Запознајте ја Кејт: модна блогерка и кул мама
Кејт Вотерхаус е новинарка, ТВ презентер, радио водител и колумнист. Погледнете некои од нејзините топ комбинации кои секако би послужиле како инспирација за претстојната есенска сезона
Кариерата ја започнала како стајл уредник, па продолжува како главен моден уредник. Пишувајќи за модата, нејзини соговорници во интервјуата се Ким Кардашијан, Камерон Дијаз, Ева Лонгорија, Миранда Кер и многу други модни икони. Член е и на реалното шоу за модни блогери – Fashion Bloggers.
Во 2013 година, го започнува и модниот блог katewaterhouse.com, каде активно ја следи модата, трендовите, убавината и стилот на познатите личности.
Од 2014 година, таа ужива во улогата на мајка на прекрасната Софија.
Погледнете некои од нејзините топ комбинации кои секако би послужиле како инспирација за претстојната есенска сезона.