Учете англиски со Британски совет и BBC!
Нова ТВ серија WORD ON THE STREET!Секој вторник - 11 часот - МРТ1

Word on the Street е нова, возбудлива серија наменета за изучување на англискиот јазик, копродуцирана од BBC и Британски совет.
Фокус на Word on the Street се говорни ситуации од секојдневниот живот, но се презентираат и аспекти од британската култура. Секоја получасовна серија е снимена на различни локации во Обединетото Кралство и претставува приказ од драмски исечоци и интервјуа кои ќе ви помогнат да ги подобрите своите јазични вештини.
Во првата епизода на тв-серијата Word on the Street Ешли и Стивен се во потрага по подарок.
Доколку ја пропуштите тв-серијата на МРТ1, во секое време може да ја погледнете на веб страната за учење на англиски јазик на Британски совет со клик ТУКА.