Учете англиски преку песнички - 7 дел
Читање песнички
Истражувањата покажуваат дека „читањето“ едноставни песнички кои децата веќе ги знаат наизуст е важен чекор во процесот на учење на течното читање. Читањето позната песничка притоа покажувајќи ги пишаните зборови од текстот е возбудливо за децата, бидејќи тие откриваат дека можат нешто да прочитаат на англиски.
Go to bed late,
Stay very small.
Go to bed early,
Grow very tall.
Во оваа фаза, децата можат да го прочитаат само она што веќе усно го знаат од песничките. Ваквото „читање“ ги поттикнува да го распознаваат обликот на зборовите што се повторуваат и подоцна да креираат сопствена база на зборови кои веќе ги препознаваат и знаат да ги „читаат“. Скоро истовремено децата почнуваат да го анализираат изговорот на зборовите кои ги препознаваат (видете ја книгата на Британскиот совет под наслов Учете англиски преку читање сликовници). Омилена игра која треба да се поттикне е собирање на римувани зборови, како на пр. ‘four’, ‘door’, ‘more’, ‘floor’, ‘saw’.
Родителите и наставниците не се секогаш свесни за овој важен чекор при учење на читањето, кој кај децата кои знаат песнички и уживаат во рецитирањето на многу од нив се јавува природно.
Децата кои знаат да читаат детски песнички природно напредуваат кон читање на едноставна поезија. Детската способност за учење песнички и поеми наизуст, ако се поттикнува и по осмата година, станува, како и учењето на јазикот, доживотна вештина.
1 дел: Учете англиски преку песнички
2 дел: Одбирање песнички
3 дел: Како да рецитирате песнички
4 дел: Рецитирање песнички во слободното време
5 дел: Приредби
6 дел: Изработка на книги со песнички