Вирално видео: Како всушност изгледа породувањето?
Неверојатен е моментот на создавање на нов живот, а доаѓањето на бебето во свет е уште почудесно

Породувањето е секако најпосебниот момент во животот на жената, и круна на секоја бременост. Претходните месеци го добиваат своето големо финале, а сета љубов, стравови, надежи и грижи се сумирани во единствен ден во кој внесуваме нов живот во светот.
Иако е едно од најсложените и најболните искуства во животот на жената, имајте на ум дека породувањето е и сосема природен физиолошки процес.
Едукативно видео, објавено на Фејсбук страницата на IFL Science, може да им помогне на многу прворотки да создадат слика - како всушност изгледа породувањето. Видеото собра повеќе од 120 илјади лајкови и 50 илјади коментари од ентузијасти ширум светот.
Бременоста е навистина чудесна состојба, а доказ дека телото е навистина најсовршениот механизам во природата е токму ова видео.