|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Антиспермални антитела (ASA)
21.10.2012 20:31:00   
Melanija RR
На антителата најчесто се сомнева кога постои слепување,групирање на сперматозоидите а тоа се покажува на Спермограмот во делот за аглутинација.Најчесто тогаш мажите се упатуваат на ова тестирање.
Но може да пишува и дека нема ,но на тест преку крв за антиспермални антитела да има.
Најдобро е да се испита и преку крв.

Причина за оваа реакција може да бидат инфекции,траума во пределот на тестисите,премногу седење,кај оние кои имаат пробелм со проширени вени на тестисите.
Не се сите антиспермални антитела од исто значење.Како ќе влијае на плодот,зависи од тоа каде се ,,закачени,, на површината на сперматозоидите.Некогаш антителата ја намалуваат подвижноста на сперматозоидите ,односно ги успоруваат на патот до јајните келии,некогаш блокирањето отпочнува со реакција на оплодувањето.
Можно е и сперматозоидот кој на себе носи антитела ја оплоди јајната келија.но таквата бременост во голем процент завршува со спонтан.Антителото може да вчијае на битната фаза на делење на јаните ќелии,што се одразува на виталноста на плодот.
Тетсот покажува колку проценти од сперматозоидите се зафатени со антитела,немора да значи дека сите сперматозоиди се со антитела.

Антиспермалните антитела кај жените се поретки како причина за имунолошка неплодност.Жената може да произведува антитела кои прават барикада за да поминат сперматозоидите ,воглавно во цервикалниот канал, што може да се надмине со инсеминација.
Постои терапија и за двајцата но најдобро решение е инсеминација а уште подобро ИФВ.

Присуството на антиспермални антитела (ASA) најчесто се одредува во семената течност и цервикалната слуз.Истотака е потребно да се испита и преку крв кај двајцата партнери.
Тестот е важно да се направи на време ,а според некои доктори после 2-3 месеци од неможноста да се забремени.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 21.10.2012 20:42:00 >

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
21.10.2012 20:51:30   
Melanija RR
Ова испитување се прави на Имунологија во Државна ,за нас упат за антиспермални антитела од матичен гинеколог, а за мажите од матичен опш лекар.
За двајцата ќе ве чини 120 ден,нема потреба од закажување,неважно кој ден од циклус,итн итн.
Земете упат и одете кога ќе можете.Резултати за одприлика 1 недела зависи до кога ги собираат,но навистина е брзо.

Како што пишав во темата Генетски испитувања кај мм се благо зголемен бројот,а кај мене трипати зголемен.Во спермограмот нема ништо.

Мој совет ИТНО.

Зошто да си го губите времето,јас изгубив 2 години па несакам уште некој да губи време и да лута,се што знам ќе споделам за на сите идни исчекувалки да им го олесниме трновитиот пат.

user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 21.10.2012 20:52:13 >

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
9.11.2012 23:38:23   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: gordana zlato

imam anti tela visoki vo krvta pomos koj znae kako se lecat i od sto moze da se kacat visoki

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 0:05:57   
lindicka
Значи аглутинацијата и АСА се поврзуваат со неправилните сперматозоиди?

И ова ќе го ставам на список за испитување. Е, значи овие нашиве лекари што прават?!!! Ништо не не упатуваат, ние самите треба да трчаме!!!!!!

Туку, на Имунологија се закажува за анализа, или не?

Фалаuser posted image

П.С. Се чувствувам како да сум на специјализација - гинекологија-стерилитетuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 19.1.2013 16:07:11 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 9:40:55   
Ikana
Еве едно интересно видео кое прикажува како одбранбениот систем на жената ги напаѓа сперматозодидите во цервиксот.

КЛИК

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 12:40:09   
lindicka
Уф, се наежив од видеото.
user posted image

А каде е Имунологија? user posted image
Еве еден линк за раѓање

Конечно и мажите знаат каква е породилната болка!

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 19.1.2013 16:08:56 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 16:16:32   
Melanija RR
Имунологија е скратено од Институт за имунобиологија и хумана генетика.

Не се закажува, но пред 1 месец беа префлени во едно црвено баракиче пред зградата на Инфективно.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 16:28:44   
Ummu_Ajna
melanija anti spermalni tela sd gledaat vo spermogramot ili vo spermokultura? jas imam dva spermograma novi medec dena se, tamu ne se pokaza nekoji antispermalni tela, ili treba spermokultura da se napravi?

_____________________________

Inna Lilahi we inna ilejhi radziun

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
19.1.2013 16:38:45   
Melanija RR
Не Ајна сакав да кажам дека на спермограмот може да се покаже преку аглутинација но немора и да значи.Ако покаже се прави задолжително спермокултура и антиспермални антитела.

Значи ова е башка испитување и се зема крв од двајцата партнери.
Колку што читав во Србија се прави и преку крв од двајцата и плус од спермата.

Ова е многу важно испитување, НО по 2 месеци од кога испитавме а мене ми беа за 3 пати повеќе зголемени антителата јас по некое чудо природно забременив.Инаку ако е зголемен бројот на антителата природно неможе да се забремени туку само со инсеминација и ИФВ.Факт е дека на 3 месеци се обновуваат сперматозоидите ,но ете кај нас чудо или?
Секако препорачувам да се направи и овој тест.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ummu_Ajna)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
22.1.2013 13:51:22   
MademoiselleNina
Тука првпат прочитав за антиспермални тела, до сега бев кај неколку гинеколози и никој ниту еднаш не ми спомнал вакво испитување, а речиси 1,5 години се обидуваме да имаме user posted image user posted image
Сепак ќе испадне дека е подобро да прашаш некој кој го изодел патот ...
Дали сама да му спомам на мојот гинеколог дека сакам таков тест?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
22.1.2013 15:47:13   
Ummu_Ajna
sakas nekes mora da go napravis toa, podobro za tebe da vidis da ne ima maz ti nekoe antispermalno telo vo semeto moze zaradi toa ne mozes da ostanes trudna

_____________________________

Inna Lilahi we inna ilejhi radziun

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
22.1.2013 16:22:02   
Melanija RR
MademoiselleNina еве ако дозволиш да те подучам на некои финти како што јас ги викам.Незнам што се испитувања имаш правено но ни ова не е на одмет.

Сврти муабет дека сакаш уште нешто да испиташ,имунолошки или генетски, кажи сакам да испитам по сигурно да се чуствувам.Веројатно одговорот ќе биде ок или па тие не се важни најчесто кај сите се ок.
Земи пример на форумот никоја не с епожалила дека ова испитување и излегло лошо,а ете кај мене беше така.
Ако сигурно сакаш можеш да го убедиш дека сега твоја прва братучетка или слично го правела ова па ете да го поминеш и овој тест.
Со среќа user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ummu_Ajna)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
22.1.2013 16:45:30   
gina
Melanija mozez li da ni kazes koj drugi ispituvanje treba jas sum zainteresirana poradi 5 ivf neuspesni a nitu eden d-r ne mi spomnal za vakvi isputuvanja i otkako procitav po forumive za genetski transfuzioloski se javiv vo plodnost i togas embriologot mi nabroja nekoi ama kolku zapamtivuser posted image mi spomna za kariotip i kariogram i dr. i togas mi rekoa ne e loso da si gi napravis

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
23.1.2013 11:52:13   
Melanija RR
Gina јас немам правено генетски испитувања.Во темата Генетски испитувања можеш да најдеш повеќе информации и искуства со испитување на генетика бидејќи има неколку рингерајки кои ги имаат правено.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
24.1.2013 14:43:14   
MademoiselleNina

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

MademoiselleNina еве ако дозволиш да те подучам на некои финти како што јас ги викам.Незнам што се испитувања имаш правено но ни ова не е на одмет.

Сврти муабет дека сакаш уште нешто да испиташ,имунолошки или генетски, кажи сакам да испитам по сигурно да се чуствувам.Веројатно одговорот ќе биде ок или па тие не се важни најчесто кај сите се ок.
Земи пример на форумот никоја не с епожалила дека ова испитување и излегло лошо,а ете кај мене беше така.
Ако сигурно сакаш можеш да го убедиш дека сега твоја прва братучетка или слично го правела ова па ете да го поминеш и овој тест.
Со среќа user posted image

Утре одам на котрола, па и тоа ќе го спомнам, сепак и јас сакам да бидам на сигурно и да ги елиминирам сите можни негативности.
А од испитувања сум правела, хормони на 3 ден и беа сите во нормала, анти мулериан тест, е тој е малку понизок, и лапароскопија и хистероскопија за проодност на канали и состојба на матка, и тоа сега е ок. И бреисеви за бактерии - немаше ниедна бактерија, и секој месец во последните 6мес. правам дома тестови за овулација и според тестот до сега секој месец имам овулација некаде на 12-13 ден. Партнерот мој направи сперограм и спермо култура, па му дадоа да пие некои таблети. И до тука сме, одиме понатаму додека не видиме user posted image
И благодарам за одговорот, и форумов е супер, најдов многу одговори на моите прашања

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
4.2.2013 22:42:11   
one2play
Драга Линдичка денес бевме на ова испитување, траеше само 10 мин, нема многу гужва. Се што ти е потребно е Упат до клиниката за имунологија од матичен гинеколог и сино картонче. Доколку и сопругот го прави ова испитување за него не може да му се издаде урат од матичен општ лекар, бидејќи тој најпрво ќе треба да го испрати на интернист, па потоа да земе упат од него. Сепак најкратко може да земе упат и за него од твојот матичен гинеколог, може да му го издаде без никаков проблем. Ова испитување за двајцата ќе ве чини 120 ден. Не е потребно да го закажете, ниту пак да сте гладни. Резултатите ги добивате за недела дена ( барем така нам ни кажаа ).
Поради реновирање на клиниката за имунологија, сега се префрлени во црвената зграда пред инфективната клиника.
Среќно и воопшто немој да се плашиш се ќе биде во ред. Ние размислуваме позитивно бидејќи само така можеме полесно да го пребродиме времето додека ги чекаме резултатите.

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
4.2.2013 23:25:31   
gina
a dali pravevte i drugi ispituvanja
ИЗВОРНА ПОРАКА: one2play

(Одговор на членот one2play)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
6.2.2013 1:13:58   
one2play
Да Гина, неделава што измина и оваа ги правиме сите можни испитувања за да спречиме уште еден спонтан абортус. Го бараме причинителот и се разбира да го санираме проблемот пред да настапи уште една бременост. Бевме траснфузиологија каде што испитуваме хомостаза, AFA, LA, PC, PS, AT III, ( основни тестови на хомостаза, крвна слика, антитромбин 3, протеин Ц, протеин С, лупус антикоагулант, АФА ). Примероци за анализа земаат секој ден од 8-12:00 и попладне од 15:00, потребен ти е син картон и упат од матичен гинеколог, чини 1290,00 денари, а резултатите се готови за недела дена. Потоа не пратија да испираме TORCH кој заедно со брисеви не чинеше 900,00 ден. со упат и син картон на клиниката за микробиологија. И се разбира АСА-та.
Кон крајов на неделава чекаме резултати и оптимистички сме расположени дека се ќе биде во ред.
ВАЖНО : за сите овие испитување не е потребно да бидеш гладна и можеш во било кое време да ги направиш.
Поздрав

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
6.2.2013 18:02:16   
gina
fala one2play se ce bide dobro i ti posakuvam sto pobrzo user posted image

(Одговор на членот one2play)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
6.2.2013 22:01:58   
one2play
Ти благодарам, од твоја уста во божји уши. Нека дава дедо боже и кај мене и кај сите. Штом биднат резултатите ќе те известам .
Поздравче

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
6.2.2013 22:56:05   
mery
Dali sekoja zena sto se obiduva da zabremeni treba da ispituva ASA, ??? go baraat od fondot za IVF??

(Одговор на членот one2play)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
6.2.2013 23:37:39   
gina
mery ne go baraat od fond jas sakam sama da si ispitam zosto imam 5 ivf neuspesni da vidam da ne ima nekakov problem

(Одговор на членот mery)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
8.2.2013 23:03:06   
lindicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: one2play

Драга Линдичка денес бевме на ова испитување, траеше само 10 мин, нема многу гужва. Се што ти е потребно е Упат до клиниката за имунологија од матичен гинеколог и сино картонче. Доколку и сопругот го прави ова испитување за него не може да му се издаде урат од матичен општ лекар, бидејќи тој најпрво ќе треба да го испрати на интернист, па потоа да земе упат од него. Сепак најкратко може да земе упат и за него од твојот матичен гинеколог, може да му го издаде без никаков проблем. Ова испитување за двајцата ќе ве чини 120 ден. Не е потребно да го закажете, ниту пак да сте гладни. Резултатите ги добивате за недела дена ( барем така нам ни кажаа ).
Поради реновирање на клиниката за имунологија, сега се префрлени во црвената зграда пред инфективната клиника.
Среќно и воопшто немој да се плашиш се ќе биде во ред. Ние размислуваме позитивно бидејќи само така можеме полесно да го пребродиме времето додека ги чекаме резултатите.

one2play
Fala mnogu na odgovorot, znaci upat do Imunolohija i za dvajcata i kje se zavrsi rabotauser posted image .
Ti posakuvam se najdobro i bebe vo skoro vremeuser posted image user posted image

(Одговор на членот one2play)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
12.2.2013 21:04:28   
one2play
Драги рингерајки, само да ве известам дека КОНЕЧНО ги зедов резултатите и како олеснување сите се добро. Секој наод е уреден и по консултации со гинеколозите заклучивме дека нема никаква пречка во стартот на планирањето на бременост.
Е сега останува само психички да се посредиме и да се фатиме со работа.
Се надевам дека се ќе биде во ред и за мене и за сите оние кои чекаат user posted image

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Антиспермални антитела (ASA)
27.2.2013 18:28:05   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Здраво РР-јки... Иако долго не сум ви пишала, сепак ве читав и следев ваши совети и препораки. Имено после оваа дискусија за генетските испитувања јас бев на Институт за имунологија и проверив за антиспермални антитела. Резултатите не се баш најдобри, имено имаме покачени антитела и кај мене и кај сопругот (од што јас секако се плашев затоа што сме заедно долго време),

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Кај мм антителата беа малку зголемени а кај мене трипати зголемени.Сперматозоидите се обновувале на 3 месеци а и на самиот резултат пишува контрола за 6 месеци,што значи дека е варијабилно.
И се на се 2 месеци после резултатот природно забременив,а со таа наводна дијагноза може да се забремени или со инсеминација или со ИФВ.Така што за овој резултат не се вознемирувај веднаш сочекај ја контролата.user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Меланија мила, и кај нас пишува контрола по 6 месеци, само што малце не ми е јасно што има врска тоа што сперматозоидите се создаваат/обновуваат на три месеци? Па антителата кон сперматозоидите се тука, дали по три или 6 или по година дена??? Мислам баш некако не сваќам зарем на новите сперматозоиди може да не се содадат антитела. Јас уште кога го земав упатот од мојот мат. гинеколог, ми рече тоа не е многу релевантно испитување затоа што се користи првенствено за научни цели?! што и да значи тоа....

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

babyhope објаснувањето е дека кога се обновуваат веројатно не делуват исто на нив,Низ нет ќе прочиташ случаи каде и со апстиненција или заштитта антителата се намалиле и настанала природна бременост,а постои и терапија за тоа.Исто така во соседна Србија се испитува и кај двајцата партнери и преку крв но и преку сперма и брис од жената.
Затоа и ова испитување е баш збунувачко.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот one2play)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?