cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Tower Bridge- Историјата на мостот

clock-img

31.8.2011

Tower Bridge е еден од најпознатите мостови во светот! Прочитајте за неговата историја како и некои не толку познати факти за него!

Tower Bridge- Историјата на мостот


Потребата за нов мост

На почетокот, London Bridge бил единствениот мост кој преминувал преку реката Темза. Како што растел и се проширувал градот Лондон, се повеќе и повеќе мостови почнале да се градат западно од  London Bridge, бидејќи областа источно од него се претворила во големо пристаниште. Во 19от век источниот дел од Лондон станал толку густо населен што се јавила потреба за нов мост источно од London Bridge. Патувањата на пешаците и возилата се одвлекувала со часови. Конечно, во 1876 год. Корпорацијата на градот Лондон која била одговорна за тој дел од Темза одлучила дека проблемот не може повеќе да се одложува.
Погледот од мостот денес е драстично различен иако сe уште постојат сведошвта за неверојатната историја на оваа област. Со помош на фотографии и интерактивни киосци, посетителите на Tower Bridge можат подобро да разберат како изгледал животот кога била зачната идеата за нов мост.

 

Како бил одбран дизајнот

Огромен предизвик лежел пред Корпорацијата на градот Лондон- како да изгради мост во близина на пристаништето да го наруши речниот сообраќај. За да се соберат идеи, во 1876год. бил оформен посебен Комитет за мостови и метроа кој пуштил повик за дизајн на новиот мост.
Преку 50 дизајни биле добиени, некои од нив се уште се изложени и можат да се видат при посетата на овој мост. Решението дошло скоро 10 години подоцна, во октомври 1884, кога Horace Jones, градскиот архитект, во соработка со John Wolfe Barry го понудиле сегашниот дизајн

 

Изградбата на мостот

 

slika


Биле потреби 8 години, 5 големи контрактори и постојан труд на 432 работници за да се изгради Tower Brodge.
Два огромни дока биле поставени во речното корито за да ја поддржат конструкцијата и преку 11 000 тони челик биле искористени за да се направи рамката на мостот. Рамката била пориена со гранит и камења за да се заштити челикот и да му даде на мостот  попривлечен изглед.


Tower Bridge изложба (Tower Bridge Exhibition)

Во 1910год, високите пешачки патеки (Tower Bridge walkways) биле затворени поради недостаток на употреба. Луѓето што пристигнувале на мостот преферирале да чекаат тој да се спушти отколку да ги качуваат своите тешки товари по високите скали. Во 1982 год. како дел од новата изложба на Tower Bridge, посетителите на мостот можеле повторно да се качат на пешачките патеки, овој пат целосно покриени и да го искусат неверојатниот панорамски поглед.
Иако сега мостот функционира на нафта и  струја, оригиналните парни мотори кои ги одржува посветен тим на технички работници, си стојат на своите оригинални локации за сите да можат да ги видат. Оваа област се нарекува Викторијански моторни соби (Victorian Engine Rooms), вториот дел од Tower Bridge изложбата. Изминативе 28 години, изложбата е направена да одржува чекор со модерните потреби, без да изгуби од својот Викторијански изглед. Преку интерактивни киосци и видео презентации, заедно со туристичките водачи посетителите можат да дознаат за клучните настани во историјата на мостот.


Интересни факти што можеби не сте ги знаеле

1910- пешачките патеки кои биле изградени за пешаците да можат да преминат од другата страна на мостот дури и кога е тој дигнат, биле затворени поради недостаток на употреба.
1912- за време на вонредна состојба, Frank McClean морал да пролета помеѓу баскулите (подвжните рампи) на мостот  и пешачките патеки со својот мал авион  за да избегне несреќа
1952-  еден автобус кој го возел Albert Gunton требало да прескокне од една баскула на друга кога мостот почнал да се крева со автобусот се уште на него
1977- Мостот бил офарбан во црвена, бела и сина боја во чест на сребрениот јубилеј на Кралицата (нејзиното 25 годишно владеење дотогаш). Пред тоа бил чоколадно кафена боја
1982-  Tower Bridge се отвори за јавноста првпат по 1910 година со трајна изложба во неговите кули наречена "Искуството на Tower Bridge" (The Tower Bridge Experience)

 

slika 2

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет