Жените го враќаат сексипилот 409 дена по породувањето?!
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната активност, покажало истражувањeто на британскиот портал "Mohomams кое било спроведено на 1000 жени
Жените признаваат дека во просек им се потребни 5 месеци за да ја вратат совршената фигура, а самодовербата им се зголемила со враќањето на работа.
Иако познатите мајки како Викторија Бекам и Александра Амбросио својата совршена фигура ја враќаат еден месец после породувањето, на "обичните" жени им се потребни скоро година дена, откриваат најновите студии.
За да ја вратат фигурата и сексуалниот нагон кој го имале пред бременоста, им се потребни 409 дена. Скоро 10 проценти од жените тврдат дека им е потребно повеќе од 2 години за повторно да се почувствуваат посакувано, а 15 одсто од нив веруваат дека никогаш нема да го повратат тоа чувство. Причината за ова лежи во постојаниот замор и зголемените килограми, но и фактот дека немаат многу време за себе. Половина од жените признаваат дека веднаш штом се вратиле на работа и нивната самодоверба се зголемила, колку посигурни се чувствувале во работните обврски, дотолку попривлечно започнале да се чувствуваат.
Бременоста и децата го менуваат животот од темел, жените треба да бидат свесни дека споредбата со други жени после породувањето може да предизвика спротивен ефект и да доведе до депресија.