|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 11:52:32   
mother 29
Кога Ќе се утврди зрелоста на јајце клетките ( или една јајце клетка ), непосредно пред очекуваната овулација , тие треба да се извадат од јајникот. Тоа е 36 - 37 часа после инекцијата ХЦГ ( Профаси или Примонил ) или 36 часа после почетокот на растењето на ЛХ. Овие инекции се нарекуваат " штоперица ".
  • пациентката мора 6 - 8 часа да не јади и да не пие
  • таа мора да го извести докторот за сите лекови кои ги зема. Исто така и за своите медицински проблеми и алергии.
  • со пациентката мора да иди и сопругот за да остави семе. Семето може да се донеси и од дома , но најкасно 1 час после ејакулацијата.
    Најповолна е апстиненција од 3 - 5 дена.
Аспирацијата на јајце клетките се изведува во операциона сала или во посебни услови во ИВФ лабораторијата.
Жената добива интравенска аналгезија  и седација. Понекогаш , со согласност на жената, се дава и локална анестезија во вагина.
  • вагината се бриши
  • со помош на ваинална УЗВ сонда , со танка игла се пунктира јајникот и со негативен притисок  се аспирира содржината од секој поголем фоликул
  • аспиратот се предава на биологот. 2 / 3 ги содржи јајце клеткета
  • се бриши вагината и се контролира да нема крварење
  • понекогаш  поради средно крварење тампонираме на местото на убодот.

Тој тампон мора да се извади ( сестрата или пациентката ) за 2 - 3 часа.
Целиот зафат трае 20 - 30 минути.
Пациентката треба да се одмори 1 - 2 часа и тогаш може да се отпушти. Таа може да чувствува тежина, притисок или лесна болка во долниот дел на стомакот. Нормално е оскудно крварење. Тоа не смее да биде обилно како менструација.
Во случај на јаки болки, крварења, покачена температура , лоша општа состојба, пациентката мора да се јави кај својот доктор 
Наредните 4 дена пациентката не смее да има тешки физички активности, полови односи, земање на лекови. Туширање е подобро од капење во када. Сауна и  џакузи не треба да се користат. Не е препорачливо да се користат вагинални кремови, нити испирања на вагината со било какви течности.
Понекогаш  препорачваме антибиотици, Кетонал и сл. неколку дена. Се даваат само оние лекови  за кои докажано е дека не се штетни.
Кога постои ризик од озбилна хиперстимулација на јајниците, непосредно после аспирацијата се даваат албумини ви инфузија. Тие жени не смеат покасно да добиваат ХЦГ ( Профаси ).


< Поракaта ја уредил Еца -- 19.11.2009 12:15:06 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 12:08:22   
mother 29
 
0 (нулти) ДЕН : ДЕН НА АСПИРАЦИЈА
Аспирацијата е постапка со помош на која со пункција се добиваат јајце клетки (ооцити). Тоа се извршува трансвагинално , пратено со ултразвучна слика. Времето на аспирација е многу важно заради добивање на јајце клетки со нормална зрелост. Постапката е речиси безболна со оглед на тоа што се дава интравенска аналгезија или ( зависно од жената ) може да се работи и во локална анестезија. Самата постапка трае од 5-10 минути.
При текот на аспирацијата , ембриолозите го идентификуваат бројот и квалитетот на јајце клетките. Класификацијата на јајце клетките се однесува на нивната состојба на зрелост ( зрела , незрела , полузрела , презрела , дегенерирана ) и нивниот квалитет ( морфологија , структура ). Квалитетот на јаце клетките е од големо значење и еден од одлучувачките фактори за успешна фертилизација.
Еднаш изолираните и исчистени јајце клетки се ставаат во епрувети во инкубатор со строго контролирани услови на температура, 36,7 степени целзиусови и 7,4пХ.
Времето на инсеминација ( постапка при која што јајце клетките и сперматозоидите се ставаат заедно ) го одредува ембриологот, на основа на зрелоста на јајце клетката.
Семето исто така се дава на самиот ден на аспирација. Примерок од семето се анализира под микроскоп при што се одредуваат параметрите важни за одредување на методата на обработка на семето како и одредување на адекватна постапка на вонтелесно оплодување.
Параметри при анализа на семето:
  • волумен на ејакулатот
  • број на подвижни спермии ( прогресивно подвижни и со намалена подвижност)/мл
  • број на неподвижни спермии / мл
  • вкупен број на спермии / мл
  • морфологија

После тоа следи обработка на семето. Основата на секоја метода користена при асистирана репродукција , е во сепарацијата ( одвојување ) на подвижните и кинетички активни сперматозоиди од оние со намалена или никаква подвижност. Најчесто користена метода за обработка е т.н. “ swim - up “ методата.
1 ден: УТВРДУВАЊЕ НА ПРОНУКЛЕАРНИОТ СТАДИУМ
За да се утврди дали настанало оплодување на јајце клетката потребно е јајце клетката да се исчисти од гранулозата на клетките ( денудација ) со која е заштитена јајце клетката.Таа постапка се одвива под стерео микроскоп со помош на танки пипети.
Што е тоа пронуклеарен стадиум?
После влезот на сперматозоидите во јајната клетка (фертилизација) , сперматозоидот ја губи својата опашка додека неговото јадро се зголемува.Во тој стадиум јајната клетка има изглед на клетка со две јадра; едното веЌе постојано од самите ооцити а другото од сперматозоидите.Тоа е пронуклеарен стадиум во кој двете јадра се уште не се соединети и постигнале генетски статус на диплоиден број (46 хромозоми.).
Пронуклеарниот стадиум е доказ за успешна фертилизација.Понекогаш моче да се идентифицираат две поларнителца ,што исто така е доказ за оплодување ,бидејки јајната клетка “исфрла” друго поларно телце само ако дошло до влез на сперматозоидите внатре во ооцитите. Ооцити со еден пронуклеус ,три пронуклеуси (триплоидија) или четири пронуклеуси (тетраплоидија) се јајни клетки со неадекватна генетска информација. Таквите јајни клетки и ембриони не се пренеуваат во Е Т .
Оплодените јајни клетки се ставаат во чист медиум и се оставаат во инкубатор.Кога јајната клетка ке се оплоди може да почни со делба.
2 ден:УТВРДУВАЊЕ НА СТАДИУМ НА ЕМБРИОН , НЕГОВА КЛАСИФИКАЦИЈА И ЕМБРИО-ТРАНСФЕР
Почетокот на делбата на јајните клетки во стадиум од две до четири клетки може да се идентификува 36-48 часа поссле аспирација. Утврдувањето и анализа на ембрионот се обавува под инвертен микроскоп со зголемување од 200 пати. Потребно е да идентифицираат сите ембриони кои ја започнале својата делба и со тоа детално да се опишат.
Вракањето на ембрионот (ембрио-трансфер) обично се прави на 3-от или 5-тиот ден.Во тој период ембрионите се од од 4-16 клеточни или повеке клеточни.Сите ембриони не се развиваат со иста динамика ,меѓутоа за конечен исход не мора да биде пресудно ,бидејки понатамошната делба се одвива во матката. Уредни бремености настанале со Е Т и со 2 клеточни и со8 клеточни ембриони.Во случај на потреба можно е и одлагање на трансферот и до 72 часа после аспирација благодарение на на посебен хранлив медиум (Д3 ) во кој се ставаат после 48 часа ,до развој на бластоциста.
За замрзнување се одбираат ембриони. Само ембриони кои се морфолошки квалитетни можат да се замрзнат ,додека другите со висока ферментација не се замрзнуваат бидејки при одмрзнувањето постои можност за пропаѓање.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 12:47:30   
mother 29
ЕМБРИО ТРАНСФЕР

Два до три дена ( 48 - 72 ) часа после аспирацијата на јајце клетките, ембрионот ( или повеќе ембриони ) се враќаат во матката. Со повеќе контроли во ИВФ лабораторијата се утврдува квалитетот на оплодувањето и делењето. За ЕТ важно е жената да е максимално опуштена. Пред ЕТ не се препорачува да се пијат течности за да не се наполни мочниот меур.
- не треба да
-целосно да се испразни мочниот меур
- Е Т е безболен
- најчесто се изведува во нормална гинеколошка положба на жената
- не е потребна анестезија
- трае неколку минути
- се уфрлуваат 3 евентуално 4 ембриони
Постапката се изведува така што во спекулумот се добие цервиксот ( грлото на матеката ). Откако ке се исчисти слузта со танок катетер се влегува во шуплината на матката - пола сантиметар под нејзиното дно (фундусот ).
- затоа добро е што порано да се измери должината на цервикалниот канал и утерусот.
Биологот под микроскоп ги навлекува во внатрешноста ембрионите со минимална количина на хранлив медиум. Со овај катетер се влегува низ онај веке поставен во матката.Лесно .и за жената неосетливо ембрините се уфлаат во матката.Катетерот потоа се проверува и под микроскоп да се види да не случајно остане некој ембрион во него.
После трансферот на ембрионите ,жената останува уште 1 - 2 часа да лежи на грбот .
Долготрајното лежење и повеке дневна хоспитализација се докажало дека не дава подобрување на резултатите.
Доколку пациентката има симптоми на кашлица ,настинка ,пролив ,некоја уринарна инфекција треба што побрзо да се лекуваат пред да биде Е Т како би се самириле штетните симптоми.
Ако при И В Ф постапката се развиле повеке од 3 ембриони тогаш тие се преку бројни исо писмена дозвола од брачниот пар тие се смрзнуваат.Одмрзнатите ембриони можат да се користат за некој Е Т во иднина .Со тоа се зголемува шансата за бременост со една постапка ,аспирација.
Пропуштените ембриони во матката препуштени се на случувањата на кои од надвор не можеме да делуваме.Тие 2-3 дена пливаат во течноста внатре во матката.Барајки место каде да се вгнездат тие најчесто се лесно прилепени на зидот на ендометриумот.МеЃутоа нема опасност кога пациентката ке се исправи . Внатрешното устие на цервикалниот канал е цврсто затворено.Во цервиксот се ствара чеп од се погуста слуз. Затворањето на цервикалниот канал и зголемувањето на густината на слузта под контрола се за висината на прогестеронот.
Два часа после Е Т жената може да си оди дома.Се препорачува до другиот ден жената да не патува.Тогаш треба да избери авион ,кола за спиење во воз или благо легната позиција во автомобил..Сепак првите два дена најдобро е жената да лежи во хоризонтална положба.После два дена физичката активност може да се зголеми. Не треба веднаш да се продолжи со спорт , аеробик ,кревање на терет.Повеке треба да се користи туширање ,а не када и пливање.Некои лекари препорачуваат апстиненција или сосема ги ограничуваат сексуалните односи.
Бидејки жените користат 14 дена вагинални таблети прогестерон препорачливо е да не користат друга вагинална терапија и испирање на вагината.шетање и возење со автомобил е дозволена.
Многу е важно пациентката да биде смирена во деновите кога очекува менструација.Тие денови таа може да користи Апаурин или некои слични благи седативи

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 15:19:21   
delfinka
odlicno
a moze li da ni napises informacija i na primer odkako ke se izvede postapka za inseminacija ili invitro,mora li da se ceka do denot koga trebalo da stigne ciklusot ili moze pobrzo da se napravi test za potvrduvanje na bremenosta?
i kolku bi bil verodostoen toj test,deka cestopati pacientkite zimaat hormoni i drugi propratni lekovi?
dokolku nekoj od vas ima iskustvo niz koe pominalvo vrska so ova,ve molam odgovorete!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 15:20:56   
mother 29
ај прегледај во прашања ,мислам дека таму му се мерна!?
ај ке побарам јас на нет!

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Аспирација на јајце клетка
19.11.2009 15:22:11   
mother 29
делфинка еве гооооооооооо

ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ - две недели после ембриотрансферот треба да дојдете во ин витро центарот и да направите тест за бременост β-hCG во крвта. Ако неможете да дојдете, може да направите обичен тест за бременост со мокрача, но не брзајте пред 15-тиoт ден од ембриотрансферот бидејки се послабо чувствителни.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Аспирација на јајце клетка
30.11.2009 0:10:37   
delfinka
fala ti na odgovorot,ama i ovoj mesec nema bebe.........

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Аспирација на јајце клетка
30.11.2009 0:14:56   
Еца
ќе биде, ќе биде, верувај во тоа, веруваме и ниеuser posted image  

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Аспирација на јајце клетка
30.11.2009 0:18:13   
delfinka
samo neznam do koga ke veruvam
sega se nadevam pisav pismo do manastirot vo hilandar pa cekam od svetat loza ako mi pratat,toa mi e sega nekako vlezeno vo glavata
deka site koi probale od tamu zavrsile so pozitivni rezultati!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Аспирација на јајце клетка
7.1.2010 19:27:23   
none
delfinka sto e toa sveta loza kazi mi da probam i jas ako ima vistina vo toa pozdrav,srekni praznici

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Аспирација на јајце клетка
7.1.2010 20:13:35   
Еца
Ноне еве каде имаме дискутирано за светата лоза КЛИК ТУКА

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?