Видео: Како изгледа "шиење" по епизиотомија?
30 милиони прегледи: Акушерка покажа како изгледа шиењето по епизиотомија
@midwifetok Ouch #childbirth #midwife #midwifery #episiotomy #suturing #stitches #nursetok #nurse #fyp
? EminemRemix. Bilston.Web - Francesco
Првородените главно не знаат што ги чека кога ќе започне породувањето. Затоа на интернет има бројни едукативни содржини кои жените ги подготвуваат за тоа што ќе се случува во родилната сала.
Прворотките главно не знаат што ги чека кога ќе започне породувањето. Затоа на интернет има бројни едукативни содржини кои жените ги подготвуваат за тоа што ќе се случува во родилната сала.
Ретките среќници не доживуваат кинење на перинеумот или епизиотомија, проследено со шиење. Бидејќи оваа процедура се изведува под анестезија, генерално не е болна, но не е ниту пријатна.
Бабицата Ајон Ленокс-Хотл објави на TikTok како изгледа шиењето по епизиотомија, а видеото стана вирално со 30,6 милиони прегледи.
„TikTok е апликација наменета за помладата генерација, па мислам дека видеата со кои работиме со кукли за раѓање станаа вирални бидејќи луѓето никогаш не виделе нешто слично. Породувањето е природно, интересно и страшно, различно за секого“, изјави таа за BuzzFeed.
Ленокс-Хотл исто така се пошегува: „Ако луѓето полудат поради ова породување што го симулираме со кукла, тогаш тие не сакаат да бидат во породилната сала кога работите ќе тргнат наопаку“.