|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Животен проблем
16.11.2010 9:25:47   
purple rain
Девојки, имам една многу голема мака и се надевам со вашите ставови ќе ми помогнете некако. Мајка ми и татко ми се одамна разведени, немам никаков контакт со татко ми, а после разводот кога имав 8 години, мајка ми се разболе. Прво депресии, психози, за на крај да и се дијагностицира шизофренија. Живеев со неа и со баба ми и дедо ми. Таа поголем дел од годините ги минуваше во психијатриските болници низ државава и теретот за нејзина грижа беше врз баба и дедо. Меѓутоа, тие и двајцата се на смртна постела и после нивната смрт не знам што ќе правам?! Што ќе се случи со мајка ми? Грижата за неа ми припаѓа мене, ама јас живеам во друг град и имам семејство. Имам 26 години. Куќата на баба и дедо е препишана на тетка ми (сестра на мајка ми) и таа кажа дека после нивната смрт ќе ја продаде куќата. Така е и најдобро, зашто мајка ми не може да се грижи сама за домот. Дури ги пие лекарствата е добра, но кога престанува со терапија, знае да биде и агресивна. Ве молам за помош. Што би направиле вие да сте на мое место?user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Животен проблем
16.11.2010 9:57:54   
Sandric
JAs bi razmislila za nekoja ustanova kade sto ima pristojni uslovi i postojana griza.

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Животен проблем
16.11.2010 10:50:11   
nadica
го прочитав твојот пост повеќе пати со надеж дека ќе можам да ти дадам објективно и непристрасно мислење ама...
...за многу нешта што ни се случуваат во животот се прашуваме „каде згрешив; со што го заслужив ова?“ но мора да продолжиме соочувајќи се со предизвиците
ако можеш да си дозволиш да ја сместиш во соодветна установа (дом или болница) мислам дека би поминала најбезболно

сепак само ти можеш да процениш што во моментот е најдобро за двете user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Животен проблем
16.11.2010 12:38:54   
anedespo
Во институција, меѓутоа да се среди со наследството. Зашто да не и припадне пола куќа со чии пари би се платило чувањето на жената во квалитетна приватна установа.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Животен проблем
16.11.2010 12:50:16   
mama26
jas neznam roditelive koga davaat davaat samo na edno?kako moze samo edna da nasledi kua od dve kerki?

razbiram za malku da e razlika posto nemozes sekogas isto za site deca,ama vaka?/?/ znaci ako majkati nema pari za vo bolnica togas ti ke treba ili da platis ili da ja cuvas???????????user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Животен проблем
16.11.2010 13:32:51   
purple rain
Мајка ми има завршено филолошки факултет и беше многу интелегентна особа, се дури не се разболе. Беше просветен работник 15 години и успеа да добие инвалидска пензија и сега зема 9000 денари. Во градот во кој живее нема старски дом, а болниците примаат пациенти само за привремено лекување, но не и престој до крајот на животот. Приватните домови коштаат многу и немам толку пари (јас сум невработена,а имам и дете), а во државните се чека на ред и условите се повеќе од мизерни.
Наследството припадна на тетка ми, поради тоа што баба ми и дедо ми оставија аманет на неа да не и се дава ништо зашто тие цел живот за неа трошеле, а таа испусти се што беше нејзино и што и беше поклонето. Сепак не е таа крива, таква и е болеста. Тетка ми рече дека пола од парите што ќе се продаде куќата ќе ми ги даде мене, но сепак тие пари не би биле доволни за целиот нејзин живот.user posted image user posted image user posted image
Ах, тажна е судбината моја. Пораснав без мајка и без татко, а сега и баба и дедо ќе заминатuser posted image user posted image

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Животен проблем
16.11.2010 13:55:37   
Martins mom
Тешка ситуација....Стави ги парите во банка и од каматата плаќај за во домuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Животен проблем
16.11.2010 14:02:09   
anedespo
Зашто да не се доволни? Кога веќе има пензија и неколку децетици илјади евра да не се доволни? Освен ако не ги планираш за себе!

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Животен проблем
16.11.2010 14:53:36   
Anushka
Драга Прпл рејн,
[color=#000000 size=3] 
За се` постои решение:
ти ја препорачувам болницата-дом Сју Рајдер во Скопје (Ѓорче Петров). Тука згрижуваат повозрасни болни лица. Негата е одлична, постојана лекарска контрола, добра храна. По две жени се во соба. Собите се светли и топли, со купатила. Храната е ок. Цената е некаде околу 11-12.000 МКД.
Поднеси барање до Фонд за здравство, за постојана парична помош, „Нега од трето лице“ (некаде околу2-3.000 МКД). Заедно со пензијата на мајка ти, би било доволно.
Под итно поденси барање во Центарот за социјални грижи за старателство над твојата мајка. Кога ќе го имаш старателството, ќе ти помогне за решавање на многу проблеми кои те очекуваат кога ќе останеш сама со мајка ти (сметсување во установи, примање нејзина пензија на твоја адреса, лекарска грижа и интервенции, наследство, судски постапки и сл.)
Прпл рејн, сето ова е многу тешко да го „избркаш“. Ќе ти требаат многу нерви, време, а уште повеќе познанства и врски. Во Сју Рајдер примаат само со врски, на пример...
Имав слична судбина. Освен моите деца немам никој близок. Судбината на мојата болна мајка јас морав да ја делам. Од наше искуство никако не препорачувам приватни домови или некој да ја негува во домашни услови.
П.С. Парите кои евентуално би ги добила од наследство, троши ги на ќерка ти/син ти. Сигурна сум дека нејзината баба да била здрава, така би правела...

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Животен проблем
16.11.2010 15:10:31   
majka 79
znaev deka anuska ke odgovori, taa ni e zadolzena za davanje na konkretni resenija na nasite problemi.
jas sakav da odgovoram deka treba da se rasprasas za nekoja ustanova ili dom, no nisto konkretno nemozev da ponudam.
pozdravce

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Животен проблем
16.11.2010 22:47:25   
purple rain
ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

Зашто да не се доволни? Кога веќе има пензија и неколку децетици илјади евра да не се доволни? Освен ако не ги планираш за себе!


Ова многу ме навреди user posted image user posted image

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Животен проблем
16.11.2010 22:50:24   
purple rain
Ти благодарам Анушка на исцрпниот одговор. Токму тоа ми требаше, нешто конкретно. Уште да ја убедам мајка ми со убаво да појде таму, добро ќе биде. Ни сама не знам како ќе го изведам тоаuser posted image user posted image Ја подготвувам уште од сега, ама кој знае дали милум ќе сака да оди во друг град кај што нема никојuser posted image
Ви благодарам, прекрасни сте сите

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Животен проблем
17.11.2010 8:05:55   
anedespo
Najiskreno ti se izvinuvam. Bev nervozna i izleze mnogu grubo, a ne go planirav taka.user posted image

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Животен проблем
17.11.2010 9:20:26   
denim
ИЗВОРНА ПОРАКА: purple rain

Ти благодарам Анушка на исцрпниот одговор. Токму тоа ми требаше, нешто конкретно. Уште да ја убедам мајка ми со убаво да појде таму, добро ќе биде. Ни сама не знам како ќе го изведам тоаuser posted image user posted image Ја подготвувам уште од сега, ама кој знае дали милум ќе сака да оди во друг град кај што нема никојuser posted image
Ви благодарам, прекрасни сте сите
Resenieto na Anushka e edinsveno mozno i izvodlivo. Dedo mi bese smesten nekoe vreme vo Sju Raider vo Bitola i bevme zadovolni sto e dobro zgrizen.

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Животен проблем
17.11.2010 9:22:50   
denim
Zaboraviv da kazam deka cenata e 400 den . na den.

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Животен проблем
17.11.2010 12:07:56   
purple rain
А дали знаете дали се потребни некои документи и слично? Ви благодарам

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Животен проблем
17.11.2010 12:10:08   
purple rain

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

Zaboraviv da kazam deka cenata e 400 den . na den.



Во Битола има 2 дома Сју Рајдер. Во кој беше сместен дедо ти? Едниот е со катастрофални услови, а другиот бил подобар и со 450ден на ден. Размислувам за тој Сју Рајдер во Скопје...ќе видам. Дали има некој сличен дом во источна Македонија?

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Животен проблем
17.11.2010 12:31:13   
Twins
siurno se potrebni dokumenti ama i ke mora da se rasparsas za mesto bidejki skoro sekogas e polno e sega eve adresa od stariot dom  sue ryder koj  e mnogu los ama moze da ti posluzi telefonot cisto da se informiras ili mozebi tie go imaat telefonot od noviot dom 
адреса: Илинденска 156
место: Битола MK
телефон: (047) 237 559
od  noviot  dom nemam telefon ama  mozes TUKA da vidis kako izgleda

< Поракaта ја уредил Twins -- 17.11.2010 12:32:50 >

(Одговор на членот purple rain)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Животен проблем
18.11.2010 11:06:45   
lukas
nie imavme baba i dedo na docuvuvanje doma,i dvajcata padnaa v krevet babata ja odnesovme vo sju rajder vo bitola,ima mnogu cekanje,podnesi si uste od sega dokumenti iskreno ne sum sigurna sto treba no mislam deka treba iten uput od specijalist doktor deka zenata treba da lezi tamu,vo sjurajder..za dedoto posto bese invalid i bese pri kraj odma go zedoja zosto se znaese deka nema da drzi mesto mnogu vreme...uslovite vo edniot sju rajder se mnogu ubavi...a v drugiot sju rajder e katastrofa..probaj da vidis vo sjurajder koj se naoga kaj bitolskata bolnica...ti posakuvam se najubavo,,se nadevam ke najdes resenie tesko e ova sto ti se slucuva..no za se ima resenie i sigurna sum eka ti ke go najdes..pozz..ako ti trebaat poveke informacii za sju rajder vo bt kazi mi ke go prasam mm mi sto treba kako treba od strana na dokumenti ke ti kazam..pozz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Животен проблем
20.11.2010 11:16:20   
purple rain
Ќе те молам лукас да праша за тој новиот Сју Рајдер што документи се потребни. Фала

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?