cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Заштитете го машкото срце!

И срцето на мажите е ранливо. Еве неколку начини со кои можете да го заштитите

Заштитете го машкото срце!

 

1. Печете го стекот на скара - Можеби мислите дека храната приготвена на скара е штетна за срцето, но се лажете. Говедскиот стек содржи многу селен и Б витамини.


2. Гледајте хорор филмови – Било која активност која што ја забрзува работата на срцето е добра за кардиоваскуларното здравје.

3. Трчајте во затворена просторија во магливи денови - Финските истражувачи откриле дека надворешните физички активности во денови кога има магла, го зголемуваат ризикот од формирање на тромби во крвта поради намалената снабденост со кислород.

4. Кажете и на вашата партнерка да не пуши цигари во ваше присуство - Докажано е дека 30 минутната изложеност на чадот од цигари, три пати во неделата, го зголемува ризикот од срцево заболување за 26%.

5. Практикувајте пливање - Британските научници откриле дека мажите кои согоруваат само 50 калории дневно со активности какво што е пливањето имаат 62% помала шанса да умрат од срцево заболување, споредено со мажите кои согоруваат седум пати повеќе калории – 340 на ден – за време на одење.

6. Регулирајте го холестеролот со помош на добри масти - Наместо полинезаситени масти, внесувајте мононезаситени, какви што ги има во бадемите.

7. Совладајте ја депресијата - Докажано е дека мажите кои страдаат од депресија, два пати почесто развиваат срцева болест. Оптималната комбинација на антидепресивни лекови и физичка активност е клучот за успех во борбата против депресијата.

8. Медитирајте по 20 минути на ден - Медитацијата ја намалува анскиозноста и депресијата за 25%.

9. Набавете вреќа за боксирање - Една студија во Харвард откри дека мажите кои го покажуваат бесот, имаат двојно помал ризик од срцево заболување, отколку оние мажи кои го потиснуваат бесот во себе.

10. Земете Аспирин - Регуларното внесување на аспирин го намалува ризикот за коронарна срцева болест за 28%.

11. Пијте сок од брусница - Секојдневното внесување на сокот од брусница го зголемува нивото на ХЛД (добриот) холестерол за 10%, доволно за да се намали ризикот за скоро 40%.

12. Појадувајте - Мажите кои појадуваат, имаат 44% помала шанса од проблеми со телесната тежина.

13. Внесувајте фолна киселина - Фолната киселина го намалува ризикот од срцево заболување за 16%.

14. Качувајте се по скали - Качувањето по скали е една од најдобрите активности кои го регулираат крвниот притисок.

15. Чајот не е само за жените - Мажите кои пијат по 2 чаши чај на ден, имаат 25% понизок ризик од кардиоваскуларно заболување. Флавоноидите од чајот ги релаксираат крвните садови, го намалуваат крвниот притисок и го спречуваат згрутчувањето на крвта.

 

 

zazdravje

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет