|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Говедаров камен
2.6.2009 20:19:35   
Еца
Еве мислам дека темата е баш за тука, и воопшто не е ни срамота ни глупаво да се верува во вакви работи, бидејќи маката на се ќе го натера човека. Затоа за сите кои подолго време се мачат, а не можат да добијат детенце нека го прочитаат и ова...

Стотици луѓе секоја година на Ѓурѓовден го бараат Говедаров камен, голем карпа кај Свети Николе за која се верува дека им дава пород на жените што не можеле да забременат.

Ни дожд, ни кал, ни жешкото сонце.Ништо неможе да ги премисли луѓето што веруваат дека големата митска карпа на тромеѓјето меѓу Светиниколските села Ерџелија, Пеширово и Амзабегово ќе им помогне да добијат дете, откако неуспеале со методите на класичната медицина.
Но не само желбата  за пород, ја прави огромна врвицата на Ѓурѓовден, луѓето тука доаѓаат и за здравје, за среќа, вели Александар Данев, директор на Светиниколскиот музеј.Постојат посебни обичаи, поврзани со овој камен и остварување на желбата да се добие пород.    -Брачниот пар избира кум на самото место и заедно со кумот плетат плетенка од бел и црвен конец.Трипати се заобиколкува каменот и се остава до него или на него.Потоа се пие водата од длабнатините на карпата, за која што се верува дека е лековита.Доколку се случи жената да забремени, според обичајот, дозволено е старото кумство да се раскине и да се прифати новиот кум.Кога бебето ќе се роди, таа година на Ѓурѓовден се дава жртва, жртвено јагне, кое исто така три пати се врти околу каменот.Свртено кон југ се коли.Исто така и крвта за која што се верува дека има магична  моќ, тече од јужната страна..Детето на челото се мачка со крвта и се верува дека тоа ќе биде заштитено од болести наредната година.   За каменот се верува дека има лековита моќ.За неговата моќ се знае не само во Македонија, туку и надвор од нејзините граници.  -На оваа место на Ѓурѓовден, доаѓаат и луѓе од други вери и од друга национална припадност.Ги спојува едно, вербата дека оваа маѓична карпа ќе им ја исполни желбата,да добијат пород.-вели Данев.

Луѓето веруваат и раскажуваат.

< Поракaта ја уредил Elena -- 2.6.2009 20:20:20 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 12:55:17   
mila
Prv pat sega procitav za ovauser posted image i da kako sto velis Elena covek vo maka se ke proba,ubavo e da se znae, inaku znaci samo za Gurgovden se odi?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:00:09   
mami
да Мила, само на ѓурѓовден

(Одговор на членот mila)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:20:05   
jana
Ja dosta sum slusala za ovoj kamen i duri se mislevme so maz mi da doagame, no ete ja imavme taa sreka i sotanav bremena, inaku imam prijatelka koja bila na kamenopt i nabrzo potoa si ostana trudna, si dade se so red kako sto i kazaa lugeto koi ziveat tamu, inaku i tuka edna prijatelka me prasuvase dali znam za kamenot bidejki sum od Makedonija, za da dobijat dete lugeto na sve se spremni, toa go znaeme nie sto sme pominale niz toa.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:22:17   
mami
Значи еве само што дознавuser posted image се одела на 5ти вечерта..значи во очи Ѓурѓовден..па мамички кои сакате а никако да добиете бебнце, пробајте, можеби среќата ќе ви се насмевне, иако од срце ви посакувам да немате потреба од тоа туку побрзо да пријавите user posted image

(Одговор на членот jana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:32:06   
Anushka
mislam deka verbata e najvazna! Ke vi ja raskazam prikaznata kako jas sum se "slucila":
majka mi imala 38, a tatko mi duri 54. Nemale deca, a bile vo brak veke 8 god. Povremeno (retko) majka mi ke ostanela trudna, no nabrzo plodot umiral. Vo toa vreme (d-r Shukarev, Klinika) nemalo tehnika da se otkrie od sto tocno se slucuvalo seto toa.user posted image
Koga ostanla majka mi so mene bremena (user posted image ), d-rot i kazal da lezi vo bolnica i da ne se mrda! Od ogromna zelba za porod, majka mi izdrzala 7 meseci, lezejki samo na grb i mnogu retko stanuvajki. Sepak, nekade vo 5-tiot mesec pocnala silno da krvari. Doktorite vednas diganle uzbuna, ama se' sto napravile bilo popusto. Majka mi veli deka tecelo kako od ceshma. D-r Sukarev i' rekol: "sega samo Se'visniot moze da pomogne"
Мајка ми тогаш се сетила на молитвеникот на Св. Антон кој и` го дала некоја госпоѓа, католик. Од неа дознала за заштитната моќ на овој светец околу кој се шират многу преданија дека е голем заштитник на децата. Веднаш почнала да чита, со занес и со верба (зашто само уште тоа и останало...). По првата прочитана молитва, крварењето престанало, како и да не било (од приложеното мое присуство на порталов, user posted image ха, ха).
Јас го носам името на светецот, секојдневно си го читам молитвеникот и длабоко, најискрено верувам во неговата моќ.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:34:35   
mami
леле ме наежи...Вербата е нешто неописиво, некогаш само таа може да помогне..

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 13:38:28   
biba
Verbata da, no ima nesto tuka pojako od nas, majkati Anuske veruvala vo nesto nadprirodno, veruvala deka nekoj od gore -ke i pomogne, i toa se slucilo, zatoa ima nesto tuka, veruvam i jas vo nadprirodnoto, veruvam vo Boga, i za site koi se macat da dobijat dete, sledniot Gurgovden odete do Sv, Nikole, barem e nase, barem e blisku, i veruvajte deka ke uspeete...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 16:20:51   
emce
I jas prv pat sega procitavuser posted image A ubavo e da se znae, zenski fala za informaciiteuser posted image

(Одговор на членот biba)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Говедаров камен
3.6.2009 16:22:47   
Еца
Емче за тоа сме тука да се подржуваме, информираме, разменуваме искуства... user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот emce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Говедаров камен
7.7.2009 17:57:56   
caci8
zdravo pa neznam za vo sv nikola jas bev vo  veles mesto se vika crn kamen no mnogu e slicno so toa sto vije kazuvate no pak mislam deka e ubavo da se veruva vo takvi mesta eve jas ke odam pret gurgovden dago vratam  kamenot i ke odnesam jagne pa neznam drugo sto da kazam  ipak treba dase odi


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Говедаров камен
7.7.2009 18:00:45   
Еца
Цаци мила и да веруваш, и не мора да е вистина, но се што треба да направиш и се што е речено, оди направи, дај што треба и како треба и биди си мирна и спокојна. user posted image  

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот caci8)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Говедаров камен
7.7.2009 18:09:28   
caci8
isto bev vo crkva kaj pola pat za skopije  tamu ima edna soba so jastuci i krs na sredina vo soba tamu treba da se zaspije i ako te vati dremka i ako slusnen deka bebe ce place vo son toa znaci deka ke ostanes bremena i ima edna tetratka da se zapise sto sakas gospot dati dade i tamu bev no ne slusnev i taka taja godina nemase nisto i ima uste edna zena tamu blisko e i taja  samo jas ne mozev daja najdam i tamu ima kamen treba dago gusnes kamenot i goga kego gusnes on se siri i ako ti ostanat racete gusnati  toa e ubavo ima zena koja objasnuva no na mene nekese nikoj da mi kaze i taka neja najdov no mi kazale samo deka e tamu blisko do crkva samo site imajte  verba vo gospoda on nikogo nema dago ostavi tazen  user posted image znam deka eden den site kese raduvame zajedno

(Одговор на членот caci8)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Говедаров камен
7.7.2009 18:39:45   
Палешка РР
Се наежив од вашите приказни бидејќи и јас сум зачната слично.
Моите родители чекале на дете 2 и пол години. Откако испробале се, ги направиле сите испитувања, очајни отишле на Манастирот во Зрзе, да се опуштат. На калуѓерката и ја кажале својата мака, а таа им кажала секое утро да ја удираат камбаната, да ја отклучуваат црквата и клучот да го ставаат во вода, а следниот ден да ја пијат водата. Им дозволила и да водат љубов во конаците.
По десет дена престој во манастирот Зрзе, мајка ми останала бремена со мене.
Има нешто ! user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот caci8)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Говедаров камен
3.9.2009 0:26:08   
delfinka
kade potocno se naoga govedaroviot kamen?

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Говедаров камен
18.11.2009 12:39:49   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

kade potocno se naoga govedaroviot kamen?


Говедаров камен, Овче Поле
Среде рамното Овче Поле, во близина на селото Амзабегово, уште оддалеку боде очи огромниот камен голем колку една мала куќа. Меѓу народот е познат како Говедаров камен, од чија исцелувачка моќ на царевите им се раѓале деца-наследници, а Самуиловите војници лекувале рани. Обично во мај, за Ѓурѓовден, луѓе од секаде, најмногу млади невести, некои со цели семејства, и од христијанска и од муслиманска вера, доаѓаат кај Говедаровиот камен. Плетат колани и ги врзуваат за половината, земаат мало парче од Говедаровиот камен и го носат дома. В година, кога ќе им се роди дете, го враќаат каменчето и палат свеќа за здравје. Други, пак, принесуваат курбан во знак на благодарност затоа што добиле дете.

user posted image Доаѓаат луѓе од сите вери. Сите веруваат и се надеваат во моќта на Говедаровиот камен. Многумина доаѓаат со цели оркестри. Со зурли и со тапани се слави раѓањето на новороденото чедо, кое дошло на свет благодарение на исцелувачката моќ на каменот. Најблагодарни се младите жени, кои ја осетиле благодатта на мајчинството откако претходната година на Говедаровиот камен, во присуство на кумот, го плетеле мајчинскиот колан.

Легендите се многу стари. Едната зборува дека ранетите војници на Цар Самуил биле праќани во полето на овците за да го бараат единствениот Говедаров камен. Таму се замивале од водичката што истекувала од малиот извор до големиот камен. Биле вџашени од нејзината лековитост. Раните за миг биле залекувани. Другата легенда зборува за дамнешната голема желба на некој цар да има дете. По долго чекање, желбата му се исполнила, но, место син-наследник, му се родила ќерка. Кога по трите ќерки царицата пак требала да роди, царот бил убеден дека и тоа дете ќе биде женско. Во исто време, Циганка од патувачкиот циркус родила машко дете. Царот, без да знае дека и неговото е машко, веднаш го заменил со Циганчето. Како што растело, детето покажувало музички, циркуски и други виртуозни афинитети, а детето кај Циганката - организаторски и тактичко-воинствени карактеристики. Така, тоа често се качувало на Говедаровиот камен и таму, од високо, правело распоред како да се движат војската и нејзините легии. Кога еднаш царот случајно поминал и го видел малиот на каменот како командува, се препознал себеси. Си го зел синот, а на Циганката и го вратил нејзиното дете и и подарил кочија. За царот, големиот камен бил чудотворен, оти му го вратил синот и му ја залекувал големата рана што ја носел во срцето со години. Во знак на благодарност, принел жртва и, со крвта, на челото на сина си ставил крвче, а на Циганчето - точка. Поради тоа што добил син, царот зел едно мало парче од каменот, го натопил во светата водичка што течела до каменот и си заминал дома да раскажува во царството за тоа каква моќ има каменот кој му донел син.
Многу одамна каменот бил наречен Говедаров. На него се качувале говедарите за да видат каде им пасат говедата и стадата овци. Секоја година Говедаровиот камен има кум. Кумот им објаснува на младите невести и на момчињата како да го плетат коланот.  Младите парови, со црвена и бела волница- трипати ја обмотуваат карпата, за потоа невестата се качува на неа, да се измие со водата, и потоа деветпати да се обмота околу половината. Белата - за ново, црвената - за плодно. Тоа е начинот на кој древните Македонци ја чествувале пролетта - најголемиот празник, симбол што доскоро сите го носевме - црвено-бел приврзок, што се викаше мартинка.

Покрај паровите што вртат, ќе видите како многу луѓе гребат по карпата, која е инаку многу компактна, обидувајќи се да откорнат камче. Тоа е другото верување: ако откорнеш камче од карпата, и си помислиш желба, ќе ти се оствари. Тогаш имаш обврска догодина да го вратиш камчето.

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 18.11.2009 12:53:32 >

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Говедаров камен
6.12.2009 19:08:08   
arh_diz
дали некој го посетил досега овој камен

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Говедаров камен
11.2.2010 18:19:52   
futka
јас живеам во с.ерџелија најблиску до каменот кој се вика говедаров камен.На каменот се иде на 5 мај секоја година попладне од 2 часот и трае цела нок има многу народ кој доага и верува.Секоја жена која дошла да се заврти за да роди дете мора да најде кум кој ке ја врте и ке го дрзии конецот кога тааа ке го плете.Јас нема година да не одам таму.Луге незнам што да ви кажам само дојте и уверете колку народ имале мака и сега и е полесно од тој камен.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Говедаров камен
11.2.2010 18:31:59   
Еца
Футка дали си слушнала искуства на жени од овој камен, дали навистина помага?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот futka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Говедаров камен
11.2.2010 21:05:45   
delfinka
jas imam cueno za mokta na ovoj kamen od edna zena koja raskazuvase koga bev na gosti kaj moi rodnini ama togas ne me interesirase,bev okolu 10-15godini i se cudev kako moze da ne zabremeni?
veruvam deka na kamenov ima pomos so verba jaka vo boga i molitvi

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Говедаров камен
12.2.2010 0:49:51   
futka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Футка дали си слушнала искуства на жени од овој камен, дали навистина помага?



Еца каменот има природна моќ.Со сигурност велам дека има таква моќ.Јас знам многу луге кој по доагање на каменот останале бремени и родиле здрави деца.Тие луге и ден денеска донесуваат дарови на каменот,најдонесуван дар на каменот е јагне кое се прави курбан и со крвта се бојадисова челото на роденото дете.Кажав јас сум најблиско до каменот од ерџелија сум, секој кој ке дојде на каменот фака некој кум што прв пат го гледа во животот прашуваш од народот кој е присутен таму и кој сака да ти биде кум.Кумот ја врте жената околу каменот и друго што е по обичаите,потоа кумот се дарува со паричка или бовча и така...ХЕХЕ а знаете ли дека пред 3 години имаше поставено шатор кој сака на лице место да праве деца па имаше 2-3 пара кој си ја пробаа среката поззззз user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Говедаров камен
12.2.2010 8:13:08   
Еца
Ѓурѓовден се ближи полека, затоа сите кои подолго време посакувате дете, нема да биде лошо на Ѓурѓовден да направиоте една прошетка до овој камен. Како и да е наш е, нема ништо лошо, нема ништо срамно, човек се ќе направи да дојде до рожба. А посетата на овој камен нека биде со мисла дека ќе видите уште една убавина од нашата Македонија. Нека ве води мислата дека можеби токму тука е вашата среќаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот futka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Говедаров камен
12.2.2010 8:21:24   
BILJANA_G
Prvpat slusam za ovoj kamen,sekoj sto ima bilo kakva maka sekade ke otide i ke se nadeva deka toa ke mu pomogne. Caci i jas imam slusano za taa soba deka na nekoj mu se ima slusnato plac pa posle vednas ostanala.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Говедаров камен
12.2.2010 21:44:17   
jasmina 25
caci aj te molam objasni mi kade e tocno taa soba toa e nekoe selo ili?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Говедаров камен
12.2.2010 21:48:07   
delfinka
ali za satorov haos,pa toa e za mene kako sveto mesto,ne e malce neobicno?!???

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот jasmina 25)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?