Здрава исхрана за најмладите во текот на зимата
Квалитетната исхрана на децата во текот на целата година е од витално значење за правилен раст и развој на нивниот организам. Сепак, посебна потреба за храна богата со хранливи материи се јавува во текот на студените денови

Кога зборуваме за квалитетна исхрана, најголемо внимание обрнуваме на разновидноста, богатството од витамини и минерали, како и на редовното внесување овошје, зеленчук и житарки. Правилниот раст и развој на децата бара дневен распоред на оброци кој треба да вклучува појадок, ручек и вечера како главни оброци, со задолжително додавање на ужина. Редовното консумирање оброци, како и вклучувањето на овошје и зеленчук, исто така, претставува многу важен аспект во исхраната.
Зимскиот период претставува посебен предизвик, бидејќи децата обично поминуваат помалку време надвор, а тоа значи помала физичка активност и пократко изложување на сонце, што често може да предизвика разни настинки и вируси кои преовладуваат во зимскиот период. За време на студените зимски месеци, редовното внесување на овошје и зеленчук е од суштинско значење за зајакнување на имунолошкиот систем на децата, помагајќи им да останат здрави и отпорни. Дополнително, во текот на зимата се јавува проблем и со набавка на свежи намирници, при што родителите често мораат да посегнат по алтернативни решенија со кои на своите деца ќе им обезбедат доволен внес на витамини и минерали. Брзо и квалитетно решение се купените кашички во теглички. Кога се бира вистинскиот производител, важно е да се изберат производи кои обезбедуваат разновидност и ги задоволуваат хранливите потреби на децата. Се препорачуваат кашички со внимателно контролирано потекло и квалитетни состојки.
Паметна храна секој ден
Кашичките на Nutrino во теглички се вистинскиот избор и сојузник во обезбедувањето квалитетна исхрана на децата во студените зимски денови. Направена од 100% природно овошје и зеленчук, без додаден шеќер и конзерванси, храната за бебиња на Nutrino ги задоволува хранливите потреби во секоја фаза од развојот на детето. Асортиманот на кашички на Nutrino е разновиден и нуди одлични вкусови во кои ќе уживаат вашите најмали.
Совршената комбинација на зеленчук, без сол и глутен, ќе ја најдете во зеленчуковите кашички на Nutrino. Кашичката од мешан зеленчук содржи многу витамини и минерали и е идеална за најмалите, особено во почетните фази на воведување храна која не е млечна. Покрај тоа, нудиме и кашички направени од различни видови месо во комбинација со зеленчук, кои се, исто така, одличен избор во исхраната на најмалите. Покрај зеленчукот, за децата подеднакво важен е и внесот на овошје, а овошните кашички на Nutrino овозможуваат вистинско уживање. Има навистина многу вкусови, како на пример: овошно пире од јаболка во комбинација со круша, банана, праска и други овошки или житарки и бисквити, кои обезбедуваат богатство од минерали и витамини.
Сите производи на Nutrino придонесуваат за правилен раст и развој на децата. Затоа, не грижете се, бидејќи Nutrino внимателно ги избира најквалитетните намирници, овозможувајќи ви да уживате во моментите додека вашето дете го истражува прекрасниот свет околу себе.