Вратете се на училиште со вкусна ужинка во џебот!
Летниот распуст заврши, а враќањето на училиште со себе носи нови авантури, но и нови рутини, особено кога станува збор за подготвување оброци и хранење на вашите деца во текот на училишниот ден. Не треба да се грижите – Нутрино јуниор е тука
Во текот на летото, малечките со задоволство ги јадеа ужинките на Нутрино јуниор и се заљубија во четири чудовишно погодни комбинации на омилени овошја и незаменливи намирници за секое детство, кои совршено се вклопуваат во сите нивни летни авантури. Сега, тие се подготвени да се вратат на училиште и да го загреат столот, а овошните ужинки на Нутрино јуниор со бисквити, чоколадо или житарки се тука да им дадат енергија. Конечно, вие можете да бидете безгрижни и сигурни дека најдовте поздрави опции без конзерванси, адитиви, глутен и додаден шеќер, а вашите малечки ќе ја имаат тајната формула за максимална концентрација и истражување на светот со сите свои сетила.
На одморот помеѓу часовите, ужинките на Нутрино јуниор се секогаш при рака! Неодоливите вкусови на хранливите овошни мешавини од бисквити, чоколади или житарки се подготвени за децата на секој одмор да ги изедат во движење – БРЗО, ПОБРЗО или ВЕДНАШ! И не само тоа, ужинките се тука за да ги поддржат кога пишуваат или кога се запрашуваат „кој ја измислил оваа математика?“.
Сите овошни пиреа се спакувани во практични „пауч“ пакувања, кои зачувуваат свежина, мирис и вкус и лесно се вклопуваат во секој училишен ранец, торба, па дури и во џеб. Децата можат да уживаат во нив кога сакаат. Без разлика дали им е потребен поттик за учење, креативна игра или дополнителна енергија пред или после спортските активности, ужинката Нутрино јуниор е сигурен придружник, кој ќе ги поддржи во секоја ситуација, правејќи да биде сè многу полесно и позабавно.
Заедно со шармантните четири помлади чудовишта Лаплап, Њам-њама, Ждера и Грицко, кои малечките веќе ги препознаваат, обожаваат и ги поврзуваат со нивните омилени производи, децата ќе уживаат со сите свои сетила во вкусни и здрави ужинки. Комбинацијата од јаболко, јагода, ванила и житарки е на сите топ листи и обезбедува богатство од растителни влакна и витамин Ц. Цело лето не беше доволно за да се најде лесен начин да се избере дали прво да се отвори „паучот“ од јаболко и банана со чоколадо или пак комбинацијата од јаболко и банани со бисквити. Во секој случај, не грижете се, бидејќи и двете комбинации се одличен извор на антиоксиданси и здрави јаглехидрати, кои на најмалите ќе им дадат сила за сите активности кои ги очекуваат во текот на денот. А кога станува збор за миксот од јаболко, портокали, бисквити и чоколадо, низ градот се шушка дека еден „пауч“ не е доволен за една ужинка, бидејќи тој се јаде брзо и со сласт.
Покрај вкусните ужинки Нутрино јуниор во практично пауч пакување во количина од 180г и 100г, за брз појадок или лесна вечера Нутрино има и суви житни каши. Вашите деца ќе уживаат во два одлични вкусови на суви житарки со додадено какао или бисквити, кои ги носат добродушните лакоми чудовишта Ле Џвак и Гризела. Сувите житни каши на Нутрино лесно се подготвуваат, а нивниот хранлив состав на децата ќе им даде чувство на ситост за сите планирани активности.
Нашите чудовишни пријатели ви подготвија ужинки кои ќе бидат идеален сојузник за сите училишни активности. Пронајдете ги ужинките на Нутрино јуниор, кои го придружуваат враќањето на вашите малечки на училиште, и бидете безгрижни знаејќи дека на вашето дете му обезбедувате квалитетна и целосно безбедна храна.