cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Трудничка облека

clock-img

7.9.2010

Стомакот веќе почна да расте и веќе не ве собира во пантолоните? Време е да побарате поудобна облека, а и поудобни чевли.

Трудничка облека

Прво што ќе забележите е дека ви треба поголем градник. Ако вообичаено носите градник со број три, веројатно ќе треба да купите број четири или поголем. Погрижете се градникот да ви биде со соодветен број, за да не ви ги притиска брадавиците. Како градите ќе растат, ќе мора да купите градник за доење, кој ќе ви биде многу практичен кога ќе доите.

Некои бремени жени немаат голем стомак и не добиваат многу килограми, па сеуште можат да ја носат старата облека (малку распетлана), ќе земат облека од сопрузите, или ќе купат облека поголема за 2-3 броја, која ќе можат да ја носат и по породувањето.

При купувањето облека треба да внимавате на :

-          Облеката да биде од природни материјали

-          Немојте да носите ништо што би ве стегало околу струкот, или нозете, ништо тесно ни премногу припиено, посебно околу градите, половината и стомакот.

-          Секој дел од облеката треба што полежерно да ви виси околу рамената, така што со својата тежина да не ја притиска половината.

-          Одберете бои кои ќе можете да ги користите во повеќе комбинации.

Носете пантолони или здолништа, кои имаат ластик на половината, или простор за раширување со петлица.. Како стомакот ви расте, така раширете го ластикот околу половината.

Исто така практични се и фустаните. Одберете модел кој вам ви одговара и кој е во ваш стил. Постојат и свилени чорапи за трудници кои имаат пошироки гаќички.

Освен облеката ќе ви бидат потребни и поудобни чевли. Најпрактични се чевли кои не мора да ги врзувате, со ниска потпетица и широк врв. Можеби ќе имате впечаток дека нешто ве влече наназад, заради тоа што носите голем товар. Превисоките потпетици уште повеќе ќе ве исфрлат од рамнотежа. Според препораките на лекарите, висината на потпетицата не треба да биде повеќе од 4 cm.

Секако, ви треба и поудобна облека за спиење и за вежбање во слободното време (спортска облека).

Како да се прилагоди облеката за работното место? Тоа многу зависи од работното место и униформираноста која ја бара фирмата. Првите три месеци ќе можете да ја носите својата регуларна облека. После тоа, се зависи од тоа кога мислите да ја поделите новоста со своите колеги на работа.

Многу работи се промениле од порано. Денес идните мајки сакаат да изгледаат модерно во трудничката облека, а таа да не биде само функционална. Затоа постојат специјализирани бутици за трудничка облека, со голем избор на здолништа, пантолони и фустани и долна облека – сето прилагодено на периодот од бременоста. Една од важните работи е трајноста на облеката, бидејќи многу жени не сакаат да купуваат работи кои нема да ги носат потоа. Заради тоа се изработува облека која може да се прилагодува од месец во месец и што е најважно – да се носи по породувањето.

За сите трудници еве една листа во која е наведен најмал број на парчиња облека кои би ви требале во бременоста.

Ако вашиот термин на породување е во:

Јануари и Февруари

2 фустани и 2 здолништа (по 1 за секој ден и по 1 за свечени моменти)

2 пара траперки, 1 класични пантолони, 1 пар пантолони од подебел материјал за во зима

3 туники, 4 маици или кошули со долги ракави

зимска јакна или палто

Март и Април

2 фустани или здолништа (за секој ден и една посвечена)

2 пара траперки, 1 класични пантолони, 1 пар пантолони од подебел материјал за во зима

3 туники, 4 маици или кошули со долги ракави

зимска јакна или палто и една пролетна јакна

Мај и Јуни

2 фустани или здолништа (за секој ден и една посвечена)

1 летно здолниште или фустан

1 пар летни пантолони

1 пар пантолони под колена (3/4)

2 танки туники, 3 маици со долги ракави

2 маици со кратки ракави

1 пролетна јакна

Јули и Август

2 фустани или здолништа (за секој ден и една посвечена)

1 летно здолниште или фустан

3 пара летни пантолони

1 пантолони под колена (3/4)

2 танки туники

1 кошула со долги ракави

2 маици со кратки ракави

1 костум за капење

Септември и Октомври

2 летни фустани или здолништа, 1 за свечени моменти

2 пара летни пантолони

2 пара пантолони под колена (3/4)

3 маици со кратки ракави

1 танка туника

1 кошула со долги ракави

1 костим за капење

есенска јакна

Ноември и Декември

1 фустан или здолниште, 1 посвечена и 1 летна

2 пара траперки (или класични пантолони), 1 пантолони од подебел материјал за во зима

2 туники

2 маици со долги ракави

зимска јакна или палто 

Кога купувате

  • прво проверете што имате на располагање од облеката пред да забремените
  • не штедете на основни работи, инвестирајте во добар градник
  • не купувајте се одеднаш, почнете со најпотребните работи
  • пазете при купувањето на чорапи да не ве стегаат
  • прилагодете ги своите чевли, посебно во последните месеци од бременоста
  • истакнете ги своите позитивни страни

Единствена забелешка е сеуште немодерниот изглед на облеката за трудници. Секогаш можете да сошиете облека од растегливи материјали со весели, јарки бои, која ќе ви помогне подобро да се чувствувате.

Колку и да сте среќни заради бременоста погледот во огледало може да ви предизвика измешани чувства. Тешко е да се каже дека нема да биде така. Во општество каде се цени витоста на жената, не е невообичаено ако се чувствувате неатрактивно, посебно во последните месеци од бременоста. Во еден момент може да бидете горди на своето стомаче, а во друг момент тоа мислење може да го промените и да се чувствувате дебело. Без оглед на се, разгалете се со повремено купување на облека и – уживајте! Нека вашата блажена состојба биде запомнета од околината по смелите креации кои ќе ги носите. Многу се согласуваат дека жената во бременоста се разубавува, па оправдајте го и надградете го тоа со адекватна облека.

 

Поедини податоци се преземени од “The everything Pregnancy Organizera” Marguerite Smolen.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет