|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Антифосфолипиден синдром
19.2.2010 14:20:57   
ripce
Антифосфолипиден синдром или Hughes - ов синдром претставува автоимуна болест која се одликува со присуство на т.н. антифосфолипидни антитела придружени со појава на артериски и венски тромбози, спонатани абортуси, предвремени породувања, и тромбоцитопенија (намален број на крвните плочки). Синдромот настанува после автоимуна продукција на антитела против фосфолипидите (кои се составен дел на клеточните мембрани), поточно против кардиолипинот и β2-гликопротеинот.





_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Антифосфолипиден синдром
19.2.2010 14:39:51   
vezilka RR
Бројните научни трудови потврдија дека пациентките со една или повеќе неуспешни вонтелесни оплодувања често имаат зголемена циркулација на антифосфолипидните антитела. До 50% од жените со ендометриоза и идиопатска дијагноза ги имаат овие АФА антитела во крвта. Лекувањето е со хепарин и аспирин за да се зголеми процентот на имплантација на ембрионот. Хепаринот ги одбива антителата од станицата на тофобластот (што им овозможува подобар раст) додека аспиринот ги инхибира крвните зрнца и спречува создавање на мали згрутчувања во крвните жилички кои настануваат меѓу матката и фетусот.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Антифосфолипиден синдром
22.2.2010 15:47:57   
vezilka RR
Антифосфолипидни антитела  

Истражувањата врзани за патогенезата на оштетувањата на крвните садови и пореметувањата на коагулацијата се постојан предизвик на истражувачите на современата медицина. Со воведувањето на имунолошките исражувања во широката клиничка пракса постигнато е значително проширување на сознанијата за улогата на имунолошките процеси кај различни заболувања. Развојот на различни форми на органска патологија кај заболеми во оваа група на пациенти врзано е за хиперпродукција на широк спектар на органоспецифични антитела кои реагираат со автоанигените на нуклеусот, цитоплазмата, клеточната мембрана и протеините на серумот и тој процес завршува со создавање на голем број на автоантитела. Последниве години се обрнува поголемо внимание на антифосфолипидните антитела и нивната улога во формирањето на клиничкиот ентитет кај пациентите со автоимуни заболувања. АФА антителата се насочени против фосфолипидите со негативен набој и нивната појава се врзува со хетерогена клиничка слика која е позната под името Антифосфолипиден синдром. Овој синдром во хематологијата врзан е за појава на тромбоза и тромбоцитопенија, во неурологијата за исхемиска болест на мозокот, во кардиологијата за васкуларни заболувања, во дерматологијата за livedo reticularis, и во гинекологијата за неуспешна бременост.  

Антифолипидни тела се:
Лупус антикоагуланс (ЛА)
Антикардиолипински антитела (АКЛА)  

Во гинекологијата овие антитела често се доведуваат во врска со рани спонтани абортуси, или смрт на плодот во второто или третото тримесечје, како и појава на horea gravidarum, преекламсија, хиперандрогенизам, анекситис, ендометриоза, а во последно време постојат соопштенија кои зборуваат за појавата на овие антитела и во фоликуларната течност кај пациентките кои се постапка за вонтелесно оплодување.  

Клинички и лабароториски критериуми за дијагностика на АФА 

Клинички знаци:
Основни: тромбоза, акушерска патологија, тромбоцитопенија
Дополнителни: ливедо ретикуларис, пореметувања на нервниот систем, исхемиски некрози на коските, хроничен улкус на потколениците, ендокардитис
Серолошки пореметувања:
АКЛА класа IgG
АКЛА лкаса IgM
ЛА

< Поракaта ја уредил vezilka -- 22.2.2010 15:52:12 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Антифосфолипиден синдром
1.3.2010 13:46:41   
vezilka RR
За покачената АФА ми дадоа да пијам напоредно со аспирин 100 и фолан, витамини B1, B6, B12..Треба оваа терапија да ја пијам најмалку 3 месеци за да даде резултати..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Антифосфолипиден синдром
21.1.2013 22:42:48   
lindicka
Kade se ispituva AFA?

I upatot, za soprugot dali e od negoviot opst maticen lekar ili da zemam od mojot maticeng ginekolog za nego upat?

P.S. Pak prasanje - AFA spagja vo Imunoloskite ispituvanja za sterilitet ili ne?

Fala

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Антифосфолипиден синдром
22.1.2013 19:15:55   
skopjance
Lindicka jas AFA ispituvav samo za mene na transfuziologija so upat od maticen ginekolg. Inaku ovie ispituvanja jas gi pravev za moite neuspesni IVF. Moze da odis i popladne togas ima pomalku guzva, rezultati za 2-3 dena.

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Антифосфолипиден синдром
23.1.2013 12:35:22   
lindicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: skopjance

Lindicka jas AFA ispituvav samo za mene na transfuziologija so upat od maticen ginekolg. Inaku ovie ispituvanja jas gi pravev za moite neuspesni IVF. Moze da odis i popladne togas ima pomalku guzva, rezultati za 2-3 dena.


Skopjance, фала на одговорот.
Дали упатот е лабараториски, или општ упат до Трансфузиологија? Па одам на консултации со докторот и тој ми дава упат за лабараторија.

Се надевам матичниот ќе знае каков се дава, т.е секако знаеuser posted image

Фала, user posted image

Ти посакувам следно успешно инвитро и user posted image

(Одговор на членот skopjance)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Антифосфолипиден синдром
23.1.2013 18:04:49   
skopjance
Ne e labarotoriski upat tuku specijalisticki. Tamu bez razlika i ako si za zimanje krv moras prvo da odis kaj doktorot da te zapise vo dnevnik a na upatut ti pisuva deka si za AFA

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Антифосфолипиден синдром
26.4.2013 14:49:15   
koledarka
iam li nekoj koj go imal ovoj sindrom i isteral normalna bremenost.na sestra mi i otkrija nekoi antitela koi ukazuvaat na ova ,tragedijata da bide pogolema taa e bremena.pozdrav

(Одговор на членот skopjance)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Антифосфолипиден синдром
26.4.2013 15:27:00   
lanicka30
sakam da ve prasam nesto nesum bas vo tek so muabetot ama moze ke mozete da mi objasnite i pomognete.inaku jas do sega ne sum pravela vakvo ispituvanje iako veke 4 godini se borime da dobiemeuser posted image .od testovi kako hormoni,brisvi mikrobioloski pap,HSG.laparohistero skopija toa go napraviv imav nekoi problemi kako pokacen prolaktin ama toa se regulirase i zapusena tuba i toa se otstrani znaci sega voglavno e se vo red osven edna mala bakterija koja ja imav na poslednite brisevi piev za nea suma med i sega e se vo red.pa sakav da ve prasam na moja incijativa do odma da si pobaram da napravam ispituvanje za antitela.pa me interesira kako se vika ispituvanjeto kade moze da se napravi vo drzavna kako da glasi upatot ,kolku pari cini i na koj nacin se ispituva prku krv li??? vi plagodara

(Одговор на членот koledarka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Антифосфолипиден синдром
26.4.2013 21:16:10   
trust
lanicka 30, jas vcera ispituvav AFA , D dimeri I uste nesto neznam kako se vika, ne sum od Skoje , zemav uput od mojot maticen genikolog, na uputot pisuvase labaratoriski uput, a gore stoese deka e za transfuziologija Skopje, so ovie dokumenti otidov na transf. na klinika Skopje, I zasto nemav odnapred zakazano I nemav brojce si cekav na red I me primi prvo doktorka Grubovic, super me islusa deka prob;emot e Invitro I sterilitet I mi napise sve sto treba da se ispita, od tamu na salter plakas (za cello ispituvanje plativ 1250 denari)I pravo ti zemaat krv. Rezulati mi rekoa posle Veligdenskite praznici.Ova e moeto iskustvo ali pak ke ti naglasam ako si od Skopje najubavo ke bide prvo na telefon da si zakazes I da si zemes brojce.

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Антифосфолипиден синдром
27.4.2013 20:43:08   
skopjance
За Трансфузиологија не треба закажување кога се оди таму се зема бројче да знаеш кога си на ред и одис кај докторката и она ти казува што се теба да испиташ, секој случај е различен.

(Одговор на членот trust)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Антифосфолипиден синдром
19.6.2013 16:01:21   
MademoiselleNina
Ме испратија денес на трансфузиологија, да проверам АФА и ДДдимер и уште нешто user posted image (незнам што)
Откога добро се изначекав, сватив дека мора претходно да имам закажано. И викам на сестрата на шалтер да ми закаже, ако веќе не можам денес да завршам работа, и таа ми вика:„А па ние не закажуваме, туку само матичниот закажува“ И се вратив назад кај матичниот, поточно влегов кај сестрата бидејќи имаше ептен гужва.И ја прашувам зошто не ми закажала кога ми го издала упатот, и ми раскажа нешто демек немале листа со термнини бла бла... мислам дека ме измота колку да најде изговор. И сега ми закажа дури за 8 ми јули.
И пак чекање ... значи веќе ми се смачи со ова чекање!!!

(Одговор на членот skopjance)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Антифосфолипиден синдром
8.7.2013 14:36:56   
MademoiselleNina
Денес бев на трансфузиологија, ми земаа крв за афа, димер, хемостаза, коагулациони ф. итн
Леле што беше лоша таа сестрата ... кога ми ја заринка тоа иглата абе ѕвезди броев.
И резултати ми вика за 8 до 10 дена. А бе тоа е многу време ...
Има некој искуство со резултати од трансфузиологија, зошто толку се чека?

Инаку платив 940 ден.
На приватно за ова би платила околу 7500 ден...

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Антифосфолипиден синдром
8.7.2013 17:29:44   
Еки82
Ех тоа маткање, истото ми се случи со мојата матична, откако се изначекав ме вратија не сум имала закажано, а убаво ја прашав бидејќи имав слушнато дека почнало со закажување и уште ми кажа терај уште не го применуваат немаш гајле.. Излегов од работа за џабе да изгубам нерви по паркинзи и метеж за да морам истото да го направам за неколку дена повторно user posted image

Но ете државното е бааги поефтино и затоа и ќе се маткамеее...
Поздрав и се надевам се ќе испадне со добри резултати!

_____________________________

If you can dream it you can do it. Always remember that it all started with a dream and a mouse! Walt Disney

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Антифосфолипиден синдром
9.7.2013 8:34:20   
vezilka RR
Па, да и јас ги чекав бааги. Сега не се сеќавам точно колку дена, ама не беше од денес за утре, тоа сигурноѕ. Мислам дека овие беа околу една недела, а тие од ХЛА типизацијата, оти заедно ги правев, уште повеќе.

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Антифосфолипиден синдром
12.7.2013 16:30:54   
MademoiselleNina
Си ги земав резултатите,
и ми пишува хиперагрегабилност на тромбоцити со колаген, останатиот наод е уреден
Што значи тоа ??? Има ли врска со забременување...?

Јас и порано - пред 15 г имав ваков наод (без колаген во описот) ама никој никад не ми го спомнал до сега како проблем за забременување...
Малку сум загрижена за наодов, бидејки докторката не беше таму, и сега не знам кога да одам...
А и на тоа листот ми пишува контрола на 23 јули, дали ке треба да закажувам или не? user posted image
И дали со ваков наод да одам кај матичниот гинеколог ...
Целата сум збунка сега user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Антифосфолипиден синдром
17.7.2013 11:37:20   
MademoiselleNina
Само јас ли имам ваков проблем ???user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Антифосфолипиден синдром
17.7.2013 12:02:56   
Hopeful RR
MademoiselleNina, не ми е позната процедурата за читање резултати на трансфузиологија, но јас би отишла со овие резултати кај матичниот, види што ќе ти каже, и ако се закажува преку него за воопшто да ти земат крв, најверојатно на ист начин се закажува и за читање на резултатите. Пиши ни што ќе направиш user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Антифосфолипиден синдром
17.7.2013 12:16:22   
vezilka RR
И јас би отишла кај матичниот со резултатите, ако нема врска наодот со забременивање тој најдобро ќе знае. Нема да те испаничи. Па ти после на 23, отиди си наконтрола и кај трансфузиологот. Мојот став е ваков, за забременување најдобро знаат гинеколозите, тие знаат резутатите од другите во нивниот контекст најдобро да ги прочитатт. Пример, мојот резултат од имунологија, тамошните доктори ми препорачаа инвитро веднаш, зошто немало шанси за природно, матичниот ми рече ќе пробаме уште еднаш, и навистина тој пат се случи. Да ги слушав имунолозите на не гинекологот, ќе одев на инвитро.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Антифосфолипиден синдром
17.7.2013 16:20:23   
MademoiselleNina
Да, така ќе направам, ќе одам кај матичниот, денес се слушнав на тел со докторката од трансфузиологија и ми вика ај кажи ми шо ти пишува... и и читам, и ми вика ..аха пиеш аспирин, и викам не, е па пиј си ако сакаш неколку пати неделно, и толку ...
И викам фла пријатно ....
А бе што им е на ова докториве ??? Значи незнам ??? нема зборови ... имам чусвство дека баш им е гајле ...
Како и да е сепак треба да одам на гинеколог со резултатов...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Антифосфолипиден синдром
18.7.2013 12:32:49   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Да, така ќе направам, ќе одам кај матичниот, денес се слушнав на тел со докторката од трансфузиологија и ми вика ај кажи ми шо ти пишува... и и читам, и ми вика ..аха пиеш аспирин, и викам не, е па пиј си ако сакаш неколку пати неделно, и толку ...
И викам фла пријатно ....
А бе што им е на ова докториве ??? Значи незнам ??? нема зборови ... имам чусвство дека баш им е гајле ...
Како и да е сепак треба да одам на гинеколог со резултатов...


Нина, не сум многу стручњак за областа, но знам имавме пријатели долго немаа деца, на крај во една приватна болница им октрија дека кај нејзе има проблем со крвта и дадоа да пие нешто за против згрутчување/коагулација така нешто, и веднаш после тоа остана трудна. Можеби затоа и оваа докторка ти рекла да пиеш апсирин, има сигурно поврзаност со дијагнозата, ајде можеби тоа ќе ти помогне побрзо да не известиш за user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Антифосфолипиден синдром
19.7.2013 21:30:16   
MademoiselleNina
Бев кај матичниот, и тој ми вика па незам зошто не ти дале терапија на ова, требале да ти дадат, имало некои инекции, но тие може да се промаат кога би се почнала постапка за ин витро. А сега за сега и тој ми рече да пијам апирин по едно на ден. Вика ова може а и не мора да значи дека прави проблем, но ќе мора да се следи редовно.

А твоите пријатели каде се лечеа? кај кој лекар?
Така некако се опуштив малку, веќе не сум под стрес user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Антифосфолипиден синдром
22.7.2013 9:16:09   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

А твоите пријатели каде се лечеа? кај кој лекар? user posted image user posted image


Sv. Lazar vo Skopje. Pozz

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Антифосфолипиден синдром
23.7.2013 21:35:57   
MademoiselleNina

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe

Sv. Lazar vo Skopje. Pozz


Фала за инфото, ќе се распрашам и јас

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?