Појадок и вечера:  Мешана салата – 40 гр. глуварче, 40 гр. марула, 2 свежи краставици, 40 гр. зелени маслинки, 1 зелена пиперка, 1 домат, малку босилек, вински оцет и маслиново масло. За вкус може да се додаде малку морска сол.

За ручек јадете сецкани црни маслинки. Меѓу оброците пијте доста негазирана вода. Во текот на целиот ден не смеете да внесете во организмот повеќе од 3 лажици маслиново масло. Во текот на денот можете да изедете од 30-50 гр. јаткасти плодови: бадеми, ореви, лешници и индиски ореви. Најдобар период за тоа е наутро. за ручек смеете да јадете: цели житарици, кафеав ориз, зоб, јачмен, хељда, леб од цели житарици. Слободно јадете додека не почувствувате ситост. Рибата е дозволена, но во помали количини (околу 150 гр.) Исто така дозволени се млечни производи како јогурт, кефир, млеко, но исто така во органичени количини.

Диетата смеат да ја практикуваат здрави лица и лица кои имаат покачен холестерол. Доколку имате други здравствени проблеми, обратете се кај вашиот лекар.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет