profesorica -> RE: дамки популарно наречени флеки (8.10.2009 8:17:45)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката: 1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги. Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа. Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол. Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат. 2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина. 3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода. 4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак. 5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол. Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши. Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин. Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне. 6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин. 7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода. Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета. Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката. Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода. ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 8. Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент. Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките. Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода. 9. Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент. Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок. Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода. 10. Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус. Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката. 11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер. 12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона. Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак. Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус. Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода. 13. Парфем – парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа. 14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак. Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа. Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија. Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура. Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање. На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го. Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол. Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката. Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла. Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка. 15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина. Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка. Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина. Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода. Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.
|
|
|
|