|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 10:08:36   
Beatris
Што мислите за родителите кои се вегетаријанци, па под дифолт сметаат и сакаат и нивното бебе/дете да има исклучиво вегетаријанска исхрана? Дали сметате дека замената на хранливите материи од месото и другите продукти од животинско потекло можат комплетно да се заменат со некои други намирници?

И дали родителот има право да го "принуди" бебето на таква исхрана заради своите лични убедувања?

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 10:14:10   
libra.n
Nema pravo da go prinudi- definitivno. Ama ako roditelot ne jadi izvesna hrana, toa ke go pravi i deteto. Kako taa majka ke mu spremi na deteto obrok so meso ako ne moze da go proba dali e dovolno zacineto? Jas imam primer koga majkata ne jadi mlecni proizvodi i deteto ne pomirisuva.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 10:21:04   
Beatris
Не знам, некако немав став по ова прашање... Сега кога ќе размислам, сметам дека родителот нема такво право да ја ограничи исхраната на бебе во развој. Е сега ако мајката е вегетаријанец, и не може да подготви храна со месо или сл., ако ништо друго постојат готови кашички кои може да му ги дава.

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 10:22:26   
meU87
Според мене секоја личност треба да си одлучи што ќе биде и како ќе го живее животот , во моментот кога веќе ќе биде изградена, свесна и зрела особа.
Наметнувањето вегетаријанство на детето не е ни најмалку во ред, а незнам ни како мислат таквите родители нивното дете да прими витамини user posted image
Сите овие работи ми се некако многу модерни и невообичаени за нас, а верувам дека се случуваат во светот. user posted image

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 12:15:52   
mamicka77
ИЗВОРНА ПОРАКА: libra.n

Nema pravo da go prinudi- definitivno. Ama ako roditelot ne jadi izvesna hrana, toa ke go pravi i deteto. Kako taa majka ke mu spremi na deteto obrok so meso ako ne moze da go proba dali e dovolno zacineto? Jas imam primer koga majkata ne jadi mlecni proizvodi i deteto ne pomirisuva.

tocni libra.n  nie so M ke bideme takov primer  jas i mm ne jade se i mi e mnogu strav nemoj i M da ne saka da jade se gledam sega za sega sto moze da jade da si jade se bez razlika nie dali jademe ili ne i sakam da i davam se da si jade a ne kako nas ama mi e strav neznam kako ke bide taa ke potporasne ke vide deka nie toa ne go jademe nema da saka i taa ne znam kako ke bide ke i pravam nema da mi bide problem i da probam pa ke go isplukam na pr jas i mm ne jademe kromid. luk  mm ne jade tursija jas jadam,ne jademe grasok boranija i mnogu drugi raboti da ne nabrojuvam.M isto taka i mesoto pilesko ne go podnesuva plaka i ima mnogu gasovi a jas i mm jademe ama ete nejze i e takov organizmot i ne i go podnesuva tesko i go vare zeludnikot

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 12:29:13   
penelopa
Ајде малку да се информираме што всушност представува Вегетаријанството о какви видови вегетаријанци постојат:
Извор: Википедија
Различни видови на овошје и зеленчук
Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови[1]). Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.

Според тврдењето на некои научници, нашите човеколики претци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам и Ева во Рајот јаделе само овошје.
Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот философ Питагора, кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се создадат универзални
закони според кои не би смееле да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо.
Во средниот век во Европа честото и секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак, постоеле многу христијански редови кои не
практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и Богомилите.
Во 17 и 18 век, посебно во Велика Британија, за вегетаријанството почнува да се зборува како за исхрана која нуди „здраво тело и здрав дух“. Во 1847 година, овој начин на исхрана го добива своето име „вегетаријанство“ од латинскиот збор vegetus што значи - жив. Таа година, на состанок во англискиот приморски град Рамсгејт е основано Вегетаријанското друштво
(Vegetarian Society), кое постои и денес. Во 1880-те години, во Англија постоеле 52 вегетаријански ресторани. Денес вегетаријанството добива сè повеќе приврзаници, а за тоа помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат ширум светот.
Видови вегетаријанци

Постојат повеќе видови вегетаријанци:
Вегани - строго растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло, па дури и медот.
Лактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и млеко и млечни производи.
Ововегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца.
Оволактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи.
Полувегетаријанци - покрај вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо.
Песковегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана.
Пресна храна - јадат само сирови продукти, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и
житарки) Сметаат дека со готвењето на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце.
Здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано
масло и бело пченично брашно.
Фрутаријанци - јадат само овошје.
Радикални фрутаријанци - јадат само овошни плодови кои сами паднале на земјата.


< Поракaта ја уредил penelopa -- 20.4.2012 12:37:07 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 12:47:17   
penelopa
Јас имам во фамилијава , од сло. страна вегетаријанци и се разбира дебатата дали новороденотоuser posted image ќе јаде месо и месни производи ја имам слушано бајаги долго. И после сите перипетии и убедување детето инаку една годинка старо јаде месо, месни и млечни производи исто и мајката а таткото не. Мада не би ме изненадило доколу во иднина тоа се смени бидејќи притисокот од другата страна е голем бидејќи за нив месото е отровuser posted image
Прашувате како ги надополнуваат витамините што не ги добиваат ех преку различни БИО глупости што чинат цело богатство а честопати и не се ефикасни. Што е најтрагично, барем од моја гледна точка и на детето му даваат па неодамна имаше една страшна алергиска реакција на сируп од незнам што, кој воопшто не е примерен за толку малоuser posted image
Така да таму каде што се родителите вегетаријанци голема е веројатноста и децата да ги воспитуваат и хранат во тој дух барем додека не созреат и сватат дека другите околу нив, врсници, роднини се хранат поинаку. Е дури тогаш доаѓаат проблемите зошто, како јас не смеам тоа да го јадам.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 13:19:00   
Fiao
Ubava tema. Jas po doooooolgi godini naporna rabota da postanam vegetarijanec, konecno se sluci toa od ovoj veligden. Sega za sega bidejki Angelina e samo na doenje, silum prilike i ona e vegetarijanec, no navistina ne mozam da se odlucam kakov stav treba da zavzemam odkako ke zapocne da jade. Od edna strana veruvam deka EDEN MAL DEL od mesoto ima proteini koi definitivno mu se potrebni na organizmot vo razvoj, no od druga strana sum 100% ubedena i educirana deka istite tie mozat da se zamet so poinakov vid ishrana. Jas licno mesoto go ostaviv od licna psihicka satisfakcija, no apsolutno sum ubedena deka ova denesno meso, nakljukano so hormoni e daleku od korisno... user posted image
Cisto od taa zdravstvena pricina ne sum mnogu sigurna okolu mesoto... Mnogu razmisluvam, ama uste ke se informiram i ke se konsultiram pa ke vidam sto ke napravam...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 13:45:49   
topce
јас сум од тие што не јадат месо и откако знам за себе не сум сакала месо ама ете по инсистирање на моите родители сум го јадела. од 97 година не јадам месо воопшто, баш затоа што не ми е вкусно, не од разно разни убедувања.кога бев бремена со ќерка ми исто сите ми викаа мора месо да биде здраво детето, врска нема, ја родив со топ крвна слика+јас не бев воопшто анемична и не бев на дополнителни витамини, освен во 3 месец кога испив 10 тотеми, другото беше мед, коприва и спирулина и храната што и предходно ја јадев.Е сега кога дојде време малото дали ќе јаде или не месо тргнав од размислувањето дека детето треба се да проба и само да одлучи што и како.Месо не сака да види ама кутрата кога мора мора, ама затоа пак од мене научи да јаде житарки, брокула, морков и еден куп салата.точно е дека децата го прифаќаат начинот на исхрана на родителите и не е чудно ако тие се вегетеријанци и децата да бидат, сега секако има исклучоци ама мислам дека забрана за нешто кај дете нема да помине. има пример каде што родителите вегетаријанци носат храна на децата во градинка за да се запази тој начин на исхрана што ете тие така сакаат меѓутоа тоа дете гледа другите јадат нешто друго и некако како казнето ми делува да е. незнам може грешам. инаку месото нема баш некои витамини кои не можат да се најдат на друго место, најтешко се надополнува б12 ама тој како недостиг се јавува кај лица кои повеќе години се вегетаријанци.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 14:20:26   
maki1
Супер е темава ,посебно зосшто директно ме погодува.Имено јас веќе 7-8 години воопшто не јадам месо.неможам да се декларирам како строг вегетеријанец,ама се што е месо,сувомеснато и јајца(варени и пржени) не јадам.кога почнавме со дохрана сите ме критикуваа за мојот став дека на детето неможам да му давам месо ,зошто инаку кашичката неможам да ја пробувам.ете по долго убедување на М и давам месо ,ама мм ја пробува.дали ќе јаде или не сепак ќе оставам сама да си процени.Сметам дека ние како родители неме право да ги наведуваме децата кон нешто за кое ние сметаме дека е исправно,така да нека одлучи сама.

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 14:32:38   
Ikana
Ги почитувам вегетаријанците, и сите други останати типови на луѓе кои не јадат производи од животинско потекло. Јас лично не сум вегетаријанец, и тешко дека некогаш ќе станам, бидејќи без сирење и кашкавал и јогурт и млеко и јајца, животот не можам да си го замислам. Па и пршута еве. Значи моето бебе сега за сега нема да биде вегетаријанец, но кога ќе порасне сигурно дека сама ќе одбере што и како ќе јаде и која животна филозофија ќе ја тера. Така да едно големо БРАВО за вегетаријанците, ама не е тоа за мене.

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 14:37:39   
Beatris
user posted image  Маки, мислам дека правилно постапуваш, и јас не јадам некои работи затоа што така сум одлучила, или едноставно ми се помалку вкусни, ама на А гледам да и воведам разновидна исхрана, со сите намирници за да ги внесува хранливите материи од сите производи. Е сега кога ќе порасне, ако самата одлучи дека ова или она нема да јаде, тоа е тоа...

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 14:50:14   
temjana
За жал кај нас по ова прашање луѓето не се многу информирани. Јас и мм сме лактовегетаријанци веќе 7 години, значи јадеме млечни производи но не јадеме месо, со тоа што јас за жал од рибата не можев да се откажам. Како и да е од кога го сменивме начинот на исхрана мојата крвна слика не била подобра, па дури и бактеријата на желудникот што ја имав долго време ми се повлечеuser posted image Е сега за детето сметаме дека е најдобро самото да си одлучи што сака да биде кога ќе може да одлучува за себе, значи овој став го имаме и за религијата и за се останато. Не сакаме ние да му наметнуваме ништо, ќе му готвиме месо редовно и ние и бабите негови, па ако му се допаѓа вкусот нека си го јаде. Но немојте да мислите дека вегетаријанците се поболежливи од луѓето што јадат месо бидејќи тоа е тотално неточно. Месото содржи многу малку хранливи производи во себе кои што можат да се најдат и во зеленчукот и овошјето, и во останатите продукти кои не содржат месо. Но сепак на нашето дете решивме да му дадеме избор и самото да си реши што сака да јадеuser posted image

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 15:17:41   
mamicki
Ако детето е месар, тоа ќе го манифестира доста рано, и обратно, ќе сигнализира дека не му се допаѓа месо. Имам внука од братучетка која од бебе (сега има 18 години) одбива да вкуси месо, а никој во потесното семејство не е вегетаријанец, напротив. Никогаш немала здравствени проблеми поради тоа што не јаде месо.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 15:25:00   
Felly RR
Кога се работи за бебе, родителите можат целосно да ја контролираат исхраната. Тоа што ќе му дадат - тоа ќе јаде, ама како што пиша мамички, ако нешто не сака да јаде, па колку и да му нудуш за џабе е. Ама не мислам дека ако родителите се вегетаријанци, треба и бебето така да го хранат. Тоа само ќе си каже што му е убаво, и што сака да јаде, а што не сака.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 15:33:46   
dostickage
kratko i jasno smetam deka deteto koga kje bide dovolno golemo kje si odluci dali saka da bide vegetarijanec ili ne.nie kako roditeli sme dolzni da im ovozmozime da izbiraat i da donesuvaat odluki za sopstveniot zivot.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Бебиња - вегетаријанци
20.4.2012 15:38:19   
mamicki

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

kratko i jasno smetam deka deteto koga kje bide dovolno golemo kje si odluci dali saka da bide vegetarijanec ili ne.nie kako roditeli sme dolzni da im ovozmozime da izbiraat i da donesuvaat odluki za sopstveniot zivot.


Potpis! Apsolutno se soglasuvam so stavot deka deteto samo treba da izbira i toa vo vrska so se. Mojot stav okolu roditelstvoto e deka deteto ne e moe, tuku svoe a jas samo treba da mu pomognam da porasne i spored toa i se rakovodam vo sekoj moment od nivnoto rastenje i sozrevanje.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Бебиња - вегетаријанци
25.10.2012 1:01:17   
Fiao
Еве ме мене после 5 месеци со сосема нови размислувања user posted image . Апсолутно сметам дека бебе вегетаријанец е одлична солуција за здраво бебе! Си го читам коментарот мој пред 5 месеци и сфаќам колку малку сум знаела за вегетаријанството... Јас лично не би рекла дека родителите би го „принудиле“ бебето на вегетаријанство, јас повеќе таа реченица би ја формирала како родители кои се грижат за здравјето на своето дете... Да бев самохрана мајка (не дај боже) моето дете одамна ќе беше вегетаријанец, но бидејќи сеуште немам согласност од мојата поубава половина user posted image , трпеливо ќе почекам истата да се дообразува на тема здравје, а во меѓувреме детето ќе расте проучувајќи ја веганската култура user posted image
И уште нешто, апсолутно сум сигурна дека „предностите“ кои ги нудат продуктите од животинско потекло, можат и те како да бидат заменети.
П.С. Знам дека „апсолутно“ го употребив 100 пати, но само затоа што сум сигурна user posted image

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Бебиња - вегетаријанци
25.10.2012 9:22:32   
Ikana
Moj stav okolu ovaa tema e deka e ubavo da se bide vegetarijanec, no sepak smetam deka ima nekoi sostojki vo mesoto i zivotinskite produkti koi mu se neophodni na bebeto za razvoj. Konkretno za riba, za teleshkoto meso, za zolchkata, jogurtot i mlekoto itn....smetam deka treba da se vovedat dodeka ne porasne detoto da bidat prisutni vo negovata ishrana i koga ke porasne samo da odluci dali saka da konzumira produkti od zivotinsko poteklo ili ne.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Бебиња - вегетаријанци
25.10.2012 10:21:43   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Moj stav okolu ovaa tema e deka e ubavo da se bide vegetarijanec, no sepak smetam deka ima nekoi sostojki vo mesoto i zivotinskite produkti koi mu se neophodni na bebeto za razvoj. Konkretno za riba, za teleshkoto meso, za zolchkata, jogurtot i mlekoto itn....smetam deka treba da se vovedat dodeka ne porasne detoto da bidat prisutni vo negovata ishrana i koga ke porasne samo da odluci dali saka da konzumira produkti od zivotinsko poteklo ili ne.

I jas mislam isto vaka kako Ikana....
Inaku na moja drugarka sestrai e vegetarijanka i koga se porodi bese na lekar da se posovetuva za vegetarijanskoto jadenje na bebeto ( dali smee ) i znam deka pedijatarot ja sovetuvase deka moze - no i dade mnogu instrukcii kako da tera...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Бебиња - вегетаријанци
25.10.2012 11:03:20   
rina13
koj rece deka mesoto ne e zdravo?????toa ne e tocno peceno I dinstano meso(telesko,pilesko,misirkino)se ogromen izvor na proteini(a proteinite se osnoven gradiv material vo teloto(osobeno za muskulite).iVegetarijancite vozrasni sami za sebe odlucile sto ke jadat ili ne.Zasto bi mu ja nametnuvale vegetarijanskaa hrana na bebe samo zatoa sto vie mislite deka toa e pravilno.Ima vreme vo zivotot za da prebieira hrana dajde mu sega ona sto treba a za ponataka sami neka si odlucat I tie se individui za sebe.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Бебиња - вегетаријанци
25.10.2012 11:09:43   
Bethany
Моето мислење е дека бебето во развој треба да внесува продукти од животинско потекло. Потребите на бебето се различни од потребите на возрасен човек.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Бебиња - вегетаријанци
11.11.2012 17:31:23   
niki
so ogled na toa deka gojaznosta kaj decata e se pozastapena, a starosnata granica za dobivanje na golem broj bolesti predizvikani od neadekvaten nacin na ishrana postojano se pomestuva, smetam deka treba dobro da se razmisli so sto i kako gi hranime decata
upotrebata na proizvodi od zivotinsko poteklo ne bila nikogas so tolkavi razmeri kako denes i ne veruvam deka se dolzi na korisnosta kolku sto se dolzi na dobro smislen i osmislen marketing zad koj stoi edna mokna industrija
vo sekoj slucaj jas voopsto ne se voznemiruvam ako deteto ili bebeto odbie meso, no i te kako me zagrizuva odbivanjeto zelencuk i ovosje, a vtorovo mi se cini e se poveke vo trend

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Бебиња - вегетаријанци
11.11.2012 23:31:48   
AndreaS
Некој погоре прашува како детето ќе прима витамини ако е вегетаријанец. Па витамини најмногу има во зеленчукот и овошјето, детето нема да биде скратено од витамини, сигурно.

Исто така, сите викаат дека кога ќе биде зрела личност детето, нека си одлучи каква исхрана ќе практикува, а сега родителите немаат право да му скратуваат месо и остало. А зошто никој не се ни запрашува дали и колку е месото потребно, па да најде некоја научна студија или истражување и да го потпре својот став на цврсти основи.Не може бе луѓе туку така да им оспорувате на другите луѓе право да се грижат за своите деца на начин на кој го сметаат за наисправен. А притоа да не се ни потрудите да ги сфатите.
Ако сме научени на еден начин триесетина години, не значи дека е правилен. Мислете, истражувајте, преиспитувајте...Па после ако треба, пак јадете месо-ама бидете сигурни во тоа!

(Одговор на членот meU87)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Бебиња - вегетаријанци
12.11.2012 10:34:33   
mila28
Читам сите сте пишувале добро е лошо е месото а никој не образложил зашто е потребно...сметам дека на деца кои што се во раст и развој во НИКОЈ случај не смее да им се исклучи месо,млечни и јајца од исхраната а предходно да не се консултира со педијатар,лека, нутриционист и да с енаправи добро избалансиран исхрана Значи лесно е да исфрлиш месо од исхрана и мислиш дека со зеленчук, овошје и мешунки си обезбедил доволно количина на протеини, железо и амино киселиник , сите сме свесни дека грав, спањак, леќа сетоа тоа содрж железо ..мегутоа не се искористува на ист начин како и месото. Месото спага во група на “целосен” протеин кој ги содржи 9те амино киселини кои се најпотребни за раст,развој и правилна функција на организмот(врзува и искористува железото) ..аминокиселините се двигатели на човековото тело....поготово кај толку мали деца се премногу потребни. Нашето тело е составено од 20 амино киселини од кои 11 ги произведува самиот организам а останатите 9 ги внесеме преку месо, јајца, млечни, ореви..семиња. А зеленчукот и овошјето обично им недостиха 1 или сите 9 аминокиселини и многу потешко се врзува односно искористува железото од грав, леќа отколку од месо баш поради тоа што се нецелосни протеини.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот AndreaS)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?