cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Трчаме за децата со Даунов синдром

clock-img

29.3.2016

Повеќе од 400 ведри и насмеани лица вчера им го разубавија денот на децата со Даунов Синдром и заедно со нив трчаа на првата Хуманитарна трка во скопскиот Градски Парк, која што се одржа по поводсветскиот Ден на лицата со Даунов синдром

Трчаме за децата со Даунов синдром

 

На трката која што беше од отворен карактер и во неа освен што учествуваа деца со Даунов синдром и нивните семејства, можеше да учествува секој кој има желба да биде дел од ваква хуманитарна спортска акцијасо донирање на 150 денари.

Убава вест која ги развесели сите учесници беше информацијата дека планираната сума за собрани средства била собрана и истата ќе биде искористена за обезбедување на сала и опрема за обезбедување услови за тренирање на децата со Даунов синдром во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари и слично.

Сите деца со Даунов синдром по завршување на трката беа наградени со медали и пригодни подароци од спонзорите, а за останатите натпреварувачи беа обезбедени награди по лотарија систем.

Synergy Fitness & Spa беа дел од поддржувачите на трката, апретставниците на фитнес и спа центарот наградија и неколку среќни учесници.

Настанот беше во организација на Мечувачкиот клуб Ескрим.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет