|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Другарчиња од градинка
21.1.2012 15:34:52   
AnnaMolly RR
Филип е уште во јасли, ама изгледа си склопил некакви пријателства со неколку дечиња и по цели денови дома ми ги збори!

Завчера кога се разбуди првите зборови му беа: Одиме дугаите. (Одиме кај другарите). И почна да ги набројува: Давид, Ева, Дафина, Гојан (Горјан), Зоки, Иван.

Јас па не ни знам како му се викаат дечињата од група, па ја прашав воспитувачката вчера и навистина најмногу си играл со нив, навистина сите тие му биле во група. Многу ме изненади.

Дали и вашите деца имаат другарчиња во градинка со коишто најмногу се сложуваат?


_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Другарчиња од градинка
21.1.2012 19:01:55   
Snowhite RR
Михаил по извесен период откако почна во градинка и почна дома да кажува нешто Тефанија (Стефанија), немаме такво име во нашиот круг и претпоставив дека е од градинка и го прашувам дали  Стефанија е од градинка и ми вика да и после ја прашав воспитувачката дали има такво девојче во група и ми вика да има, со неа си игра најмногу. Мојов изгледа си нашол симпатија, зашто од сите само нејзе ја кажуваuser posted image
Инаку на сликата од Нова Година сите ги кажува како се викаат, некои од нив јас ги знам и сигурна сум дека така се викаат, ама претпоставувам дека и тие што не ги знам точно ги кажува


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Другарчиња од градинка
21.1.2012 20:46:13   
Maca25
Нина си има едно другарче Лука, од јасли се заедно и стално го збори. А во градикна ми кажуваат дека уште нема двоење меѓу децата, односно дека сите си играат. Уште нема најдобри другарстваuser posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Другарчиња од градинка
22.1.2012 8:23:27   
Felly RR
Матеа уште од почеток ја кажува Маца, со неа најмногу си играат. А и врснички се, неколку дена разлика. Ама многу често ги спомнува и машките. Кога ќе ја прашаме
- Што правеше во градинка? - Игаме фубот(фудбал)
Со кого? - Со Да(в)ид.
А многу често и Ма(к)сим го спомнува.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Другарчиња од градинка
24.1.2012 16:43:34   
JovanaJ
Imame drugarcinja od gradinka ama ne spomenuva nekoj posebno, onaka da se istakne so nego najveke da se druzi. Ovaa godina veke i po rodendeni si odime pa gi zapoznav skoro site decinja. Se druzat i super se site, milo mi e sto recisi so site se slozuva ubavo. Posebno interesno mi e sto se druzi i so devojcinja duri zaedno si igrale karate i pukanje so pistoli (onaka so race)...
user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Другарчиња од градинка
25.1.2012 9:09:46   
Felly RR
Јас дечињата ги научив уште пред да ги научи Матеа. И на почетокот за да ги научи и таа сите побрзо, ја прашуваав: - А што правеше Х? Дали си играше со Х? А сега веќе сите ги знае. И нон стоп нешто за нив спомнува. Пред некој ден пишувавме и ми вели пиши Х, У (и ми реди имиња на дечињата од градинка).Или и облекувам елек - таа: Овој има елек. И давам шише ново со рачки. Таа - Оној има рачки. user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Другарчиња од градинка
25.1.2012 9:42:35   
Lokica1
Odime vo prva mala grupa i gi znae site decinja od grupata..na novogodisnata slika site decinja gi kazuvase...a najmnogu si igra so 3-4 koi non stop gi spomnuva...vospitackite mi kazuvaat deka ima decinja so koi i voopsto ne igra, rado si igrala sama :). a inaku si imame i decko so koj od jasli se zaedno i taka go i vika deckoto David :D, i so nego najmnogu si igrale i spijat edn do drug.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Другарчиња од градинка
1.2.2012 11:01:11   
AnnaMolly RR
На Филип му се хит Ева и Дафина. Од уста не ги вади и само така без плачење оди во градинка.
Му викам ајде кај Ева и Дафина. И тој Даааааааа! И трча без проблем накај занимална.
Вчера во исто време дојде и Ева и си се фатија за рака и заедно си отидоа накај учителката. Мноооогу беа слатки!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Lokica1)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Другарчиња од градинка
29.11.2012 14:52:33   
vezilka RR
Никола почна да расправа за другарчињата од градинка. Секој ден мора да ги спомне Дамјан и Матеј. Многу поретко споменува и некои девојчиња па ја прашав учителката и таа така ми кажа, дека со овие две момчиња и две други биле тајфа, а со девојчињата многу, многу не играле. Пред некој ден добивме за роденден честитка, цртежи од сите другарчиња споени во тефтерче, потпишани од сите, и сега ги знам имињата и секој ден го прашувам за некои од дечињата за да ги научиме сите.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Другарчиња од градинка
16.11.2013 15:44:27   
Mihaela 2010
Ne samo sto gi spomnuva sekoj den,tuku i si se druzime po gosti od vreme na vreme bidejki gore dole site sme tuka so ziveenje,koj poblizku koj podalecku...i mene bas mi e super toa,koga se ide po rodendeni kaj deca od gradinka naj ubavo si pominuvaat,deka si se znaat ama takva zabava ne se propusta...od januari pa nekade do septemvri sekoj mesec sme kaj nekoj od gradinka,i mozam da kazam deka i jas dobro se zabavuvamuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Другарчиња од градинка
16.11.2013 18:48:59   
Snowhite RR
Најдобар другар од градинка му е Леонид и сега во септември кога го преместија во друга група и Леонид го преместија, па дури лани и исти пантолони имаа со прерамки и еден ден се погодиле двајцата да ги носат и негователкава ми вели леле денеска ќефови беа дека двајцата со исти пантолони. Инаку сега редовно кога и да излезиме некаде во парк или в чаршија обавезно ќе си види некое другарче од градинка, му викам на мм, тој со повеќе луѓе се поздравува отколку ние, нашава генерација помалку излегува хихи

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Другарчиња од градинка
21.11.2014 10:45:35   
Anuska14
Во нашата група дружбата е на највисоко ниво, одиме по родендени, се дружиме по дома, одиме по фестивалчиња заедно...Речиси 2 пати месечно сме на некој роденден од градинка-деца лудуваат -мајки разменуваат искуства, трачевиuser posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Другарчиња од градинка
5.10.2015 11:37:42   
sandriana RR
Како растат децата, така се формираат и се зацврстуваат пријателствата од градинка.
Тина има веќе 4 години, и последнава година ептен интензивно се дружат со дечињата што од својата група, што и од другите групи.
Летово, дека беа сите заедно споени во салата, имаше можност да се дружи со дечињата од поголемите групи и беше воодушевена. Секој втор ден ми кажуваше дека има по некое ново другарче.
А и од нејзината група се сплотени, веќе често одиме по родендени- едноставно се бараат како друштво.
Со 2-3 дечиња има дружба и надвор од градинка, бидејки ни се близу во населбата, па се дружиме по дома или на игралиште.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Anuska14)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

/
Jana9

Dali slavite nekoja slava?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!