Задолжително лекување на млечните заби
Најраспространета патологија кај децата при редовни систематски прегледи е кариесот. И покрај тоа, многу родители не обрнуваат внимание на состојбата на млечните заби на нивните деца, поради фактот што тие заби сепак ќе паднат
Детето учи да гризе и џвака благодарение на млечните заби. Тие се неопходни и за правилен развој на говорот. Затоа нивното предвремено расипување и паѓање доведува до поместување на трајните заби и резултира со разни неправилности на вилицата. Расипаните заби, пак, се првата станица за долгорочни инфекции. И конечно, расипаните заби или уста без заби едноставно изгледаат грдо. Кариесот на млечните заби најчесто се открива на две или три години, дури и порано.
Понекогаш тие паѓаат веднаш штом ќе никнат. Зошто? Поентата е дека кариесот е болест на која влијаат повеќе фактори. На формирањето на забното ткиво на детето може да влијаат разни болести на мајката за време на бременоста: токсикоза, висок крвен притисок, протеини во урината, претходни инфекции, загадена околина, пушење. А мајките често не се свесни за ова влијание, ниту пак се сеќаваат дека биле болни за време на бременоста.
Штом ќе пораснат првите заби на бебето, тие веднаш се под влијание на бројни фактори: засладена вода, храна, пијалаци, цуцли, недоволна хигиена на усната празнина. Околу првиот роденден, рефлексот на цицање исчезнува, но многу родители сепак му даваат шише со цуцла и колачи меѓу оброците на своето дете. Покрај тоа, бебето поминува добар дел од денот во спиење, а притоа многу помалку се лачи плунка, која има заштитна улога поради високата содржина на микроелементи и флуор. Плунката кај бебињата има двојно повеќе одбранбени антитела отколку во подоцнежната возраст.
Кариесот се јавува и кога детето предолго е изложено на цуцли. Поради ова, на површината на забите се акумулираат бактерии од млечна киселина, додека децата кои се на мешана исхрана почнуваат да јадат цврста храна, што помага за самочистење на тврдото забно ткиво. Заштитната функција на плунката е нарушена и кога детето јаде без ред и добива млеко во секое време, кога сака. На овој начин, плунката не може да ја „измие“ усната празнина, што доведува до постојано присуство на млечна киселина.
Како да се спречи расипување на забите кај децата?
Првиот и најважен чекор е да се ослободите од штетната навика да нудите засладени пијалаци навечер. Откако биле принудени да поминат непроспиена ноќ со дете што вреска и го бара своето шише, а наутро слушајќи ги забелешките на соседите на оваа тема, родителите вообичаено креваат раце. И тоа е погрешно. Затоа што за толку важен проблем е потребно многу повеќе трпение. Борбата со навиката за јадење и пиење треба да биде постепена. Соковите може да се разредуваат со вода, а количината на шеќер во млекото и чајот треба да се намалува од ден на ден.
Следниот чекор е родителите да се запознаат со начините за одржување на хигиената на усната празнина. Колку и да звучи чудно, многу возрасни не знаат како правилно да ги мијат забите, што значи дека прво треба да се едуцираат родителите, за да можат да им го пренесат своето знаење на своите деца. Добри резултати во борбата против овој проблем дава и премачкувањето на забите со флуор.
Затоа е потребно детето да се носи на стоматолог од неговата прва година.
Исклучително е важно посетите на стоматолог во раното детство да се одвиваат во опуштена и весела атмосфера. Истражувањата непобитно покажуваат дека искуството на детето од тој период остава неизбришлива трага на психата и влијае на неговото однесување кога ќе порасне. Затоа, стоматологот мора да има посебно знаење за работа со најмладите. Доколку е можно, посетете стоматолог чија работа е фокусирана само на работа со деца.
Направете го вистинскиот избор за одржување на здравјето на млечните детски заби - ЛАКАЛУТ БЕЈБИ 0-2 години паста за млечни заби, без шеќер, со вкус на малина и банана.
Содржи ксилитол и флуориди за реминерализација на чувствителниот забен емајл и заштита од кариес и штетни киселини.