|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Зборови со извртено значење
17.9.2009 13:00:33   
profesorica
Дали некои ваши пријатели, познаници/чки или блиски кажуваат зборови со испревртено значење и како реагирате на тоа?

Има еден колега на јоб кај мм кој упорно вели:скептик наместо стипсаuser posted image user posted image user posted image и обратно, или екстрадиција наместо егзекуција и колку и да се обидуваат да му објаснат тој не прифаќа и така си продолжува.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 9:52:44   
majka 79
jas imam zet za bratuceda koj mnogu zboruva i prav "seznajko" e. tolku mnogu zboruva sto mesa poimi, lupa zborovi kade ne im e mesto.....
samo sto sega vo momentov nemozam da se setam na konkreten primer 

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 12:00:16   
profesorica
хаха ајде никој не кажал ништо-сигурно имате некои примери- жени сум ја заборавила темаваuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 12:16:57   
BILJANA_G
Ne nemozam da se setam deka sum razgovarala so nekoj sto gi isprevrtuva zborovite.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 12:40:44   
Anushka
Да. Еве јас на пример, во средно школо неколку пати си трескав „зелени“:
форум на место кворум
експресо на место еспресо
финџал на место филџан
а, инаку мм редовно вика:
релна на место рерна
флизер на место фризер
А за мешање поими, најмногу ми пречи кога користат збор СЕКУНДАРНОза нешто што подразбира брзо, а всушност вистинското знчење е НЕШТО ОД ВТОР СТЕПЕН... или од такт се вадам кога ќе речат НЕ Е МОРАЛНО/МОРАЛНО Е, демек нешто мора или не мора, а всушнот значењето на зборот морал(но) е сосема друг... и то.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 12:57:50   
BEBICA
Kaj mene baba mi znae da kaze mandolinki za mandariniuser posted image user posted image user posted image user posted image

A profesorice ovoj tvojov kolega ne da mesa babi i zabi treba da mu se objasni znacenjeto na skeptik i stipsa.user posted image user posted image user posted image user posted image
Edno e da izvrtis zborovi a drugo e koga nekoj zbor go stavas kade sto ne mu e mesto a nema ni rpiblizno znacenje.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Зборови со извртено значење
20.2.2010 12:59:45   
Anushka
user posted image user posted image user posted image  ех сега се сетив: има еден шеф во Веро кој ЦИТРОНИТЕ ги вика ЦИТРОЕНИ. А ви кажав за свекрва ми кога вика РАПЕР на место РЕПЕР?

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 14:56:41   
Mihaela 2010
hahah flizider namesto Frizider..ova go imav slusnato od mm,koj ima izrasnato so babamu i taa taka go vikala pa ajde i toj

inaku sum slusnala od rodninive findjal za fildjan,i alkabus za avtobus..

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 20:51:44   
Џесика
Мојата омилена тема, не сум знаела дека ја има user posted image
Инаку врв ми се:
Компљутер, флизура, рогенден, многу се имам смеено на еФтен за ептен, блаНира за бламира, зет ми вика цпуе наместо пцуе user posted image а јас еднаш треснав куртоазија наместо курташак, се усрамив, ама коа устата ми побрзала пред паметот... а има и дијапазам, за дијазепам, и аедром за аеродром...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 20:54:07   
Ikana
Infrakt namesto infarktuser posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 21:02:47   
Maca25
експресо ми е најзакон!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 21:14:20   
Ring
постројка место постојка.......врв !!! user posted image

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 21:45:11   
Ikana
ПесМа, беВне, контиЊер, боЉер, сабаЉе, реЛна, и малку француски за крај...Коњтревупасе ирепо маше?? user posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 18.1.2013 21:46:43 >

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 21:55:13   
Џесика
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Зборови со извртено значење
18.1.2013 23:33:30   
elenak
user posted image за ваквите интересни теми.
Најчесто бисерчиња кај постарите луѓе има во изобилство. Една другарка на баба ми викаше Инстрибуција за Дистрибуција, Сенгвич за Сендвич, а баба ми вика Лехилум за Лексилиум, а Шехерезад беше Шеќерда и крај, никако не можеше да ја погодиuser posted image
Мм е најсмешен кога ќе ми каже да и облечам ХАЛАХОПКИ на малата. Има уште сигурно, ќе ми текнатuser posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Зборови со извртено значење
19.1.2013 7:10:57   
Cipi Ripi
Сјатко си се изнасмеав рано посабајлечки.
Инаку имам една другарка вика ХУЛАКОПКИ, а маж ми за мидер еднаш ми рече БИДЕРМАЕРuser posted image а другарка ми СТЕЗНИК..и тоа во ист ден, многу сум се смеела.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Зборови со извртено значење
19.1.2013 19:05:51   
Bilence2
Labavo, namesto lavabo
Boljer, namesto bojler
Flizer, namesto frizer, tuka se siri na flizura...
DVD namesto DDV(za danokot) user posted image


_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Зборови со извртено значење
19.1.2013 19:12:43   
kikicka
Лиганче- лигавче
Валан- Волан
user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Зборови со извртено значење
19.1.2013 19:27:04   
Bilence2
Citajki go recnikot na informaticki zborovi na makedonski jazik se gazevme od smeenje, a vo momentov mi teknuva na
Gadget=dzidze.


_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Зборови со извртено значење
20.1.2013 14:45:40   
AnnaMolly RR
Свеки моја ми е најсмешна кога ќе рече менсторација наместо менструација :) и инфракт наместо инфаркт.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Зборови со извртено значење
20.1.2013 16:29:00   
sandriana RR
Biseri od kolegite mi:
rotring ili rotondo- misli na ring road (obikolnica)
ajrodrum - aerodrom
i na mm za hulahopki - helehopterice user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Зборови со извртено значење
21.1.2013 11:52:24   
Нивеа

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Свеки моја ми е најсмешна кога ќе рече менсторација наместо менструација :) и инфракт наместо инфаркт.


АнаМоли РР и мојава вели ИНФРАКТ наместо ИНФАРКТ! него како да и се насмееш у фаца,ќе се навреди џанам лепотицата.

_____________________________

Do not go where the path may lead; go instead where there is no path and leave a trail.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Зборови со извртено значење
21.1.2013 12:22:36   
vezilka RR
Еден труднички бисер user posted image

HTC место CTG

(Одговор на членот Нивеа)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Зборови со извртено значење
21.1.2013 12:36:36   
rina13
Баба ми вика Будинг наместо Пудинг , и Кромпирчина намесо Компричиња 100пати сум ја учела ама ете неможе да се навикне, а не збори на дијалект чисто литературно си збори ама овие 2 збора никако неможе да ги научи. А за новокомпонирани зборови тата мата е да се снајде. Бев кај неа на гости и искочив да завршам некоја работа, и ете ти ја ми ѕвони на моб(има нејзин ама го хендла невидено инаку има 80години) и ми вика си го заборавила интернетот домаuser posted image user posted image (мислеше на лаптопот неможе да каже компјутерuser posted image user posted image вика компљутор и стално и се смееме заради тоа па заоа решила да се снајде.user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Зборови со извртено значење
21.1.2013 12:46:23   
miana
Бабами
Рорелки ( ролерки )
Телемуникации ( телекомуникации )
Флизер ( фризер )

стринаму на мм
Биксвити ( бисквити )
Четврка ( четворка )

Јас - Спањак ( спанаќ) - ова многу често го грешам
Неможам да се сетам на други ама ке ми текне

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?