vezilka RR -> RE: Антифосфолипиден синдром (22.2.2010 15:47:57)
|
Антифосфолипидни антитела Истражувањата врзани за патогенезата на оштетувањата на крвните садови и пореметувањата на коагулацијата се постојан предизвик на истражувачите на современата медицина. Со воведувањето на имунолошките исражувања во широката клиничка пракса постигнато е значително проширување на сознанијата за улогата на имунолошките процеси кај различни заболувања. Развојот на различни форми на органска патологија кај заболеми во оваа група на пациенти врзано е за хиперпродукција на широк спектар на органоспецифични антитела кои реагираат со автоанигените на нуклеусот, цитоплазмата, клеточната мембрана и протеините на серумот и тој процес завршува со создавање на голем број на автоантитела. Последниве години се обрнува поголемо внимание на антифосфолипидните антитела и нивната улога во формирањето на клиничкиот ентитет кај пациентите со автоимуни заболувања. АФА антителата се насочени против фосфолипидите со негативен набој и нивната појава се врзува со хетерогена клиничка слика која е позната под името Антифосфолипиден синдром. Овој синдром во хематологијата врзан е за појава на тромбоза и тромбоцитопенија, во неурологијата за исхемиска болест на мозокот, во кардиологијата за васкуларни заболувања, во дерматологијата за livedo reticularis, и во гинекологијата за неуспешна бременост. Антифолипидни тела се: Лупус антикоагуланс (ЛА) Антикардиолипински антитела (АКЛА) Во гинекологијата овие антитела често се доведуваат во врска со рани спонтани абортуси, или смрт на плодот во второто или третото тримесечје, како и појава на horea gravidarum, преекламсија, хиперандрогенизам, анекситис, ендометриоза, а во последно време постојат соопштенија кои зборуваат за појавата на овие антитела и во фоликуларната течност кај пациентките кои се постапка за вонтелесно оплодување. Клинички и лабароториски критериуми за дијагностика на АФА Клинички знаци: Основни: тромбоза, акушерска патологија, тромбоцитопенија Дополнителни: ливедо ретикуларис, пореметувања на нервниот систем, исхемиски некрози на коските, хроничен улкус на потколениците, ендокардитис Серолошки пореметувања: АКЛА класа IgG АКЛА лкаса IgM ЛА
|
|
|
|