cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто зелениот чај го намалува стомакот?

clock-img

15.4.2015

Зошто катехините од зелениот чај го намалуваат стомакот? Научните истражувања докажаа дека зелениот чај директно ги погодува...

Зошто зелениот чај го намалува стомакот?

Научните истражувања докажаа дека зелениот чај директно “ги погодува” масните наслаги на стомакот заради кои дебелите луѓе се и најнесреќни. Студијата, објавена од страна на “Американското списание за клиничка исхрана” (AJCN) и научниците од токиската корпорацијата “КАО” утврдиле дека учесниците кои 12 недели секојдневно пиеле чај збогатен со 690 мг билни антиоксиданси како зелениот катехин изгубиле 450 % повеќе стомачни масни наслаги отколку оние кои пиеле плацебо напиток – иако и тие внесувале ист број на калории. Кај нив не се намалило само површинското сало, туку намалувањето е забележано и подлабоко во подлабоките слоеви кои ги обложуваат органите под мускулите, вели лидерот на истражувачкиот тим Томонори Нагао.


Дали диетата е излишна?

Има уште добри вести: Зелениот чај не само што ги согорува масните наслаги околу струкот и стомакот туку професорот Нагао го докажал фактот дека луѓето кои пијат чај збогатен со катехини, губат речиси три пати повеќе масни наслаги од членовите на групата кои биле само на диета. Тој укажува на способноста на напитокот да ја зголеми термогенезата, т.е темпото со кое телото ги согорува хранливите материи за да произведе топлина.
До слично откритие дошле и научниците од Универзитетот во Женева, кои во “Американското списание за клиничка исхрана””AJCN” објавиле информација дека epigallocatechin gallate (EGCG), најчесто застапениот катехин во зелениот чај ја зголемува термогенеза на организмот до 43 проценти.

Поконкретно, оние кои со три дневни оброци земаат 90 мг катехин EGCG (еквивалент на една шолја чај ), плус 50 мг кофеин (природна компонента на зелениот чај), согорувале 10 проценти повеќе складирани маснотии.

EGCG и кофеинот заедно го зголемуваат производството и активноста на норепинефринот (невротрансмитер кој ја стимулира термогенезата) – вели д-р Џефри Блумберг, директор на Лабораторијата за тестирање антиоксиданси “Tafts” при Универзитетот во Бостон. “- Доколку нивото на норепинефринот ви е повисоко, дотолку повеќе вашиот метаболизам работи побрзо. ”

Врз основа на овие и други студии, научно е утврдено дека со 3-5 чаши зелен чај, со било каква програма за исхрана доаѓа до губење на тежината. “Магичниот напиток” можете да го додадете по секој оброк, коктел или десерт (сладолед, на пример), без никаква посебна диета.

 

Од овие причини зелениот чај како составна компонента е присутен и во нашите препарати за слабеење Slimline, Slimline Tea , Slimline Acai berry, SLC Super Slim и SLC Fat Fat Burner. Неговотo присуство точно и процентуално утврдено во желатинските капсули и во филтер кесичките им помага на нашите потрошувачи лесно да ги постигнат посакуваните резултати при слабеење , а за уште побрз ефект ги советуваме нашиот чај Slimline Tea обавезно да го комбинираат со било кој од четирите врсти капсули за слабеење. Бидејки секој организам различно реагира на одредени компоненти и затоа Slim Line Club Ви нуди широка палета на различни производи за слабеење.


Slimline

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет