Вежбајте додека сте на работа
Со нашиот динамичен начин на живот, навистина е тешко да најдеме време за вежбање. Поголемиот дел од денот работиме, а потоа кога ќе си дојдеме дома, се нафрламе на храната и секогаш имаме изговор дека сме уморни за да вежбаме
Затоа ќе ви препорачам неколку вежби, кои ќе можете да ги правите додека работите, за да не мора да се принудувате себеси да вежбате после работа.
* Доколку вашата фирма е поголема и имате скали, практикувајте повеќе да се качувате или симнувате по скали, заборавете го лифтот, бидејќи вака ќе може да согорите до 100 калории дневно.
* Додека чекате ред за фотокопирање или ред за во кујна или тоалет, подигнувајте се до 30 пати на прсти.
* Секојдневно правете истегнување на вашите нозе, додека работите.
* Додека куцате на компјутер, исправете го грбот и подигајте ги колената нагоре, задржете ги неколку секунди па спуштете ги надоле. Оваа вежба повторувајте ја неколку пати. Вака ќе ги зајакнете вашите стомачни мускули.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)