mother 29 -> RE: Говедаров камен (18.11.2009 12:39:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka kade potocno se naoga govedaroviot kamen? Говедаров камен, Овче Поле Среде рамното Овче Поле, во близина на селото Амзабегово, уште оддалеку боде очи огромниот камен голем колку една мала куќа. Меѓу народот е познат како Говедаров камен, од чија исцелувачка моќ на царевите им се раѓале деца-наследници, а Самуиловите војници лекувале рани. Обично во мај, за Ѓурѓовден, луѓе од секаде, најмногу млади невести, некои со цели семејства, и од христијанска и од муслиманска вера, доаѓаат кај Говедаровиот камен. Плетат колани и ги врзуваат за половината, земаат мало парче од Говедаровиот камен и го носат дома. В година, кога ќе им се роди дете, го враќаат каменчето и палат свеќа за здравје. Други, пак, принесуваат курбан во знак на благодарност затоа што добиле дете. [image]http://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/0BFF7BAFFEDC3A4899CBA6CB630971DE.jpg[/image] Доаѓаат луѓе од сите вери. Сите веруваат и се надеваат во моќта на Говедаровиот камен. Многумина доаѓаат со цели оркестри. Со зурли и со тапани се слави раѓањето на новороденото чедо, кое дошло на свет благодарение на исцелувачката моќ на каменот. Најблагодарни се младите жени, кои ја осетиле благодатта на мајчинството откако претходната година на Говедаровиот камен, во присуство на кумот, го плетеле мајчинскиот колан. Легендите се многу стари. Едната зборува дека ранетите војници на Цар Самуил биле праќани во полето на овците за да го бараат единствениот Говедаров камен. Таму се замивале од водичката што истекувала од малиот извор до големиот камен. Биле вџашени од нејзината лековитост. Раните за миг биле залекувани. Другата легенда зборува за дамнешната голема желба на некој цар да има дете. По долго чекање, желбата му се исполнила, но, место син-наследник, му се родила ќерка. Кога по трите ќерки царицата пак требала да роди, царот бил убеден дека и тоа дете ќе биде женско. Во исто време, Циганка од патувачкиот циркус родила машко дете. Царот, без да знае дека и неговото е машко, веднаш го заменил со Циганчето. Како што растело, детето покажувало музички, циркуски и други виртуозни афинитети, а детето кај Циганката - организаторски и тактичко-воинствени карактеристики. Така, тоа често се качувало на Говедаровиот камен и таму, од високо, правело распоред како да се движат војската и нејзините легии. Кога еднаш царот случајно поминал и го видел малиот на каменот како командува, се препознал себеси. Си го зел синот, а на Циганката и го вратил нејзиното дете и и подарил кочија. За царот, големиот камен бил чудотворен, оти му го вратил синот и му ја залекувал големата рана што ја носел во срцето со години. Во знак на благодарност, принел жртва и, со крвта, на челото на сина си ставил крвче, а на Циганчето - точка. Поради тоа што добил син, царот зел едно мало парче од каменот, го натопил во светата водичка што течела до каменот и си заминал дома да раскажува во царството за тоа каква моќ има каменот кој му донел син. Многу одамна каменот бил наречен Говедаров. На него се качувале говедарите за да видат каде им пасат говедата и стадата овци. Секоја година Говедаровиот камен има кум. Кумот им објаснува на младите невести и на момчињата како да го плетат коланот. Младите парови, со црвена и бела волница- трипати ја обмотуваат карпата, за потоа невестата се качува на неа, да се измие со водата, и потоа деветпати да се обмота околу половината. Белата - за ново, црвената - за плодно. Тоа е начинот на кој древните Македонци ја чествувале пролетта - најголемиот празник, симбол што доскоро сите го носевме - црвено-бел приврзок, што се викаше мартинка. Покрај паровите што вртат, ќе видите како многу луѓе гребат по карпата, која е инаку многу компактна, обидувајќи се да откорнат камче. Тоа е другото верување: ако откорнеш камче од карпата, и си помислиш желба, ќе ти се оствари. Тогаш имаш обврска догодина да го вратиш камчето.
|
|
|
|