cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Важни витамини во детската возраст

Витамините се супстанции кои влијаат врз животните процеси: раст, развој, размена на материите и физиолошка состојба на организмот. Затоа исхраната треба да обезбедува оптимална количина и баланс на примените витамини

Важни витамини во детската возраст

 

Витамините се супстанции кои влијаат врз животните процеси: раст, развој, размена на материите и физиолошка состојба на организмот. Затоа исхраната треба да обезбедува оптимална количина и баланс на примените витамини, за да се осигура здравјето и вистинскиот раст на децата. Исто така го подобруваат имунитетот и имаат значење за правилното искористување на основните хранливи материи и хемиската активност на ензимите.


Витамин А


Го потпомага растот и нормалниот развој на коските, забите, кожата и мукозните мембрани и добриот вид. Преку храната може да се најде главно во производи од животинско потекло (црн дроб, путер, жолчка, млеко и др.). Растенијата кои содржат каротин (провитамин А), во човечкиот организам се претвора во витамин А. Каротинот се содржи во жолто-портокаловите овошја и зеленчуци.


Витамин D


Популарен за профилакса на рахитис. Тој стимулира минерализација и раст на коските и е главен регулатор на метаболизмот на калциумот и фосфорот во организмот. При недостаток се развива рахитис. Се содржи се во рибиното масло, јајцата и црниот дроб. За подобра  апсорпцијата на витамин Д помага сонцето.


Витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, Витамин Б6  


Овие витамини се важни коензими во размената на јаглехидрати, протеини и масти. Учествуваат како пропратни фактори во многу ензимски процеси - во производството на црвени крвни зрнца, придонесуваат за движењето на кислородни молекули во крвта, имаат улога при формирањето на антитела и при апсорпцијата на храната. При дефицит настапуваат промени во кожата, јазикот и периферните нерви, додека  кај доенчиња можат да се јават конвулзии и анемија. Најдобри извори на храна се банани, говедско месо, пивски квасец, кафеав ориз, пилешко месо, јајца, овес, кикирики, соја ореви, ореви, интегрална пченица, црн дроб, авокадо.


Витамин Ц


Познат е уште како аскорбинска киселина. Овој витамин врши многу важни функции во човечкиот организам. Учествува во формирањето на ткивата, коските и забите. Учествува во синтезата на колагенот, метаболизмот на холестеролот и невротрансмитерите, учествува во апсорпцијата на железото, ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции. Овој витамин не може да се произведува во човечкиот организам и мора да се внесе преку храната. Се содржи во свежото овошје и зеленчук, во поголеми количини во шипка, лути пиперки, јагоди, цитрус, црна рибизла, пипер, магдонос, коприва, спанаќ и зелка. При дефицит се намалува отпорноста кон инфекции, при системски недостиг се развива скорбут (тешко заздравуваат рани, крварење од непцата).

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет