cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Велики четврток

Денеска е Велики четврток. Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Велики Четврток е нарекуван уште - чисти четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти

Велики четврток

На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и  настанало предавството на Јуда. 

Велики Четврток е еден најзначајните денови за подготовките за Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени - бојата ја симболизира Христовата крв. 
Денес рано пред да изгрее сонцето, домаќинката традиционално вапцува јајца. Првото вапцано јајце се чува цела година и за него се верува дека има магиски моќи. Со него уште додека е топло, домаќинката поминува на лицата на децата велејќи " црвено, бело, весело" за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да  штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех. 
На Велики Четврток жените  минуваат најмногу време во кујната. На овој ден се замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник). 
Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца. 
Се верува дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена. 
Во минатото на Велики Четврток луѓето ги осветувале новите домови.
Што велат преданијата и Библијата за овој ден? 
Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков гревРимјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал "Распни го! Распни го!". Затоа откако ја изрекол пресудата,Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: "Јас не сум виновен за смртта на овој праведник".
Извор : Википедија и Религија.мк 

 

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет