cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

ТОШЕ Е и секогаш ќе биде дел од мене

Антонија Шола не го заборава својот најважен музички партнер

ТОШЕ Е и секогаш ќе биде дел од мене

 

 

Иако деновиве е повеќе актуелна поради наводната афера околу авторски спор со Лепа Брена, Антонија и во најновите изјави нагласува колку и’ било важно дружењето и соработката со Тоше Проески. Емоциите, вели, се се’ уште премногу силни секогаш кога ќе се спомене нивниот заеднички дует „Волим осмех твој“...

 

„Тоше е, некако, неразделен дел од мене. Многу тешко го доживеав неговото заминување, како пријател и партнер низ се’ низ што поминувавме заедно. Но, сега имам мисија да продолжам по патот по кој тој тргна. Така ќе живее неговото име, неговите песни..., и нема да дозволиме да се заборави што беше тој“, изјави Шола за босанскиот портал Експресмаг.


На прашањето дали е точно дека по смртта на Тоше веќе не ја пее песната „Волим осмех твој“, затоа што не може да ги сопре солзите, одговори: „Ја пеам, најдов начин. Постојано ми се случува некој да сака да ја отпее таа песна со мене. Не е дека не сакам, со задоволство им помагам на луѓето, секогаш давам песни и шанси, но „Волим осмјех твој“ веќе не можам да ја изведувам со никого. Имам чувство дека е тој покрај мене, а тоа место е резервирано само за него. Додека ја пеам неговиот глас е во мојата глава, го слушам тој лид и не можам да ја замислам поинаку“.


Последен проект на кој работеше хрватската кантавторка е албумот на Лепа Брена, на кој се јавува како автор на текстот за песната „Метак са посветом“. Наводно, имало проблеми во соработката и закани од страна на белградската пејачка.


„Не би зборувала за ова. Брена е моќна жена и не сакам да се замерам со неа. Имавме мало недоразбирање, но го решивме. Јас не сум расположена да ги препуштам своите авторски права на друг, ниту гледам потреба за тоа. Сметам дека песната, на која работев три месеци, е квалитена и ја сфаќам нејзината тежина. Впрочем, своите песни ги проживувам лично, до крајот на душата и не можам да им ги препуштам на други. Не работам на тој начин. А, госпоѓата Брена побара од мене да се откажам од авторските права. Ми испрати договор на пет страници, но не можев да ги прифатам нејзините услови“.


Кога Шола одбила да го потпише договорот, пејачката се заканила со прекинување на соработката, но на крајот сепак, Антонија е потпишана како авторка на текстот. За парите што ги добила, не сака да зборува, меѓутоа вели оти соработниците често и’ забележуваат дека не е добар трговец.


„Едноставно, не знам колку чини нешто што го работиш со душа. А, тоа уште треба да му се продаде на пријател. Не ми се вклопува никако. Попрво ќе го подарам. Но, тогаш доаѓаат авторските права... Па, Боже мој, мора и ние да живееме од нешто. Таков беше мојот став и кога е во прашање песната ’Метак за посветом’“.


 

Автор: Миодраг Мишолиќ

www.intervjua.com.mk

 


Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет