Жените многу се потпираат на вештачко оплодување
Жените кои одлучуваат да станат мајки по 35-та година, имаат многу мали шанси да зачнат, кажува еден стручњак за вештачко оплодување
Директорот на Fertility Group од Quеensland Австралија, Дејвид Молој кажува дека многу жени погрешно се потпираат на вештачкото оплодување како на сигурен потег, а би требало порано да почнат да работат на проширување на семејството.
Истражувањето кое е спроведено на 1000 жени во Австралија открило дека скоро 64% од испитаниците не знаело дека нивната плодност рапидно опаѓа по 36-та година од животот.
Исто така, истражувањето покажало дека 60% од жените сметаат дека без проблем можат да добијат дете во четириесеттата, благодарение на вештачкото оплодување.
Но, се работи за заблуда.
Др. Молој кажува дека вештачкото оплодување не е гаранција за зачнување, бидејќи кај постарите жени успехот е многу помал.
“Најголеми шанси да добиете дете имате ако се обидувате пред 35-та година од животот. Една од главните причини што паровите не можат да добијат дете е што предоцна се одлучуваат на тој чекор”, вели Др. Молој.
“Шансите за да забремени 35-годишна жена со вештачко оплодување во првиот циклус се 40%. Ако жената има 40 години, шансите се околу 20%”.