|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Игри за деца
9.5.2010 22:14:28   
Snowhite RR
Дали играте игри со вашите деца? Јас на пример едвај чекам да порасне малку да разбира и имам идеја еден ден во неделата или барем два пати месечно, да правиме собир со другарките кои имаат дечина на приближна возраст и да им организираме некакви игри преку кои ќе можат да се забавуваат, а истовремено и да се едуцираат, но и да ги развиваат своите способности. Пишував една дипломска на тема Музичките игри во предшколска возраст и се сретнав со некои интересни игри. Еве за тие мајки кои имаат поголеми деца и кои сакаат да разбијат монотоност и да им овозможат на нивните деца забава и едукација, дел ги презентирам тука, па ако имате и вие некои може да ги напишете тука


< Поракaта ја уредил Snowhite -- 9.5.2010 22:15:01 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Игри за деца
9.5.2010 22:16:00   
Snowhite RR
Игри во тишина
Развивање на модерните техники негативно се одразуваат на човечкиот слух, гужвата, непрекината бучава од големите градови го оптеретуваат нашиот слушен апарат со голем број на звуци. Од тие звучни напади нашиот слух автоматски се брани, така да постепено ја губи осетливоста, па многу тивките звуци многу тешко ги приметуваме. Со игрите во тишина го развиваме осетот за слух кај децата. Играта се состои во тоа што сме во потполна тишина и слушаме многу тивки звуци кои во други ситуации нашиот слух воопшто не би ги заприметил. Во потполна тишина ќе почнеме наеднаш да разбираме разни шумови и звуци од многу тивки, како на пример зуење на комарец, чукање на саатот, цврцорење на птиците, до многу гласен говор од надвор, чкрипење на разни мотори и друго.

Како те викаат
Детето завртено кон ѕидот погодува име на детето кое му викнало со говор или покасно пееќи. Играта препознавање на глас ја поминуваме со деца кои меѓусебе добро се познаваат. Истата игра ја изведуваме и во малку отежнати услови во средни и големи групи, во нив се јавуваат две до три деца едно после друго. Детето погодува, ги кажува по редослед имињата како што се јавиле. Оваа игра може да се изведува во разни варијанти.

Каде е мојот сосед
Децата седат на столици поделени во две врсти. Тоа е улица со куќи, првата куќа е празна, тоа значи еден стол кај едно дете е празен. Однапред одредуваме кај кое дете столот ќе остане празен. Падна мрак, светлата не се запалени и детето кое треба да погоди не гледа каде е неговата куќа (му ставаме преврска на очите) Детето внимателно поминува по улица и го довикува својот сосед по име, а тој му одговара пеејќи „тука сум“.

Кој се јавил?
На децата му поделуваме улоги на животни чии ономатопејски гласови ги запознавале. Децата се јавуваат ономатопејско кога ќе им покажеме слика од животно кое го препознаваат, ама не смеа да го изменат својот глас. Оваа игра ја изведуваме на средна возраст.




Игра на будилникот или музичка кутија
Го криеме будилникот, а децата го бараат по звукот. Детето кое ќе го најде го враќа на одредено место и му шепнува каде е будилникот. Играта продолжува се додека на откријат каде е будилникот повеќе деца.

Изгубена крава
Една вечер краварот влегол во шталата и видел дека ја нема кравата Белка. Каде отишла? Отишол да ја бара. Надвор е темно и не се гледа ни краварот ни кравата (децата имаат преврска на очите), краварот вика по кравата и ја бара по звукот на нејзиното ѕвонче, кога ќе ја најде ја враќа во шталата.

Игра Јеге!
Две деца седат така да не се допрат со грбовите. Секое дете има пред себе музичко ѕвонче или метално ѕвонче кое има толку плочки што има тонови во играта за развој на гласот на децата колку што треба да научат. Едно дете свири мелодија на плочките, а друго ја повторува истата мелодија. Оваа игра ја изведуваме истовремено си игрите за развој на гласот.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Игри за деца
9.5.2010 22:17:49   
Snowhite RR
Има уште ќе ги презентирам покасно

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Игри за деца
10.5.2010 21:47:32   
Палешка РР
Интересни и поучни игри Snowhite user posted image Очекуваме уште! user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:48:19   
Snowhite RR
Еве уште:

Бројалки

Сложениот облик на говорот го пронаоѓаме во бројалките. Достапни се за децата затоа што се паметат лесно, имаат ритам и се мелодични. Прифатливи се за децата од предшколска возраст затоа што искажуваат елеметарност, едноставност и се кратки. Бројалката одредува кој ќе мижи, кој ќе брка, кој ќе биде во игра. Најпрво се застанува во круг: со кажување на бројалката раката служи за пребројување, каде што со последниот изговор на бројалката, играта започнува. Никој не се спортиставува затоа што нема можност за лажење и одредување на неблагодарни улоги.
Златната доба на бројалките се смета дека е меѓу 4-5 години, затоа што воспитувачите сметаат дека децата не ги интересира ништо толку многу колку бројалките и поради тоа нивните цртежи се составени од содржианта на бројалките, со сето тоа децата го развиваат памтењето и го ослободуваат говорот. При учење на нови бројалки воспитувачот е тој кој што треба да го одржува карактерот на играта. Тоа значи дека не треба да биде диктатор и да им кажува што да прават и како да седат, туку само да им ја објасни играта и таа да си добие добар тек. Тоа подразбира да децата се наместат во круг и да почнат со кажување на бројалката која сами ќе ја одредат. Секој оној кој што ќе испадни во текот на кажувањето на истата добива улога да го одржува тактот (на удиралка, раце, нозе) и се така додека не остане последниот. Потоа тој избира песна која ќе ја кажуваат за него со добро подготвена ритмичност на истата. Групата деца што ќе ја кажува бројалката не треба да биде голема затоа што повторувањето на истата бројалка ќе им стане досадно на децата. Кога децата ќе ја научат бројалката проследена со низа занимливости треба да ги научиме и да го одржуваат и ритамот на истата. Тоа можеме да го направиме со воспоставуање на игри.
Методиска постапка: нека се натпреваруваат нивните раце и нозе. Додека ја изговараат бројалката, истовремено да чукаат со нозете и плескаат со рацете. Тоа дете кое нема да погреши е победник. Или малку посложена игра. Децата се делат на три групи. Додека ја кажуваат бројалката првата група да се врти во круг еден по еден, во правец на стрелките на часовникот. Втората група да се врти во обратен правец веднаш до нив, а третата група да врти околу првите две. Оно кој што ќе се турка или пак погреши губи.
За учење на ритмиката на бројалките се користат разни игри.
Методиска постапка: играта „Што е тоа?“ Се изведува на тој начин што воспитувачот претходно припрема некои слики, предмети и слично кои децата ги познаваат. На ритмичкото прашање „Што е тоа? Децата со ритмика го кажуваат одговорот. Најпрво воспитувачот користи еднсотавни зборви со долготраенакцент: зајак, волк, мрава, лист; потоа зборови со краткотраен акцент: брат, крт, лав. После тоа преминува на двосложни зборови: ружа, врата, грозје, па и на тросложни: лизгалки, ѕвончина итн.
Слична игра на ова е „Како се викаш?“ на ист начин се дава одговорот, т.е. децата со кажување на своето име го даваат одговорот. Воспитувачот ги прашува децата: „Како се викаш?“, притоа прашањето го изговараат ритмички. Детето исто така ритмички одговара: „Јас се викам Душица’ или „Јас се викам Мартин“ итн. Наместо децата да велат „Јас се викам...“ можат да го кажат своето име и презиме.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:48:59   
Snowhite RR
Весела игра со звуци
Секое дете си одбира за себе таква улога во која може лесно преку некој звук да се претстави: куче, маче, петел, магаре, врапче, жаба...Воспитувачот за децата измислува некоја весела приказна (со смешни заплети) Кога некој од нив ќе го спомне во приказната, тој веднаш треба да се јави – почнува да ја пее својата измислена песна, на слогови што се карактеристични за животното кое тој го претставува. Измислува се до тогаш додека воспитувачот рака, што е знак дека сака да ја продолжи приказната.

Не зборувај, туку пеј
Во оваа игра е забрането да се зборува. Додека се игра се што се сака мора да се каже пеејќи. Почнува да пее оној кој ќе се определи со броење. Тој измислува нешто и го пее. Кога во своето измислување ќе го вплете името на некој од соиграчите, со тоа го одредува својот следбеник кој мора понатаму да го продолжи започнатото пеење. Кој ќе згреши и ќе почне да зборува место да пее, ќе испадне од играта.

Клинг-Кланг
Играта се состои од два нови часовници (Клинг и Кланг) и еден стар ‘рѓосан часовник. Клинг чука гласно, Кланг го повторува отчукувањето на Клинг. Стариот часовник ги поместува стрелките онолку пати колку што ќе чукне Клинг. Клинг е воспитувачот, Кланг едно дете свртено со грбот накај воспитувачот, а стариот часовник се сите деца седнати во круг пред воспитувачот за да можат добро да го гледаат. Нивната улога е да ги поместуваат рачината, онолку пати колку што ќе чукне воспитувачот. Клин чука еднаш, потоа Кланг чука еднаш, а децата ја поместуваат еднаш десната страна кон левата. Клинг чука два пати од лево кондесно. И така воспитувачот чука три, четири пати итн, но не секогаш по ред туку со прескокнување. Ако некое дете греши кај некој број на отчукувања, воспитувачот повеќе пати ќе се врати на тој број.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:52:05   
Snowhite RR
Во почетокот на работата децата ги запазуваат високите и длабоките тонови т.е. оние меѓу кои постојат значајни разлики во висината. Во продолжувањето со работата забележуваме и трето стапало-висина т.е. умерено висок тон.
Со децата од помалите групи работиме на слушнато разликување на високите тонови – длабоките тонови во облик на разни движечки игри.
Методиска постапка: топчето хопсица скокнало високо (ја држиме топката над главата), а потоа топчето паднало во длабока дупка (ќе се наведнеме длабоко) Деата неколку пати ги повторуваат покретите и зборуваат: „високо“ (со високоа интонација на гласот), „длабоко“ (со подлабока интонација на гласот).
Се качуваме на висока карпа (застануваат на прсти), скокаме во длабоко море (клекнуваат), а со тоа изговараат: „високо-длабоко“.
Пеперутки или снегулки летаат високо (се издигнуваат високо со рацете) се спуштаат длабоко на малото цветче на ливадата (децата седнуваат на пет и ја спуштаат главата).
Ветрот си игра со лисјата, или со пердуви и ги носи високо, а потоа нагло ги спушта на земја (движењето на рацете „високо“ – седнува на земјата и се наведнува длабоко).
Оптичка придружба на висините (испружени рацете во висина) поврзуваме со акустика, потоа наизменично свири на ист тон или уште подобро мелодиски мотиви во високи, односно во длабоки тонови. Децата во исто време со зборови ја изразуваат разликата „високо-длабоко“. Светло висока интонација, односно потемна, подлабока интонација на зборовите ќе ни помогне не само во разликувањето на висината на тоновите и разликувањето на боите на тоновите.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:52:05   
big_mama817
многу поучни игри user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:53:00   
Snowhite RR
Поштар
Поштарот влегува во зградата. Ѕвони на вратата во приземјето еднаш, двапати (длабок тон). Меѓутоа никој не се јавува, потоа се качува на првиот, вториот, третиот спрат, но никаде ѕвончината не работат, се расипале. Конечно ѕвони на четвртиот спрат (висок тон) се отвора врата и тој го предава писмото. Децата треба да погодуваат каде заѕвонил поштарот во приземјето или на четвртиот спрат.

Оџачар
Оџачарот се качува по скалите на таванот да го чисит оџакот, Кога ќе стигне на таванот тој ѕвони на вратата (висок тон), но се сети дека ја заборавил да ја земе четката за чистење. Се враќа во визбата и му ѕвони на домарот (длабок тон). Децата погодуваат дали оџачарот е на таванот или во визбата.

Пинк и Понг
Двата кловнови Пинк и Понг ги развеселуваат децата. Пинк скока високо, тогаш ќе слушни дека музиката свири високи тонови, а додека Понг прави обратно од Пинк. Кога музиката свири длабоки тонови Понг клекнува и се помрднува со седењето. Децата ги преземаат улогите на овие два кловнови (треба да се свири наизменично високи и длабоки тонови)

Игра со боење и ливчиња
На подот ставаме светла и темна хартија (листови или листови од цвеќе) со различна боја. Кога децата ќе ја слушнат музиката со високи тонови ги собираат светлите ливчиња, кога ќе ја слушнат музиката со длабоки тонови децата ги собираат темните ливчиња.

Игра со кукли
Играта се изведува со неколку деца. Бројот на децатља треба да одговара со бројот на куклите. Децата сами треба да изберат кои куклу ќе се јават со висок тон, а кои со длабок тон. Куклите со длабок тон на пример: мече, куче ќе ги ставиме на една страна, а куклите со висок тон на пример: девојче, маче на друга страна.
Децата го слушаат музичкиот мотив во длабоки и ниски тонови, секое дете слуша еден музички мотив и одбира кои кукли одогвараат на тој музички мотив. Ако ја одберат едната кукла, се враќа со неа на своето место. Ако згреши, ја става куклата на страна и се враќа на своето место без неа.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Игри за деца
11.5.2010 14:55:01   
jovanka
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Игри за деца
11.5.2010 15:04:27   
niki
Многу убави игри и идеи.
Еве една игра што јас и ќерка ми ја играме и таа е секогаш воодушевена, се убиваме од смеење. Ја нарековме Гледам-гледам.
Почнувам јас со: Гледам гледам часовник и покажувам каде го гледам. Потоа на ќерка ми гледа нешто и кажува и покажува што гледа и така наизменично. Како расте така и речениците ни растат на тој начин што додаваме и опис за предметот кој го покажуваме, ја кажуваме неговата локација или намена. Некогаш не ја кажуваме локацијата туку оној кој слуша треба најбрзо можно да покаже и така забава до бесвест без никаква организација, ниту пак потреба од помагала.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Игри за деца
12.5.2010 23:55:55   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Многу убави игри и идеи.
Еве една игра што јас и ќерка ми ја играме и таа е секогаш воодушевена, се убиваме од смеење. Ја нарековме Гледам-гледам.
Почнувам јас со: Гледам гледам часовник и покажувам каде го гледам. Потоа на ќерка ми гледа нешто и кажува и покажува што гледа и така наизменично. Како расте така и речениците ни растат на тој начин што додаваме и опис за предметот кој го покажуваме, ја кажуваме неговата локација или намена. Некогаш не ја кажуваме локацијата туку оној кој слуша треба најбрзо можно да покаже и така забава до бесвест без никаква организација, ниту пак потреба од помагала.


user posted image user posted image user posted image
Темата беше музички игри и затоа игрите коу ви ги презентирав се од таква природа, меѓутоа вие можете со вашата креативност да ги прилагодите
Па ајде девојки, зарем не играте со вашите деца, кажете некоја игра

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Игри за деца
13.5.2010 0:01:35   
niki
Насловот го гледав, а уводниот дел летимично го прочитав, надолу ги читав игрите и не сум скопчала дека се музички. Може нашава и со пеење да се играuser posted image user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Игри за деца
13.5.2010 11:34:52   
big_mama817
игриве се претежно групни колку што забележав инаку се многу интересниuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Игри за деца
13.5.2010 11:42:35   
niki
Па две деца и два родители и ете ти група, по можност може да се вклучат и баба и дедо и такаuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Игри за деца
13.5.2010 15:20:12   
Snowhite RR
Па да, претежно се за воо група, но како што рече ники, групата може да биде составена и од домашните членови и некое другарче од комшиитеuser posted image
Како што кажав ги презедов од дипломска тема и се наменети за во градинка, за предшколска возраст, но мислам дека може некои и дома да се изведуваат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Игри за деца
29.10.2015 21:54:58   
marchi
Nie pretezno pravime garazi od kocki i vozime kolicina

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Игри за деца
30.10.2015 0:21:15   
MamaKiki
играме и ние со песнички пример тапшини,тапшини тана на... две рачички горе-доле.. имаме кукла ги учиме кај е очето , кај е носето,устето..го заспиваме куклето со нан , нан,.. брчиме со коли , па го возам во една гуралица пожарникарска па свириме и ние со сирената тину,нину user posted image со тока си играме фудбал да ја шутира е тука кичма пага пола саат по токата наведната јас да го приджвам кога како и да подшутнам ....

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Игри за деца
30.10.2015 18:46:32   
marchi
Dali nekoj znae kakvi igri se igraat vo gradinka? Nesto drugo osven gorenavedenite. Mislam da pocnam da go ucam na drustveni igri Za da se snajde koga ke zaodi vo gradinka, da ne se dvoi od drugite deca

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?