|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дамки популарно наречени флеки
19.5.2009 15:15:18   
mami
сите се срекаваме со нив по неколку пати во денот..многу лесно се прават а многу тешко се вадат. Ајде совети како да извадиме различни флеки? Еве мм на пр. на работа се испрскал со уље, ке излезе со вениш? пробала некоја веќе ?
а за детските облеки да не почнувам- се повеќе наидувам на се по валкани тренерчиња и панталончиња кои сакаат многу перењеuser posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 22.10.2012 14:53:52 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: дамки популарно наречени флеки
19.5.2009 16:00:36   
Палешка РР
Ако нешто мразам најмногу - тоа се флеки. Знам сигурно дека не се отстрануваат со Вениш.
Јас по брза постапка и ги носам на мајка ми, таа е стручњак за флеки user posted image  user posted image  user posted image . Мислам дека ги отстранува со старински сапун кој го прави баба ми.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: дамки популарно наречени флеки
19.5.2009 21:59:16   
mami
а да и пратам на мајка ти едно брдо партали?user posted image user posted image user posted image
пробав и јас со вениш ама ништо..ке видам со бекута, ми извади една флека ке видам како ке се покаже на другитеuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.5.2009 17:44:32   
Еца
Не знам баш и јас некој ефикасен начин,и јас пробував со вениш но пред некое време беше многу подобар венишот,сега како да не е истиот квалитет.....

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: дамки популарно наречени флеки
1.6.2009 15:17:05   
natasha
damkite ili po naski flekite osobeno od ovosje,zelencuk,kafe gi otstranuvam o dat5 za fleki i sum prezadovolna-probajte??user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: дамки популарно наречени флеки
1.6.2009 18:43:16   
Anushka
prvo ravilo: koga e "taze" fleka, vedans posipete ja so gazirana mineralna voda. Ubavo istrlajte. Sigurno se vadi!
vtoro pravilo: stara fleka (ama da ne se izmiva prethodno, nitu pegla), isperete ja so racen Ariel.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: дамки популарно наречени флеки
12.7.2009 0:04:10   
nenicka
ПРОБАЈТЕ СО ДАТ 5 ЗА МРСНОТИИ МЕНЕ МИ ИЗЛЕГЛЕ САМО СО ТОА И ТОА ФЛЕКИ ОД УЉЕ БЕЛО Е И ГО ИМА ВО ГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ .ПРОБАЈТЕ ПА КАЖЕТЕ.ПОЗДРАВuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: дамки популарно наречени флеки
13.9.2009 16:09:08   
nutelizza
Сите флеки што беа на тепихот се извадија со вениш ама оној што е во прашок (розе). Растворен во вода го оставаш да одстои пола сат и после проаѓаш све живо вади.
Ја сум задоволнаuser posted image

(Одговор на членот nenicka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: дамки популарно наречени флеки
8.10.2009 8:17:45   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката:


1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги.

Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа.

Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол.

Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат.


2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина.


3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода.


4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак.


5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши.

Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин.

Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне.


6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин.


7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода.

Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета.

Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката.

Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода.








ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.

Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.

Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.


9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.

Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.

Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.


10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.

Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката.


11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.


12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.

Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.

Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.

Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.


13. Парфем
– парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.


14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.

Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.

Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.

Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.

Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.

На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.

Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.

Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.

Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.

Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.


15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.

Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.

Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.

Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.

Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.




< Поракaта ја уредил profesorica -- 8.10.2009 8:19:54 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: дамки популарно наречени флеки
8.10.2009 8:18:11   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

16. 'Рѓа – дамките од 'рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.

Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.


17. Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.

Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.


18. Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото. Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со парчиња од домат.

Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати, постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен начин.

Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.

Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку, односно со алкохол).

Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.


19. Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.

Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.

Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.

Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.

Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.

Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.

Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.


20. Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие. Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.

Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува смеса на алкохол, вода и глицерин.

Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари, натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика што тие не треба да се изложуваат на сонце.

За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко. Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со смеса на алкохол и амонијак.


21. Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со обично масло.

Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут, едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.


22. Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.

Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој раствор истријте ја секоја дамка.

На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.

Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно се трие местото каде што е дамката.


23. Гума за жвакање – може да се извади од тепихот на тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.


24. Јајце – овие дамки од ткаенините се отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.

Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.


25. Лак за нокти – од ткаенините ќе ги отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а потоа отстранете го со терпентин.


26. Пенкало
– од ткаенините овие дамки прво натопете ги со пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.


27. Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие извалканата ткаенина.




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: дамки популарно наречени флеки
29.12.2010 10:46:50   
tea
koristev venis od toj rozeviot vo prasak za fleki. bese ok, ama vo posledno vreme voopsto ne sum zadovolna. mi preporacuvaat aris ili mislam deka bese omnio bianco ( ako ne se lazam) arisot e plus univerzalen moze i drugi raboti da se cistat so nego. ovoj pat zemav omnio bianco ,toa e samo za garderoba, ke go probam denovive pa ke vi kazam kako e. imate li vie iskustvo so ovie sretstva?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: дамки популарно наречени флеки
29.12.2010 10:58:41   
Maca25
јас со арис вадам флеки. на пример од алиштата на ќерка ми, флеки од храна, сок, пенкала, фломастери... се се вади. Прскам, малце ке протријам и пикам во машина. После плавам едно 2-3 пати.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: дамки популарно наречени флеки
29.12.2010 13:59:22   
nadica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

јас со арис вадам флеки. на пример од алиштата на ќерка ми, флеки од храна, сок, пенкала, фломастери... се се вади. Прскам, малце ке протријам и пикам во машина. После плавам едно 2-3 пати.


и јас користев вениш ама не сум баш задоволна user posted image  маце постави слика да знам за што зборуваш

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: дамки популарно наречени флеки
29.12.2010 14:11:16   
big_mama817
да и јас го користам арис и сум задоволна а исто и мајка ми за све го користи арисот user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: дамки популарно наречени флеки
27.1.2011 0:21:55   
Olivia
 Eve eden sovet kako da iscistite fleki od creveno vino, prvo i osnovno nemojte vednas so bilo kakov detergent vo toj slucaj flekata ke ostane vecno, edinstven i najdobar odstranuvac na damkite od crveno vino e beloto vino , isprobano mnogu pati bidejki rabotam so vino, stom posipete od beloto vino zacuduvacki damkite isceznuvaat, upotrebete samo na svezi fleki!

_____________________________

"Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: дамки популарно наречени флеки
27.1.2011 0:59:55   
Џесика
А јас слушнав и кисела вода на црвено вино има ефект, точно е тоа Оливија?

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Olivia)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: дамки популарно наречени флеки
27.1.2011 1:09:48   
Тања РР
Олива ме потсети на една случка. На свадбата на една моја другарка се случи „катастрофа“. Кога деверот требаше да и ги облече штиклите во целата  мешаница некој турна едно шише со црвено вино кое за несреќа се разли по фустанот на невестата. Кутрата таа, уште неизлезена пред гостите го исфлека фустанот од горе до долу. Среќа некому му текна да ја потурат со бело вино па кога по некое време се исуши ништо не се познаваше.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: дамки популарно наречени флеки
27.1.2011 1:25:24   
Olivia
Џесика


А јас слушнав и кисела вода на црвено вино има ефект, точно е тоа Оливија?

Ako se nema belo vino vo momentor moze kisela voda ama da e mnogu gazirana a ne stoena, pomaga ama ne sekogas


Tanja drugarkati imala mnogu sreka definitivno, mnogu vazna uloga igra i tkaeninata od koja e izrabotena garderobata na vestacki materijal koj ne sodrzi pamuk ne e strasno no koga se raboti na pamucna garderoba e togas e bas katastrofa, ama neli od crveno do crveno vino ima razlika od jacinata na bojata!!!


_____________________________

"Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: дамки популарно наречени флеки
27.1.2011 1:34:15   
Тања РР
Сигурно си во право Олива, среќа што се погодила ткаенината и што излезе дамката инаку ептен ќе беше жално.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Olivia)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: дамки популарно наречени флеки
30.1.2011 23:59:34   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

јас со арис вадам флеки. на пример од алиштата на ќерка ми, флеки од храна, сок, пенкала, фломастери... се се вади. Прскам, малце ке протријам и пикам во машина. После плавам едно 2-3 пати.


и јас користев вениш ама не сум баш задоволна user posted image  маце постави слика да знам за што зборуваш


Не можам да најдам слика на нет, а моето го потрошив и фрлив, треба да купам ново. Се вика Aris De Grass, македонско производство, 100 денари.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.4.2012 10:56:53   
malinka
Vcera mi kapna lepan UFO na pantaloni, se zamacka stana golema fleka.Ve molam dali nekoj znae kako da si gi iscistam pantalonite flekata od lepakot da ja snema.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.4.2012 11:02:25   
vezilka RR
Пробај со Aris одмастувач, јас еднаш извадив лепак од каучот со тоа.

(Одговор на членот malinka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.4.2012 11:34:11   
annabela
Jas damki t.e. fleki vadam so Merix sapun za perenje i mnogu sum zadovolna. Nemalo dosega damka koja ne mi ja izvadil......od maslo od kafe od bilo kakva hrana bukvalno od se. Samo ja premackuvam damkata so sapunot, trijam malku i stavam vo masina taka so neisplaknat sapun vadi bukvalno se. Snaa mi maka maceshe so mali deca so tie fleki neznam kolku ne vanishi ne potrosi i dzabe. Koga i kazav za Merix pocna da go upotrebuva i veke nema alishtenca isflekani od sladoled chokolado i sl

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.4.2012 11:43:43   
bocence

ИЗВОРНА ПОРАКА: annabela

Jas damki t.e. fleki vadam so Merix sapun za perenje i mnogu sum zadovolna. Nemalo dosega damka koja ne mi ja izvadil......od maslo od kafe od bilo kakva hrana bukvalno od se. Samo ja premackuvam damkata so sapunot, trijam malku i stavam vo masina taka so neisplaknat sapun vadi bukvalno se. Snaa mi maka maceshe so mali deca so tie fleki neznam kolku ne vanishi ne potrosi i dzabe. Koga i kazav za Merix pocna da go upotrebuva i veke nema alishtenca isflekani od sladoled chokolado i sl
e ova mora da se proba jas maka macam so fleki


_____________________________

Koj ne go razbira tvoeto molcenje,nema da gi razbere ni tvoite zborovi.

(Одговор на членот annabela)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: дамки популарно наречени флеки
20.4.2012 15:20:34   
mama toci


ИЗВОРНА ПОРАКА: annabela

Jas damki t.e. fleki vadam so Merix sapun za perenje i mnogu sum zadovolna. Nemalo dosega damka koja ne mi ja izvadil......od maslo od kafe od bilo kakva hrana bukvalno od se. Samo ja premackuvam damkata so sapunot, trijam malku i stavam vo masina taka so neisplaknat sapun vadi bukvalno se. Snaa mi maka maceshe so mali deca so tie fleki neznam kolku ne vanishi ne potrosi i dzabe. Koga i kazav za Merix pocna da go upotrebuva i veke nema alishtenca isflekani od sladoled chokolado i sl
e ova mora da se proba jas maka macam so fleki


user posted image ,I jas go koristam so godini.Odlicen e - za nisto ne bi go menuvala...

(Одговор на членот bocence)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?