Татичко присутен на породување!?
Ако идниот татко не скока од среќа што ќе присуствува на породувањето и навреме не ги завршил подготовките околу тоа, го сметаат за Неандерталец. А кој тоа? Најчесто тие две, сопругата и нејзината мајка.
Не толку одамна, во времето кога оваа, сега репродуктивна генерација, за прв пат го виде светлото на денот, татковците не беа присутни ниту пожелни во породилната сала. Сега, ако идниот татко не скока од среќа што ќе присуствува на породувањето и навреме не ги завршил подготовките околу тоа, го сметаат за Неандерталец. А кој тоа? Најчесто тие две, сопругата и нејзината мајка.
За разлика од времето на шеесеттите години во кое татковците не смееја да присуствуваат на породувањето, денес тоа е личен избор на секој иден татко.
Ако во Вас нема големо воодушевување при помислата дека ќе бидете присутен на породувањето, немојте да се грижите. Нити сте Неандерталец, нити сте единствен со таква грижа на совеста. Сите Ваши чувства кои Ве спречуваат да гледате на тоа со големо воодушевување, се нормални. Повеќе од половина идни татковци имаат поделено мислење за присуството при породување. Од една страна, Вие сте и постојан извор на сигурност на Вашата партнерка, оној кој во секое време мора да биде карпа, а знаете дека за време на породувањето можете само да ја држите за рака и чекате, додека ни Вам не Ви е потполно јасно што се случува. На самата помисла дека ќе морате да гледате во болното лице на сопругата и во маките кои мора да ги претрпи, не сте сигурни дали можете да го издржите тоа.
Од друга страна, некои лица едноставно не поднесуваат болнички простории, не можат да гледаат крв, ниту било каква медицинска интервенција. Ако сте меѓу нив, тогаш сигурно Ви паднало на памет прашањето: “Што ако изгубам свест и испаднам слабак?” Ќе се обидеме да Ви дадеме неколку совети пред да донесете конечна одлука.
1. Би било убаво доколку разговарате со некој пријател кој бил присутен на породување. И тој веројатно се соочил со истите дилеми, па може да Ви помогне со совет. Дури и ако не Ве советуваат конкретно, разговорот многу ќе Ви помогне за да дознаете дека не сте единствен кој се двоуми.
2. Разговарајте со својата партнерка. Кажете и како се чувствувате и зошто, но бидете тактични. Жените во тој период се многу емотивни, па можат погрешно да ги протолкуваат Вашите изјави. Може да и се причини дека не сте заинтересиран за неа и за Вашето дете.
Многу студии ја потврдиле важноста на блискиот контакт меѓу таткото и бебето, непосредно по раѓањето. Вашето отсуство во породилната сала, без оглед на тоа дали сте спречени или не чувствувате потреба да бидете таму, нема да го наруши Вашиот однос со детето. Раѓањето е важен момент во животот, но не и единствен, само потрудете се што побрзо да бидете до мајката и бебето по раѓањето. Ако мислите дека ќе можете да го поднесете тоа, потрудете се и исполнете ја желбата на сопругата. Многу ќе и значи тоа што сте до неа.
Среќно!