|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   #ДајтеидевојканаЕлса
6.5.2016 13:04:52   
Snowhite RR
Деновиве на интернет кружат статии дека твитер фановите покреваат иницијатива Дизни хероината Елса од цртаниот филм Ледено Кралство(Frozen) во продожението да и најдат девојка со што таа ќе стане првата геј принцеза. Се почнало кога 17 годишната Алексис Изабел на твитер споделила хаштаг #ДајтеидевојканаЕлса (#GiveElsaAGirlfriend), кој потоа е ретвитуван неколку илјади пати.
Во своето објаснување Алексис вели дека додека растела никогаш не видела принцеза да се заљуби во друга принцеза. Индустирјата секогаш ни претставуавала девојки кои се вљубуваат во ѕверови, огри кои стануваат човечки суштества, дури и жени кои се вљубуваат во пчели. Но никогаш не сме виделе хoмосексуална врска.
Понатаму, младата активистка, која е геј објаснува дека сексуалната ориентација на Елса ќе ја смени играта, со тоа што на младите девојчина ќе им се даде шанса да разберат дека една принцеза може да сака друга принцеза исто како Пепелашка го сака Принцот и дека тоа би било витално за нивниот развој, заклучува таа. Никој не заслужува да биде изолиран и збунет за тоа кој е. Се што ни треба е некој да ни покаже дека постојат и други опции за нас, друг вид на принцези и друг начин да се има среќен крај каков што заслужуваме, вели таа.

Ме интересира какво е вашето размислување за ова? Дали се согласувате со оваа девојка дека тоа би било добар начин да им се објасни на нашите деца дека постои и нешто друго освен брак/врска помеѓу маж и жена или сметате дека тоа е табу и не би требало да го има во цртан филм?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
6.5.2016 13:51:27   
sandriana RR
Хомосексуалноста не е табу, или не би требало да биде, но сметам дека не и е место во цртан филм кој го гледаат деца од 3 - 4 години. Зошто?
Затоа што толку мали деца се уште ја учат и ја разбираат основната врска машко-женско (која е основна биолошка нормална врска - за опстојување на видовите), и се друго, поразлично само би ги збунило.
Во ред е да се најде начин да се доближи, објасни и разстигматизира постоењето на геј, но не сметам дека тоа е во ваков вид на цртан филм, следен од најмладите.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
6.5.2016 19:07:15   
lukajana RR
Лоша идеја ептен , јас не би дала моите деца да гледаат таκов цρтан.
Во ноρмални семејство би станала голема забуна за односите меѓу ρодителите .
Сигуρно го планиρаат за децата во хомо бρаκови ама не е ноρмално на тоκκу мали деца да им се пушта таκов цρтан

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
7.5.2016 19:36:54   
Defne90 RR
Хомосексуалноста како сексуална ориентација воопшто не ја оспорувам и во никој случај не су, против таквите врски.Е сега сето тое е нешто што сепак е одлика за светот на возрасните и тие прашања во врска со сексуалната ориентација би требало да ги засегаат само возрасните и зрели луше.И во никој случај не и е место во детски цртан филм што само може да ги збуни нејзините најмали гледачи:Јас како мајка во никој случај не би дозволила моите деца да гледаат таков цртан филм во кој се промовира нешто што сепак колку и да не сме против тоа и колку и да веруваме во слобода во сексуалчна ориентација, сепак е неприродно.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
15.5.2016 8:35:05   
Палешка РР
Сметам дека на ваков начин многу девојчиња ќе бидат разочарани и збунети. Толку е популарен тој цртан филм и толку многу мали девојчиња се идентификуваат со Елса, што е крајно безобразно да се користи во вакви цели
Децата кои ја гледаат и обожуваат Елса (2-8 години) се многу мали за да сфатат дека нивната хероина нема да има принц, туку ќе биде геј.
Немам ништо против ЛГБТ заедницата, но оставете им ги хероите со кои децата растат на раат.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
25.5.2016 12:59:39   
vezilka RR
Моето мислење е дека ако воопшто ставаме сексуална ориентација во приказната, тогаш може таа да биде во сите насоки. А во сите приказни има сексуална ориентација., секаде има пронцеза и принц. Јас сметам дека треба да има ликови со поинаква сексуална ориентација во цртаните и прикаските и на тој начин на децата тоа нема да им биде чудно и табу.

Уствари цртаните се толку полни со стеротипи врз кои децата ги градат своите идентитети, што мене ми е иритирачки. На пример, малтене сите принцези се претставени како тенки, високи убавици. Значи уште од таа возраст им се сугерира некој идеал. Па ако се машки ликови тогаш мора да бидат силни, бестрашни хероишта. Тотално безвезе.

Истото е и по ова прашање. Кога веќе си се згнал да претставуваш врска, покажи им ја целата вистина. Треба да бидеме малку реални, Светот се менува. Правилата навигра се менуваат. Се повеќе информации им се достапни на децата. Така да дали ќе го видат тоа во цртаниот или на интернет, некаде ќе го види, и ќе му треба објаснување, е што потоа..Тука сме ние родителите понатаму одговорни. Тоа што ние ќе му го всадиме, таков став ќе изгради понатаму.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: #ДајтеидевојканаЕлса
26.5.2016 12:08:31   
niki
Vo serijata Once upon a time Elsa dobiva devojka
Tinejderi ja gledaat taa serija, verojatno za nea e namenet komentarot
Licemerno e celo rastenje da im pretstavuvame mit kako vistina a potoa vo najcuvstvitelniot period na sozrevanje koga seksualnosta im e svera na interes da im se frlaat takvibombi
Ne fer da gi vospituvame decata da veruvaat vo zabludi i koga ke treba da se soocat so realnosta da bivaat sokirani od nasite lagi i licemerja
Svetot e poubavo mesto dokolku vo nego vladee iskrenost

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?